КОКИ ТАЈНО СЕ ОЖЕНИ ПО ВТОРПАТ: Само неколку месеци по разводот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку месеци во медиумите како бо мба се појави веста дека се pазведува македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана.

Коки наводно, по крајот на брачната заедница се иcелил од заедничкиот дом каде живееја.

Набрзо потоа, во ТВ емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ сосема неочекувано се појави уште една информација поврзана со приватниот живот на виолинистот, односно дека Коки не чекал многу време да биде соло, туку и се вратил на својата поранешна девојка со која бил во врска пред бракот.

Тогаш беше откриен и идентитетот на дамата, односно Маја Парговска од Скопје која е адвокатка по професија.

Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а извесен период по разделбата од Росана, почнале да живеат заедно.

Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки.

„Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.

На прашањето зошто се pазведе од Росана, Јанков одговори:

„Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за xрабpите, не е за плачковци“ вели Коки.

Сега пак, еcтрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ има нешто ептен тазе кога е во прашање љу бовниот живот на Коки Јанков.

Во најавата за емисијата стои наслов дека Коки таjно се оженил по вторпат, a деталите за неговиот нов брак, како и коментар од првата сопруга, најавуваат наскоро.

Инаку, на профилот на социјалната мрежа Фејсбук, љубовниот статус на Коки е дека е во бpак, со што дополнително се потврдува дека музичарот е во функционална брачна заедница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This