КОЛКУ ЧИНИ МАКЕДОНИЈА: 23 милиони евра грант од УСАИД за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија доби 23 милиони долари грант од САД за развојна цел, соопшти Министерството за финансии.

Договорот е потпишан меѓу Република Македонија претставена од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставена од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.

За оваа цел Македонија ја посети високиот претставник на УСАИД, Гречен Биркл. На потпишувањето присуствуваа Амбасадорот на САД во Македонија, г-дин Џес Бејли и директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија Давид Етбери.

– Договорот е особено важен. Средствата се наменети за активности кои ќе овозможат зголемен раст на приватниот сектор, поголема вклученост на граѓаните во носењето на одлуките, зајакнато добро владеење и подобрена кохезија во општеството, истакна МФ Тевдовски.

Тој додаде дека со овој договор се зајакнува соработката со Соединетите Американски Држави кои го поддржуваат напредокот на Македонија на нејзиниот пат напред.

Тој им се заблагодари на УСАИД за поддршката која и ја даваат на Македонија.

Гречен Биркл, заменик помошник администратор на УСАИД за Европа и Евроазија, изрази верување дека иницијативите ќе помогнат Македонија да го забрза патот кон само-одржливост и евентуалното пристапување кон НАТО и Европската Унија.

„Нашите проекти ќе имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, да го подобрат пристапот до финансии, да создадат поедноставено деловно опкружување и да обезбедат поголема енергетска сигурност. За да го промовираме учеството на граѓаните, нашите програми ќе го поддржат јакнењето на граѓанското општество и зголемувањето на професионалноста на независните медиуми. За да го зајакнеме доброто владеење, ќе обезбедиме помош за градење на капацитетите на извршната власт, законодавните тела и националните изборни тела. И на крајот, за да ги зајакнеме врските меѓу заедниците, ќе ги поддржиме активностите што ја подобруваат меѓуетничката интеграција и го зголемуваат вклучувањето на маргинализираните групи во општеството, истакна Биркл.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This