April 26, 2024, 10:46 pm

КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ: Релативизирање на меѓународните билатерални договори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие денови кога е актуелно прашањето на спогодбата со Грција за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации и за престанување на на важноста на привремената спогодба од 1995 година, најизненадувачки е што никој не ја чита спогодбата, туку дебатата се сведува на слободна проценка на две спротивставени мислења.

Имено, спорот трае точно 25 години. Во тој период сите прашања се дебатирани повеќе пати. Сега кога се потпиша спогодбата, која сеуште не е реализирана, сите се прашуваат за што се работи. Нормално дека аналитичарите блиски до власта го бранат потпишувањето на спогодбата. Главно, нивните ставови се дека не е важно што содржи спогодбата, туку дека со неа се ослободуваат преговорите за влегување во НАТО и ЕУ. Другата страна, за која не може да се рече дека е блиска до опозицијата, но е контра власта во секој случај, сеуште е против промена на уставното име, кое веќе е сменето со спогодбата.

Новинарите кои ја имаат спогодбата на веб страната не ја читаат туку прашуваат експерти од разни области, а најретко од правната, како треба да се толкува. Има многу емисии од таа област, но од нив тешко може да се заклучи за што се работи.

Во една од тие емисии учесникот рече дека не е битно што стои во договорот, туку дека тој се чувствува како македонец, без оглед на текстот. Баш поради тоа е од суштествено значење што пишува во договорот(спогодбата). Затоа што за прв пат после 25 години е прифатена формулата која спротивната страна ја вика “erga omnes” односно името да важи и за домашна употреба, иако во правото тој термин значи сосема друго. Тоа повлекува и промена на уставот поради промена на уставното име. Покрај тоа се менуваат членот 3 и членот 49, кој веќе еднаш беше сменет. Токму тој член 49 се однесува на македонците во соседните држави и дијаспората, кои ќе немаат право повеќе да бидат македонци. Би го прашал како би се чувствувал тој во таква ситуација, ако навистина му значи нешто тоа што е македонец.

Според медиумите и аналитичарите често се поставува дилема и дали се менува идентитетот на нацијата или се зајакнува. Секој извлекува различни одговори без да го прочита договорот, односно спогодбата. Ако го прочитаме соопштението на председателот на државата, ќе забележиме дека главна причина поради која тој не сака да стави потпис на ратификација на спогодбата е што таа ги надминува рамките на резолуцијата 817 од 1993 година, во која стои дека треба да се надминат одредени несогласувања во врска со името. Самата спогодба е толку опширна што регулира прешања од областа на економијата, безбедноста, образованието, науката, културата, спортот истражувањето и друго. Ова укажува дека “првата страна” добро знаела што прави, а “втората страна” односно ние, сме потпишале се што барала ”првата страна” од нас. Во таа смисла, “првата страна” дел од прашањата од привремената спогодба од 1995 година, која треба да престане да важи, одкако оваа спогодба ќе стапи на сила ги имплементирала во овој документ. Тоа најверојатно е направено за да може да се прошири спогодбата и на другите прашања, пред се на идентитетските.

Поради тоа на втората страна, односно нашата, има само обврски, а на другата страна само права. Меѓудругото, правење на комисија која ќе ги испита и одклони сите разлики во областа на историјата, културата и образованието е навлегување во идентитетски прашања, бидејќи самиот идентитет има најголемо влијание во културата, па поради тоа многумина го викаат културен идентитет. Под култура во поширока смисла на зборот се подразбира начинот на живот, традицијата и обичаите на еден народ. Бришење на тие особини во историја, значи бришење на културниот идентитет, а во образованието значи да се избрише тоа и од учебниците, така што идните генерации нема да знаат ништо за своите своите традиции и обичаи, како дел од културата на својот народ.

Може многу да се пишува за овој договор, но од особено важно значење е дали роковите(кои евидентно се предложени од “правата страна” се намерно кратки. Ние како втора страна треба да ги известиме сите држави што не признале под уставно име, како и оние што не не признале, исто и сите меѓународни организации, како и сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми за промена на нашето име. И така сите не викаат Северна Македонија и северно македонци по потпишувањето на спогодбата. Па така се поставува и прашањето дали “првата страна” намерно не ги предложила овие рокови со цел да се смени името, а потоа, доколку не се ратифицира спогодбата во грчкиот парламент, ние сме го смениле името, а тие немаат никаква обврска бидејќи, доколку оваа спогодба не влезе во сила, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту каква било друга и истата нема на кој било начин да ја обврзува која било од страните.

Како што е добро познато во интерес на меѓународната заедница беше да се реши ова прашање од геополитички, геостратешки, безбедносни и други причини, но и од причини на почитување на меѓународното право, бидејќи Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во корист на Македонија и непочитување на таа пресуда го доведува во прашање функционирањето на меѓународниот правен поредок. Точно е дека спогодбата беше топло поздравена од меѓународните организации. Овој пат, покрај од супранационалните организации НАТО и ЕУ, ја поздрави и Генералниот секретар на обединетите нации Антонио Гутиереш, дури и руската страна изјави дека ќе ја почитува вољара на двете страни, но никој од нив не невлегува во содржината на спогодбата туку само констатира дека ја позтравува слободната изјава на воља на двете страни. Тоа значи дека нашата страна требало да води сметка за нашите интереси во текот на преговорите. По потпишувањето на спогодбата веќе е доцна за тоа освен ако не се исполнат обврските во спогодбата.

На крај, по изјавата на претседателот на собранието дека ќе ја објави спогодбата во службен весник без да биде потпишана од страна на претседателот. Ова е спротивно на Уставот на репиблика Македонија, според кој Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија и указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Во тој случај меѓународниот договор би бил ништовен. Во тој случај било која наредна влада би можела да ја користи клаузулата rebus sic stantibus која дозволува меѓународни договори да станат неважечки поради фундаментална промена на околностите. Таа во овој случај же ја дерогира клаузулата pacta sunt servanda, која значи дека договорите мора да се исполнуваат во меќународното право. Се разбира доколку “првата страна” ја прифати таквата ратификација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This