КОЛКУ ЌЕ ПЛАТАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА МАЛЕРОТ ПРОТИВ ШПАНИЈА: 10.000 евра на ден плус патни трошоци – толку чини навивањето на Заев на вчерашниот натпревар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скапата екскурзија на ски терените во Италија, каде Заев за неговото семејство плаќаше по 6.000 евра дневна карта за скијање и дополнителни илјадници евра за претстој, „традицијата“ на трошење на народните пари по луксузни хотели продолжи и во Хрватска

 

На вчерашниот натпревар на Македонија против Шпанија, кој се одигра на почетокот на втората фаза од ракометното Европско првенство присутен беше и Зоран Заев, кој за жал од навивачите и целокупната македонска јавност беше посочен како главниот малер за лошиот резултат на репрезентацијата. 

Но, лошиот резултат на Македонската репрезентација е и помал проблем за државата, ако се има во предвид дека Заев за неговата навивачка авантура троши неколку десетици илјади евра на ден.

Имено, Заев е сместен во луксузниот хотел „Вестинг Загреб“ во кој цената за една ноќ изнесува 1.400 евра. Но, Заев во Хрватска не е сам, а согласно протоколите за безбедноста на премиерот тој со себе носи уште најмалку 20 лица како обезбедување, лични асистенти, административен пресонал, како и дел од неговото најтесно семејство. Сите овие во просек трошат околу 1.000 евра дневно за сместување, храна и дневници. 

Но трошоците не завршуваат тука. Имено, за да пристигнат до Хрватска Заев и неговата „екипа“, Маекдонија треба да издвои значителна сума на пари од буџетот на граѓаните за подмирување на патните трошоци. Без разлика дали во Хрватска се пристигнати со автомобил, автобус, комерцијална авионска линија или со владиниот авион, трошоците се движат од 15.000 до 20.000 евра во двата правци. 

Значи, еден ден навивачка аватнура на Заев ги чини граѓаните на Р.Македонија преку 150.000 евра, кои наместо за хирови на хунтата можеше да бидат искористени за лекување на некое од децата кои наместо од Фондот, мораат да бараат хуманитарна помош. 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This