Колку „заработија“ од Мој ДДВ: Лукаревска, Бочварски, Царовска, Богдановиќ – скенираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека се чека блиц-проектот „Викенд без ДДВ“, повеќето функционери се незаинтересирани да ги скенираат фискалните сметки, но има и такви кои, барем според имињата кои ги затекнавме на „Отворени Финансии“ до сега низ трите циклуси на исплата во 2020 мошне ревносно и посветено си го враќале данокот а на нивните сметки од Управата за јавни приходи редовно добивале по максимално дозволени 1.800 денари.

Има и такви, барем според имињата со кои се поклопуваат, кои не ја активирале можност во солидарниот фонд да го донираат повратот на ДДВ собиран во текот на јануари, февруари и март. Наместо тоа, во мај си го задржале за себе.

– Тоа беше еднократна мерка од Владата со која граѓаните имаа можност да го донираат солидарно повратот на ДДВ што им беше исплатен во мај. Во случај тоа да го одбијат, парите дури тогаш им стигнуваа на сметките. При последната исплата во август оваа мерка не беше применлива, туку само три месеци претходно кога кризата беше во замав, велат од УЈП.

Сања Лукаревска, актуелната пратеничка и доскорешна директорка на УЈП кој патем го спроведува овој проект, во февруари добила на својата сметка 1.227 денари. Во мај не добила исплата што наведува на тоа дека можеби го донирала повратот во солидарниот фонд за справување со последиците од кроона-кризата. За месеците април, мај и јуни во август имала само 86 денари на својата сметка, што пак води до заклучок дека најверојатно таа го загубила интересот иако била на чело на УЈП како организатор на „Мој ДДВ“.

Слично како и Лукаревска, и на Благој Бочварски, актуелен министер за транспорт и врски а доскорешен градоначалник на Штип, не му било до скенирање сметки во предизборниот период, па во последниот циклус собрал само 57 денари. Во мај најверојатно, како што стојат работите, или не бил заинтересиран за скенирање или го донирал повратот, а пред февруари трошел солидно па добил 1.152 денари.

Од функционерите кои интензивно делуваше во предизборната кампања е и Мила Царовска, министерката за образование, чие име исто така може да се најде меѓу оние кои биле исплатени од УЈП за „Мој ДДВ“. Министерката не ги донирала своите 964 денари, но може да се заклучи дека умерено скенирала и добила уште 824 и 645 денари годинава.

Сличен е и случајот со Јани Макрадули, кој во претходниот мандат на Владата беше заменик-министер за животна средина. Во октомври, ноември и декември лани бил доста „активен“ па во февруари годинава добил 1.522 денари, во мај ништо, што отвора можност професорот да ја одбрал опцијата за донирање, додека во август бил известен дека на личната сметка има само 70 денари.

Пеце Мирчески, директорот на Службата за општи и заеднички работи која врши набавки за потребите на Владата, не скенирал во последното тромесечие од минатата година, па затоа во февруари не добил исплата, но затоа за последните два циклуси остварил максимален ефект од 1.800 денари при исплатата во мај и 1.564 денари во август.

Фатмир Битиќи, новиот вицепремиер за економски прашања, не само што не го донирал повратот во мај, туку се покажал и како конзумент со речиси максимален ефект, па неговите исплати во февруари, мај и август се движат од 1.720 до 1.800 денари.

Од функционерите на локалната самоуправа, евидентирано е името на Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, кој успеал да собере доволно сметки за да добие максимални 1.800 денари во февруари и август, но не и во мај, што остава можност добивката од месеците јануари, февруари и март да ја донирал во солидарниот фонд.

Од профилираните функционери на актуелната власт може да се прочита и името на Костадин Костадинов, пратеникот кој е претседател на собраниската комисија за избори и именувања. Доколку се работи за портпаролот на СДСМ, може да се заклучи дека не бил заинтересиран за донирање, а проектот речиси максимално го испочитувал, но со само една исплата од 1.800 денари во мај.

Рената Дескоска, поранешната министерка за правда, има само 429 денари од февруари, додека Томислав Тунтев, директорот на Агенцијата за воздухопловство последователно добивал 1.268, 1.164 и 214 денари годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This