April 24, 2024, 11:18 pm

КОКА КОЛА СО ЗАГУБА: Компанијата забележа загуба од 2,75 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската компанија „Кока-кола“ забележа загуба во последниот квартал од минатата година поради порастот на даночните обврски на 3,6 милијарди долари, што е последица на неодамна усвоените измени на даночните закони во САД.

Компанијата пријавила загуба од 2,75 милијарди долари или 65 центи по акција. Приходите на  компанијата, исто така, паднале, откако најголемиот производител на безалкохолни пијалоци во светот го продава бизнисот за флаширање. Приходите паднале за 20 отсто на 7,51 милијарди долари, но сепак ги надминале проекциите на „Вол стрит“ кои предвидувале износ од 7,36 милијарди долари.

Аналитичарите уште претходно прогнозираа пад на двата показатели поради спроведување на измените во законите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This