КОИ СЕ ЛИЦАТА КОИ СТОЈАТ ПОЗАДИ „ОМЕРТА“: АлфаТВ ги открива луѓето и врските на „Омерта“ и владеачката СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа открива  каква е поврзаноста на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ со ликвидацијата на младиот Јанушев од пред две недели во населбата Аеродром. Според Алфа некој медиуми по убиството повикувајќи се на извори од социјалните мрежи го поврзале убиството со лицето Раде Трајковски Штекли, кој е поврзан со агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ и според гласини во јавноста и  медиумите е и нејзин сопственик во сенка.

Од лево на десно – Александар Темелковски (основач на Омерта), Мартин Јанушев, Раде Трајковски – Штекли (сопственик во сенка на Омерта Секјурити)

– Министерот за внатрешни работи на брифинг со новинарите, информирајќи за текот на истрагата за убиството во Аеродром, информираше дека се прават проверки да се утврди дали агенцијата има поврзаност со убиството, но се не запре тука. Пишувањата на одредени медиуми одеа во насока дека еден е извршител на убиството, но постои нарачател, па дури и дека некој свесно ќе превземе вина за свирепиот злостор, се  анализира во емисијата.

Според податоците од Централен регистар Трајковски не е сопственик со агенцијата, но според сликите кои може да се видат на социјална мрежа „Инстаграм“ Трајковски е во блиски односи со управителката Лазиќ. Трајковски не одговорил на повиците на „Несомнено“ за интервју, да одговори на гласините дали истиот е сопственик во сенка на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“.

Дали Трајковски е сопственик од сенка на агенцијата?  Каква е нејзината врска со актуелната власт се прашања кои што уште лебдат во јавноста.

Очите на јавноста остануваат вперени во истражните органи, кои требаа да дадат одговор на многу прашања, за да не остане да лебди во воздух дека некој штити нечиј криминал или дека со амин на полицијата некој глумат градски шерифи.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This