КОЛАБОРАТОР НА РЕЖИМОТ: Тодоров исклучен бидејќи му ја дал на СДСМ базата на податоци со гласачи од ВМРО-ДПМНЕ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако екс министерот за здравство, Никола Тодоров вели дека не знае зошто бил исклучен од матичната партија, ВМРО-ДПМНЕ медиумот близок до власта, Слободен Печат од свои извори вели дека тој е исклучен исклучен бидејќи му ја дал на СДСМ базата на податоци со гласачи од ВМРО-ДПМНЕ.


Неофицијално, според извори од ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров го обвинуваат за тоа што базата на податоци со телефонски броеви на партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ му била дадена на СДСМ, за што се доказ СМС пораките кои на денот на референдумот ги добивале членови од ВМРО-ДПМНЕ. Наводно, само Тодоров имал пристап таа база, пренесува порталот Слободен Печат.

Се по веројатно изгледа дека тој одамна соработува со СДСМ, а имајќи ги предвид неговите последни јавни настапи тоа веќе станува очигледно. Имено да се потсетиме дека токму пред референдумот за промена на името тој повика членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да гласа на истиот. Сега откако одметниците од опозицијата, односно откако осумте пратеници од опозицијата гласаа за уставни измени, тој експресно даде поддршка за истите. Предавството е големо, а каменот повторно доаѓа одблиску.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This