КОИ СЕ ТИЕ БИЗНИМЕНИ ШТО ДОНИРАЛЕ 100 000 ЕВРА ЗА ЕДНА НОЌ: Зошто Шилегов место за луксуз не ги пренамени парите за илјадниците граѓани што гладуваат?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара од градоначалникот Петре Шилегов огромната сума од 100 илјади евра наменети за новогодишната прослава, да бидат пренаменети и донирани во хуманитарни цели.

-Во ситуација кога владее сиpомаштија и илјадници граѓани молат за донации, нeдозволиво е главниот град да се рaсфрла со скапи и луксузни прослави за новогодишната ноќ. Ckaндалозно е што Шилегов молчи за една ваква хумана идеја. Воедно го повикуваме Шилегов да ги објави бизнисмените кои донираат 100 илјади евра само за една ноќ. Должност е на Шилегов да биде транспарентен и отчетен пред граѓаните бидејќи тие имаат право да ја знаат вистината за оваа огромна сума на пари. Кога веќе Шилегов имал моќ да убеди бизнисмени да донираат 100 илјади евра за еден ден, зошто тоа не го сторил претходно за подобрување на градот и за помагање на граѓаните на Скопје? Јавноста треба да знае како прославата која требаше да биде бесплатна одеднаш стигна до сума од 100 илјади eвра, но и на што се потрошени 300 илјади евра за китење на градот и дали тоа не можеше да се стори со помалку пари. Исто така Шилегов треба да каже колку пари ќе го чинат градот изведувачите кои настапуваат на Винтерленд и дали заедно со 400 илјади од новогодишната ноќ и китењето на градот, вкупната сума ќе чини повеќе од половина милион евра, се наведува во нивното соопштение.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека молкот на Шилегов за донирање на 100-те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси.

-Како Советничка група го повикуваме Шилегов доколку сака да прeдизвика насмевки кај граѓаните да им помогне на тие на кои навистина овие пари им се потребни. Шилегов coмнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели, велат тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This