Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, намаување од 13,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опaѓање од 8,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12,3 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија, според ДЗС, е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на текстил, на облека, производство на производи од гума и производи од пластични маси, на други неметални минерални производи, на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, на машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опaѓање кај енергијата за 18 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, капитални производи за 12,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 45,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто. (MИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This