КОЛКУ ПАТИ ЧОВЕК МОЖЕ ДА БИДЕ „ЗAПPEПACTEH“: Што се kpие позади нecпомнyвањето на името на Заев на cвeдoчeњaтa во „Peкет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во петокот макеоднската јавност имаше шанса за втор пат после ексклузивното објавување на исказите за случајот „Рекет“ од страна на Инфомакс да слушне што тоа сведокот Орце Камчев има да каже за најголемата корупциска афера во македонската историја. Она што Камчев го стори во судницата е потврда на 99 проценти од својот исказ кој веќе го даде пред надлежната обвинителка, Вилма Русковска на втори мај годинава. Се разбира токму тој 1 процент кој беше променет е тоа што отвори простор за разни шпекулации и наводите во медиумите, а потоа го отвори и патот за објавувањето на бомбите снимени во Бугарија од страна на блиски соработници на Зоран Заев.

 

Македонската јавност очекуваше Камчев да каже се освен тоа дека Заев бил запрепастен кога за прв пат Камчев го пријавил рекетот кај него. Се разбира реакциите многу лесно можат да се одглумат, а фактите остануваат факти како и да пробаш да ја изменаџираш ситуацијата.

-Одлучив дека морам да пријавам некаде. Се обратив кај премиерот, го информирав. На првата средба му објаснив се. Човекот беше запрепастен, не му се веруваше. Имавме втора средба кај што морав да му покажам дел од работите. Ги виде, немаше зборови, и ми рече: „Остави два дена, затоа што не ми се верува просто“. Ми се јави и ме замоли, се што имам, се што знам, да однесам кај обвинителката Рускоска. Јас истото тоа го сторив. Сите работи ги доставив до обвинителството, за да пробаат од тие докази да може да се пробаат да го сопрат она што се случува, рече Камчев.

Ова значи дека Камчев уште од првиот ден на Заев му презентирал дел од снимките кои ги поседува, а токму овие снимки ги објави италијанскиот медиум „Ла верита“ по што Русковска конечно се реши да превземе нешто и ја смести Јанева во притвор, кој што неодмна беше преиначен во домашен притвор. Јанева е третообвинета во случајот и се гони за злоупотреба на својата службена положба, но она што е проблематично е тоа што е нејасно колку пати Зоран Заев може да биде запрепастен од тоа што го сторила неговата миленичка Јанева.

Според исказот на Камчев, рекетот е пријавен на 2 мај кај Вилма Русковска. Камчев пак излегува од домашен притвор на 04.03.2019-та година. Од видео снимката која ја објави „Ла верита“ се гледа дека првата „рата“, милионот бил исплатен на 20.02.2019-та година, а според кажувањата на Камчев другата рата никогаш и не била исплатен, набрзо потоа откако Камчев го пријавил рекетот кај Зоран Заев, Бојан Јовановски попознат како Боки 13 претстанла да го контактира.

Русковска пак во интервју за „Независен“ тврдеше дека Заев ја исконтактирал во втората половина на март месец за случајот „Рекет“ по што таа му посочил дека Камчев треба да е пријавителот како оштетен. Иако не е помалку скандалозно, калкулирањето на Заев кој кога Камчев го пријавил рекетот му посочи да почека, она што се случуваше понатаму е еклатантен пример за тоа како Заев дрско и безобразно ја лажеше и манипулираше македонската јавност.

Имајќи во предвид дека Камчев излезе од домашен притвор на 04.03.2019-та, отприлика 2 месеци е временската рамка во која се случила фамозната средба на бизнисменот со Заев. Да потсетиме дека Зоран Заев во интервју за МИА на 20 март 2019-та година ја дава онаа неславна изјава во која вели дека за него Јанева е институција.

Во однос на тоа дали е подготвен да ја смени Катица Јанева, премиерот е дециден дека таа и нејзиниот тим биле трошка надеж за враќање на правната држава и не планира да ја смени.

– Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за С Македонија.

Глумата на Заев продолжи и по 4 месеци кога на 17.07.2019-та година тој на прес конференција истакна дека „Рекет“ не ја руши неговата доверба во Јанева. „За мене никој не е виновен додека тоа не се докаже“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција на 17-ти коментирајќи ги наводите за инволвираност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“. Заев ја смета Јанева за човек „кој се борел за правда и покажала храброст во време кога сите шепотеле“. „Додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал секако дека стојам зад неа како
личност“, рече Заев.

Ова значи дека иако Камчев на Заев му претставил несоборливи докази дека Јанева рекетирал, тој со месеци калкулирал и пресметувал како да постапи во јавноста и да ја изменаџира состојбата. На 13.08.2019-та година кога Заев ја имаше онаа неславна изјава за „педерот“ тој повторно ја направи целата македонска јавност будала посочувајќи дека откако ги видел видеата на „Ла Верита“ бил шокиран од она што го правела Јанева и како тоа за него било идиотски.

Одговарајќи на прашањето дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тој посочи:

-За мене идиотски е настапот, засега, согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото.

Имајќи во предвид дека во овој момент тој одглуми пред целата македонска јавност дека не знаел за тоа што правела Јанева иако Камчев експлицитно во судницата истакна дека Заев видел и видео докази на втората нивна заедничка средба, зошто се уште да му веруваме на Заев дека воопшто не знаел за „Рекетот“.

Заев во најмалку еден наврат откако дознал за она што го правела Јанева застана зад нејзе како кадровско решение за потоа да ја лаже целата македонска јавност дека до објавувањето на снимките и воопшто не знаел за што таа точно правела.

Како да веруваме дека најмоќниот човек во Македонија не знаел за она што го прават Катица Јанева и Боки 13-ка? Како да поверуваме дека човекот кој изгради карирера ветувајќи дека ќе ги смести „криминалците“ зад решетки не ја контактирал Јанева по ослобдувањето од пртитвор на Сашо Мијалков?!

Како да поверуваме дека човекот кој одговараше на „ од 3 до 5 илјади СМС пораки на ден“, не добил ниту една информација за што се случувало во Македонија изминативе 3 години, а е поврзано со корупција во правосудството и рекетирање на 10-тици македонски бизнисмени. Како да му веруваме на човек кој се колнеше во најмилото и лажеше?

Епа за среќа не му веруваме 😉

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This