КОИНЦИДЕНЦИЈА ИЛИ ЛОВ ВО МАТНО: Дончев до гуша вмешан во скандали даде оставка, серверот во ФЗОМ се „самозапали“ од мака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каква ли коинциденција, по заминувањето на Ден Дончев од директорското место во Фондот за здравство се „самозапали“ главниот сервер на установата.

Претходно пренесовме дека поради проблеми во главниот сервер на Фондот за здравствено осигурување, денеска корисниците нема да можат да добијат рецепти. Но нашите информации велат дека серверот најверојатно се запалил.

 

Инфомациите ги потврдуваат и од ФЗОМ посочувајќи дека уште вчеравечер настанал некаков проблем со серверот, на кој сè уште се работи. Не функционира ни главниот републички фонд, ниту пак останатите подрачни единици.

Сега за сега не се зане кога серверот ќе биде повторно во функција и ќе продолжи издавањето на рецепти.

Неделникот „Фокус“ во својот последен број ја продалбочи аферата „Муртиногејт“, во која е замешан Ден Дончев, сега веќе поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување.

Како што е познато, неделникот веќе објави дека Дончев во 2018 година примил 50.000 евра по основ на плати за консултантски услуги, од македонската компанија „Ремаркет“, регистрирана во селото Муртино, која се финансирала исклучиво од австралиската фирма „Мегантик“.

Неделникот откри и дека Ден Дончев и во 2019 година примил голема сума пари од истиот извор. Така, на 26 јуни 2019 година, тој од австралиската компанија „Мегантик“ добил уште 80.000 австралиски долари. Како и спорните 50.000 евра, така и овие 80.000 австралиски долари, не се пријавени во имотното досие на Дончев.

Дончев претходно беше вмешан и во аферата „Рекет 2“. Сопственичката на Диамед, Вера Иванова за случајот посочи дека поседува докази дека Дончев и Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија притоа рекетирајќи милиони евра од неа.

Токму кога се зборува дека Дончев е вмешан во криминал со рекет се запали серверот? Коинциденција или лов во матно?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This