КОЛКУ ПОМАЛА НАЦИЈА, ТОЛКУ ПОГОЛЕМА ДЕЛЕГАЦИЈА: За сместување од шест дена биле потрошени по 400 долари од човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не ја открива точната локација на хотелите во кои отседнала македонската делегација во Њујорк, туку само потрошените пари, пренесува „Алфа“, додавајќи дека не добиле одговор за точните хотели, иако се повикале на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Како што додаваат од телевизијата, судејќи според тоа колку платиле, сигурно биле сместени во некои од луксузните ланци како „Мериот“, „Хилтон“, „Радисон“, „Шератон“, „Новотел“.

 

 

За шестдневно сместување на тимот од 10 луѓе биле потрошени 24 илјади долари односно 400 долари по човек по ден. Со овие пари дури и во Њујорк се наоѓа навистина луксузен хотел од висока категорија во срцето на градот, пренесува телевизијата.

За авионски карти биле платени уште 10.700 долари или во просек по нешто над илјада долари по човек.

 

 

Македонската делегација броеше 14 членови од кои за 10 членови авиобилетите и сместувањето беа на товар на Владата, а за останатите членови (министри) трошоците си ги подмирија ресорните министерства, се наведува во одговорот кој „Алфа“ го доби 30 дена по поднесеното барања, буквално на истекот на законски предвидениот рок.

 

Колку помала нација, толку поголема делегација – како ова да беше мотото под кое се организирало патувањето на Генералното Собрание на ООН со оглед на бројот на луѓе кои прошетаа до Њујорк. Меѓу нив беше и сопругата на премиерот, Зорица Заева.

 

Тоа е согласно постоечката пракса која упатува дека сопругите можат да бидат придружба на претседателот на Владата при ваков тип на посети, се наведува во одговорот од Владата.

Посетата на Зорица Заева на Њујорк ќе остане запаметена не толку по потрошените пари туку по односот кој го имаше во Обединетите Нации. Имено, додека нејзиниот сопруг го одржуваше својот говор пред речиси празната сала, таа гледаше во мобилниот телефон се додека нејзината придружничка не ја опомена дека камерата е свртена токму кон неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This