Кои се професорите што ги консултираше МОН за новиот концепт за основно образование?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кои се консултираните професори и експерти кои ги барале МОН за подготовка на новата концепција за основно образование со која историјата веќе не е посебен предмет, на ова прашање на Алфа упатено до министерството посочија 7 имиња од кои поголемиот дел во јавноста гласно ги бранат ставовите на министерството за реформи во образованието.

Но на оваа листа не се најде ниеден експерт кој гласно говори против ваквата концепцијата, ниту пак МАНУ, Институтот за македонски јазик, институтот за национална историја, кои реагираат дека предметот историја не смее да ја снема како посебно, особено не во вакви моменти кога истата е на распродажба.

Членовите на работната група досега учествуваа во бројни јавни и медиумски дебати како и во самата јавна презентација на концепцијата (на пример проф.д-р Виолета Петроска Бешка, проф. д- р Јасмина Делчева Диздаревиќ, проф. д-р Кирил Барбареев од УГД, проф. д-р Лулзим Мехмеди од Универзитетот во Тетово, Иванка Мијиќ, советник во Бирото за развој на образование, проф. д-р Лена Дамовска од УКИМ, Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образованието…) Претходно, слушнато е мислењето на над 4000 наставници, но и на учениците и родителите, oдговорија од Министерство за образование и наука.

Од министерството испратија и линкови од документи врз чија основа се носат реформите , но сепак изостануваат многу клучни и компетентни институции чии ставови ги нема, особено околу интегрирањето на повеќе предмети во еден.

Од министерството тврдат дека дебатата е во тек , но сепак оваа јавна расправа ни од далеку не наликува на другите кои биле организирани како онаа за предлог законот за јавно обвинителство. Ги прашавме кога ќе има видлива дебата на која ќе можат да присуствуваат медиумите, но не добивме конкретен датум.

Остануваат уште само 9 дена до кога ќе може експертите да испраќаат забелешки за подобрување и менување на концепцијата, останува отворено прашањето дали критиките кои ќе ги упатат дел од експертите ќе бидат вметнати..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This