КОЛАБИРА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА: Екс-директорот на ДБКИ за „Инфомакс“ тврди дека Македонија нема да помине на безбедносна инспекција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако власта редовно се фали за напредокот и наводните реформи на безбедносните служби, безбедносниот систем во Македонија е пред тотален колапс. Дека безбедносниот ситем во државата е колабиран сведочат и последните настани поврзани со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Имено пред неколку дена околу 1 часот по полноќ граѓани во населбата Аеродром блиску до касарната Гоце Делчев, биле вознемирени од силна бука и од силно присуство на полициски возила околу објектите на ДБКИ. Во Дирекцијата според нашите информации настанала паника поради вклучувањето на безбедносниот аларм. Според информациите до кои што дојдовме, се претпоставува дека алармот бил вклучен поради непријавени движења во просториите на ДБКИ.

Тоа значи дека некој се обидовал да добие пристап до класифицирани информации и да краде класифицирани документи од НАТО, ЕУ, Интерпол и документи од други пријателски држави и служби кои соработуваат со нашата држава.

Симптоматично е што во периодот додека се случува овој инцидент, директорот на ДБКИ е на службен пат надвор од државата, најпрво во Брисел со една своја многу блиска колешка, а потоа заминува директно во Подгорица на „службен“ викенд.

Агенцијата за разузнавање и УБК посотојано се соочуваат со протекување на информации и инфилтрации од странски счужби, а ова значи дека безбедносниот ситем во државата е целосно уништен.

Pазговаравме со доц д-р Александар Нацев, декан на Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ, но и поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

-Безбедносни инциденти од ваков тип се многу лоши за безбедносниот имиџ на државата. Меѓународните институции од типот на НАТО и ЕУ, со кои Република Македонија има потпишано договори за меѓусебна размена и заштита на класифицирани информации, очекуваат нивните информации да добијат адекватна заштита и со нив да се ракува на законски предвидениот начин. Кога имаме една ваква ситуација на настанато нарушување на безбедноста и вклучување на безбедносен аларм во средина на ноќ, кај сите нас, па и кај нашите партнери од ЕУ и НАТО, покренува прашалници како се раководи Дирекцијата и што се случува таму.

Нацев додаа дека периодот во кој се случува ваков безбедносе пропуст дополнително ја усложнува ситуацијата, имајќи во предвид дека Македонија се движи кон интеграција во НАТО, па безбедносниот сектор во државата наместо да се покаже во своето најдобро светло и непогрешлив, се случуваат вакви работи.

– Во периодот додека јас ја водев Дирекцијата, имавме редовна инспекциска контрола и од инспекциската служба на Европската Унија, но и од Канцеларијата за безбедност на НАТО, која се грижи за безбедноста на НАТО класифицираните информации на НАТО, кои се споделени со сојузниците, но и со партнерите. И двете инспекции поминаа во најдобар ред и беше констатирано совршено функционирање на системот за заштита на класифицирани информации. Доколку денес се повторат овие инспекции, не сум сигурен дека ќе се добијат истите резултати, бидејќи во последниот период токму во ДБКИ имавме сериозни пропусти, од типот на вработување нови лица без претходно да бидат безбедносно проверени и да добијат безбедносен сертификат, потоа издавање на безбедносни сертификати на лица кои претходно со години имале проблем да добијат безбедносен сертификат, па дури и разбравме за неколку сериозни неправилности во работата на сегашниот директор.

Последниов инцидент со нарушувањето на физичката безбедност во Дирекцијата, и интервенцијата од МВР, која патем сеуште не е објаснета или искоментирана во јавноста, фрла сериозен сомнеж кон професионалното водење на Дирекцијата, но и кон ефикасноста на системот за заштита на класифицирани информации во целина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This