Кои возила ќе добијат црвена, а кои зелена еколошка налепница?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјални информации не соопшти никој од надлежните, но според предлог-законот во оваа категорија ќе спаѓаат сите што имаат мотори со Еуро 1, Еуро 2 и без никаков стандард.

Колку вакви возила има во моментов тешко е да се процени, но според податоците што Канал 5 ги има од Министерството за животна средина од 2016 година, најзастапени се токму оние со најнискиот стандард.

ЕУРО 0 – 19,83%

ЕУРО 1 – 28,69%

ЕУРО 2 – 29,20%

ЕУРО 3 – 8,69%

ЕУРО 4 – 12,63%

ЕУРО 5 – 0,88%

ЕУРО 6 – 0.09%

Дури 77,72 проценти од возилата во земјава се со Еуро 1, Еуро 2 или без стандард. Ако се земе предвид и податокот дека истата година биле регистрирани околу 460 илјади возила, пресметките покажуваат дека штетни издувни гасови испуштаат само 100 илјади возила помалку.

ЕУРО 0 + ЕУРО 1 + ЕУРО 2 = 77,72%

или

358.910 ВОЗИЛА

ВКУПЕН БРОЈ НА РЕГИСТРИРАНИ ВОЗИЛА (2016 година): 461.799

Овие возила би добиле црвена налепница, според категоризацијата во предлог-законот на Владата каде е наведено дека во неа спаѓаат сите автомобили со Еуро 2 или понизок стандард. Жолтата налепница е наменета за Еуро 3 и Еуро 4 нормите, додека зелената налепница е предвидена за Еуро 5 и Еуро 6, како и возила со Еуро 4 стандард со нафтен погон, хибридни и електрични возила.

„При технички преглед на возилата, налепниците за регистрација практично ќе бидат заменети со еколошките налепници, Во зависност од резултатите на техничкиот преглед, ќе се одреди дали автомобилот ќе добие црвена, жолта или зелена еколошка налепница.“

Град Скопје е еден од главните иницијатори на оваа мерка. Како таа ќе се спроведува, ќе зависи од соработката помеѓу властите и локалната самоуправа. Контролата на возилата на улиците, пак, при екстремно загадување ќе ја врши МВР.

Освен еколошките налепници за старите возила, ќе се даваат и субвенции субвенции за купување електрични автомобили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This