Колку поголема излезност, толку помала е можноста на Заев и неговата бaндa да ги полни кутиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија истакна дека гласот на граѓаните мора да има вредност. Не смеат да останат дома затоа што ќе биде злоупотребен.

-Еве зборувавме за полнење на кутии. Нели имавме гласање на две-три секунди. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 12 кривични пријави и ЈО сеуште молчи. Тоа ќе се случува и на овие избори доколку граѓаните останат дома. Значи некој ќе го искористи нивното седење дома за полнење на кутиите. Колку поголема излезност, толку помала е можноста на Заев и неговата банда да ги полни кутиите, вели Каракамишева.

Втората работа, потенцираше Каракамишева, околу тие луѓе што не се задоволни од двете големи политички партии и гласање на мали партии.

-Во ред. Легитимно е правото на секој граѓанин е да процени дали ќе го даде за голема коалиција или за мали партии. Но, не смее да заборави тој што ќе се одлучи да гласа за мала партија дека во сите изминати процеси, од 2006-та јас ги следам наваму, имаме 100 илјади такви гласови дадено за мали политички партии кои се оставени, а не претставени. Во 2011-та ВМРО Народна имаше мислам околу 28 илјади гласа и не доби мандат. во 2014-та ГРОМ, на Стефче, освои 31 илјада и освои само еден пратенички мандат. Понатака, 2011-та година ЛДП освои 16 илјади гласа и нула пратеници. Тоа им даде понатака мотив да се вклучат во големите коалиции. Сега имаме нови политички партии, каде што може да се случи истиот тој тренд, и само да му помогнат на СДСМ и Заев, потенцираше Каракамишева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This