April 18, 2024, 11:18 pm

Коктел од витамини: Портокалово смути за зајакнување на имунитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со оглед на тоа што есента е препознатлива по температурите кои варираат, па е идеално време за настинки и вируси, ви треба нешто што ќе ви го сочува имунитетот и здравјето.

Испробајте го ова портокалово смути во кое има многу хранливи вредности и е буквално коктел од витамини кои помагаат да станете имуни на сите болести, а покрај тоа и ве полни со енергија.

Потребно ви е:
½ шолја вода
1 лажица мелени ленени семки

1 портокал
Сок од ½ лимон
½ грејпфрут

1 лажица мед

Сите состојки излупете ги, ставете ги во блендер и добро промешајте.

Смутито е одлично да го консумирате на почетокот на денот, пред појадокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This