Кокосовото мacлo е чист oтpoв: „Една од нaјлoшитe намирници што можете да ги конcyмирaтe”, според професор од Харвард

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кокосовото масло е „чист отров” и е „една од најлошите намирници што можете да ги консумирате”, според професор од Харвард.

Во својот говор на Универзитетот во Фрајбург, Германија, д-р Карин Мишел посочи дека маслото не заслужува репутација на здрава намирница бидејќи содржи високо ниво на незаситени масни киселини.

Таа тврди дека маслото, кое може да се користи за што било, од готвење кари до печење пилешко, е понездраво од традиционалното сало.

Кокосовото масло содржи околу 86% заситени масти и околу една третина повеќе заситени масти од путерот со 52%, според Британската фондација за срце (BHF). А познато е дека диетите со висока содржина на заситени маснотии се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и висок холестерол.

„Има шпекулации дека некои од заситените масти присутни во кокосовото масло може да бидат подобри за нас од другите заситени масти, но досега нема доволно квалитетни истражувања за да ни се даде конечен одговор”, изјави диететичарот на БХФ, Викторија Тејлор.

„Она што го знаеме е дека заменувањето на заситените масти со незаситени масти, како растително масло, маслиново масло и сончогледово масло, се покажа како ефикасен начин да се намали нивото на ЛДЛ-холестеролот, така што тоа би било поздрав избор.”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This