Кои ќе бидат надлежностите на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија го изразува државното единство и ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ги врши врз основа и во рамки на Уставот и законите.

Претседателот се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање.

ретседателскиот мандат трае пет години, почнувајќи од свеченото положување заклетва во Собранието на Република Македонија. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија, на изборите да има најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Уставот предвидува кандидат за претседател на Републиката да можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието, со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.

Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.

Права и должности на шефот на државата

Според утврдените права и должности со Уставот и законите на Република Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Републиката, доделува одликувања и признанија и дава помилувања.

Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, доколку смета дека не е во согласност со Уставот или е во спротивност со потврдените меѓународни договори, и да го врати на повторно разгледување во Собранието. Доколку притоа Собранието го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во рамки на надлежностите на претседателот на Републиката е и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија, двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија, а предлага и двајца членови на Советот за радиодифузија. Претседателот го предлага и гувернерот на Народна банка, кој потоа го именува Собранието.

Претседателот на државата е врховен командант на вооружените сили на Републиката, го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на АРМ, поставува и разрешува генерали. Тој е и претседател на Советот за безбедност на Република Македонија и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Титулата национален уметник ја доделува претседателот на Република Северна Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија.

Одредбите што се однесуваат на претседателот на Република Македонија се сместени во Уставот (III дел – глава 2 и во други делови и глави) Преглед на должностите и овластувањата на Претседателот на Република Македонија според Уставот и законите, како и во определени закони.

Постапка за утврдување одговорност на претседателот на Републиката поведува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This