Кое е најдоброто време за вежбање?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наутро, напладне или навечер? Кое е најдоброто време за вежбање? Најдоброто време е индивидуално за секого и зависи од многу фактори и начинот на живот. Вежбајте кога сакате, само држете ритам и редовност!Можеби сте слушнале дека најидеалното време за вежбање е рано наутро – со цел да се поттикне метаболизмот или пак, за да се избегнат неочекуваните проблеми што ги носи денот, а коишто можат да ви го попречат вашиот режим. „Дали постојат разлики кај вежбањето во различен временски период од денот? Можеби. Но, тие разлики би биле незначителни во споредба со целокупниот ефект од конзистентното вежбање“ – вели Расел Пејт доктор на науки и професор по наука за вежбање во Школата за јавно здравје –  при Универзитетот од Јужна Каролина во Колумбија.

„Најидеалното време од денот е кога тоа ќе го направите најдоследно, бидејќи придобивките од физичката активност се најтесно поврзани со количеството кое се остварува на доследно ниво“ – рече Пејт.
Најидеалното време за вежбање е индивидуално за секој поединец.
Треба да се сфати дека времето за вежбање не е најважно, туку важно е како се вежба и колку се вежба, а најважен од се е континуитетот. Одредувањето на најсоодветното време за физички активности зависи од многу фактори, како локација, тип на физичката активност, слободно време, возраст, физичка подготвеност итн. „Не е најважно кога, туку каква е активноста, со кого и каде“ – рече Пејт, кој исто така е волонтер во Американската асоцијација за срце. „Оваа комбинација од фактори за луѓето доаѓаат во судир за да резултираат со конзистентност“ – додава Пејт.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This