Колку платнените маски не штитат од делта сојот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот Минесота, наведува дека платнените маски и марамите не се толку ефикасни во заштита од вирусот и дека маските N95 и маските коишто содржат филтери се подобра опција.

Тој истакнува дека маските не го спречуваат ширењето на вирусот како што мислат некои луѓе. Aмериканските центри за контрола и превенција на болести наведуваат дека платнените маски обезбедуваат определено ниво на заштита во зависност од видот на ткаенина од која се направени и бројот на слоеви.

CDC постојано ги проучува сите овие фактори. Досегашните студии покажаа дека платнените маски кои се повеќеслојни штитат подобро од еднослојните маски и во некои ситуации може да филтрираат околу 50 отсто од честичките на вирусот, наведува CDC.

Досегашните анализи покажаа дека носењето на маска доведува до пад на бројот на новозаразени.

„Маските N95 се добри за заштита на невакцинираните“, рече Остерхолм.

Скот Готлиб, поранешен вработен во ФДА рече дека е потребна квалитетна маска за заштита од заразен сој како што е делта. Тој нагласи дека маските KN95 и N95 се многу поефикасни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This