КОИНЦИДЕНЦИЈА ИЛИ СКРИЕНА ПОРАКА: Директорот на зоолошка ја води кампањата на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорѓи Галетановски, директор на скопската зоолошка градина инаку од предходно познат како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки е дел од тимот кој ја води кампањата на кандидатот за претседател на власта Стево Пендаровски.

Галетановски според партиски извори раководството на СДСМ го назначило за одговорен за централниот штаб во Скопје, пренесуваат провладини медиуми.

Галетановски кој е партиски кадар и член на ИО на градската организација на СДСМ за „Фокус“ ја потврдил информацијата.

Галетановски на јавноста е стана познат минатата година по изјавата за пубертетот на крокодилите при инцидентот со бегството на крокодилот мажјак кој бил на слобода додека Зоолошката градина била полна со посетители меѓу кои и деца.

„Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката сè уште беше затворена“, изјави тогаш Галетановски за БИРН.

Галетановски во декември најави дека Скопје ќе добие Џурасик Парк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This