Кои се скриените намери на Власта – Маричиќ покрај вонредна сака и Закон за воена состојба?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, се осврна на потребата од носењето на посебен Закон за воена и вонредна состојба. Министерот кажа дека глобалната пандемија претставува сериозна закана и за демократските вредности и човековите права.

– Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, рече Маричиќ.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од еминентни експерти и академската заедница, кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба. Маричиќ истакна и дека Министерството за правда изработило и Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

Според министерот при регулирањето на ова прашање, потребно е да се земат предвид компаративната анализа на законодавството на земјите од регионот и другите држави членки на Европската унија, Анализата на Министерството за правда и искуствата од другите државни институции, академската заедница, како и граѓанскиот сектор.

Додека трае конференцијата иницирана од Претседателот на оваа тема, според неколку правни експерти кои ги консултиравме, сите беа едногласни во ставовите дека Маричиќ демонстрирал недемократско воспитување и тотално непознавање на материјата при тоа чекорејќи во тотално непозната зона за неговите знаења.

Поточно загрижуваат претензиите на владин претставник и директен учесник – министер во власта, кој покрај вонредна отишол чекор повеќе и барал во Законот да биде опфатена и воената состојба, што е уредено со Уставот и уставните надлежности на Претседателот и Врховен Командант на Армијата на Република Македонија и таа состојба не е делокруг на извршната власт.

Со тоа јасно се става до знаење одредена претензија или одредени скриени намери на извршната власт да оди чекор подалеку во засега непознати агенди за тотализирање на власта преку уредување на материја која е веќе јасно и прецизно уредена во Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This