March 29, 2024, 10:00 am

КОЛКУ ПОТРОШИЈА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД КАМПАЊАТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во првата половина од изборната кампања, Стево Пендаровски потрошил 480 илјади евра, а Блерим Река 25 илјади евра.

Ова го покажуваат нивните финансиски извештаи, објавени од Антикорупциската комисија, пренесува Телма. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска вели дека Гордана Силјановска-Давкова не доставила извештај до истекот на рокот, но оставаат можност да е испратен на време – но по пошта, што значи дека може да дојде и со три дена задоцнување. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вели дека извештајот е испратен до сите надлежни институции со препорачана пошта.

Блерим Река има приход од донации во износ од 18 илјади евра. Главно се донации од БЕСА и од Алијансата за албанците, кои застанаа зад неговата кандидатура. Членовите на СДСМ, преку нивните членарини, донирале за Стево Пендаровски 163 илјади евра, а околу 3 илјади уплатиле поединечни физички лица. Вкупните приходи за изборната кампања заклучно со 10-ти април се 504 илјади евра, а на транскациска сметка, 162 илјади.

Се трошеле за платено политичко рекламирање во медиумите, за банери, за закуп на простор, за комуникациски, транспортни, но и за интелектуални услуги. Пендаровски има вкупни расходи од 485 илјади евра, односно 145 илјади евра расход на трансакциската сметка.

Во Државната изборна комисија тврдат дека сите зakонски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за да достават извештај за првите 10 дена на 11-от ден од кампањата. До понеделник, ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите.

На овие избори за прв пат државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите. Исплатата се реализира преку ДИК, со претходни извештаи на телевизиите, печатените и електроснките медиуми како и на Агенцијата за медиуми. Во кампањата, претседателските кандидати имаат право да потрошат максимум 110 денари по запишан избирач, односно, секој кандидат по речиси 3,3 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This