Колинда во кожна јакна и фармерки се опушти на концертот на „Прљаво Казалиште“
„Прљаво казалиште“ одржа голем концерт во загребската Арена, а на него присуствуваше и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Таа, нормално, не ја пропушти приликата да се фотографира со членовите на бендот, а и својот стајлинг го прилагоди на рок концертот. Хрватската претседателка облече кожна јакна и фармерки.
„Lupi petama, reci evo sve za Hrvatsku!“ напиша таа во описот на својата фотографија. Кралицата на лајковите за само 40 минути собра повеќе од 40.000 лајкови.
„Најубавата претседателка и најдобриот бенд на сите времиња“, велат фановите.
„Се е ок, само микрофонот не и го давајте“, порача еден нејзин пријател.
https://www.facebook.com/KolindaGrabarKitarovic/photos/a.766835806716714/2467833149950296/?type=3&theater