Колапс на здравствениот систем – преку 750 доктори заразени од коронавирус во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 750 здравствени работници – лекари, медицински сестри и друг технички персонал – се заразени, изолирани или самоизолирани низ цела Македонија.

Здравствениот сектор е на работ на колапс. На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како и во болницата „8 Септември“, веќе нема простор за пациенти кои можеби ќе имаат потреба од болничка нега. Место нема ниту во Регионалната болница во Битола, а во исто време скоро сите болници работат со недостиг на персонал.

Официјални извори во рамките на Комисијата за инфективни болести за весникот КОХА велат дека се очекува да се зголеми бројот на заразени лица, секогаш доколку се зголеми бројот на тестови.

– Доколку се направат 3.000 тестови утре, бројот на заразени лица сигурно ќе биде 500. Накратко, ситуацијата излезе од контрола и веќе заразени ни се појавуваат и во тие населени места и градови во кои до пред 10 дена имавме минимален број, велат од Комисијата за заразни болести.

Забелешки за членовите на Комисијата за начинот на постапување беа упатени пред една недела кога се донесе одлука за затворање на Скопје, Тетово, Штип и Куманово, додека другите градови беа оставени слободни.

„Кога беше донесена оваа одлука, имаше поделени мислења и оние кои се спротивставија, испадна дека се во право. Скопје беше испразнето и инфекцијата се прошири насекаде. Ова ќе се види во наредните денови, кога ќе се зголеми бројот на позитивни во Ковид-19 од другите градови.“

Министерот за здравство и покрај барањето на некои членови на Комисијата, сè уште не ги отвора други Клиники во Скопје, па дури и Ургентниот центар кај „Мајка Тереза“. Во моментов само Клиниката за токсикологија прифаќа пациенти со каква било дијагноза.

Во меѓувреме, има забелешки за Универзитетската клиника во Тетово и таа во Штип, кои ги испраќаат повеќето од пациентите во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This