КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ: Гоце е Бугар, колку што Ангела Меркел е внука на Aдoлф Xитлep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се помалку и помалку луѓе веруваат на зборовите на западните владини претставници, и за тоа никој друг освен самите тие не може да биде виновен. Прво, поради тоа што самите тие го збунуваат нивниот аудиториум со пораки кои се неконзистентни, а се дисеминираат од час во час. Пораките кои претставниците на западните „демократии“ ги испраќаат во врска со КОВИД-19 се толку различни бидејќи токму овие светски политички актери ја потценија интелегенцијата на нивните граѓани, што пак се покажа како кардинална грешка. Притоа, тие претпоставуваат дека публиката која ги слуша ваквите пораки автоматски ќе заборави за одговорноста во врска со дезинформирањето на популацијата, ако нивните грешки се обидат да ги покријат со се погласното обвинување на Кина за ширењето на коронавриусот.

Европкиот Сервис за надворешни работи, поточно дивизијата за стратешки комуникации, неодамна објави извештај во кој се обвинува Кинеската влада за агресивно ширење на дезинформации во врска со КОВИД-19 преку социјалните мрежи. Портпаролот на Кинескиот министер за надворешни работи Генг Шуанг пак, во целост ги отфрли ваквите обвинувања, додавајќи дека „Кина се спротивставува на креирањето и ширењето на дезинформации од било кој индивидуалец или организација. Кина е жртва на дезинформациите, не иницијатор“.

И овој пример со Кина го портретирам не затоа што нашата иднина или судбина зависи од тоа како ќе ја перцепираме оваа далекоисточна земја на мудроста, туку затоа што на бранот на „дезинформации“ и „лажни вести“, Европската Унија веќе трета година замижува пред се почестите прекршувања на човековите права и слободи и во Македонија.

Само во Македонија, објавување на документ кој обелоденува криминал на премиер на држава за можна вмешаност во криминална рекетарска шема може да биде казниво дело. Секаде во Европа, тоа е акт на херојство. Но, и покрај документот заверен од обвинителот, Европската Унија и нејзиниот претставник во Македонија ја прифатија приказната на Заевци за „лажни вести“.

Лажни вести беа дури и предупредувањата на медиумите како „Инфомакс“ но и политичките претставници кои предупредуваа дека Македонија ќе стане двојазична земја, со променето име, а македонскиот народ на пат да биде избришан од картата на нации засекогаш. Сега, гледаме дека тие „лажни вести“ биле всушност вистинити. Но, во името на Европската Унија, ние мораме да молчиме и да не кажуваме дека Јоханес Хан, Ван Хојте, Жбгоар и останата багра всушност биле лажговците.

Еве, кажете ми, како ја примивте веста дека Венко Филипче сакал да инкасира милион евра од набавка на респиратори? Како лажна вест? Како предурпедување дека вонредната состојба се користи за криминал? Како? Се лажете ли самите себеси дека гарнитурата која си ја одбравте не е толку криминална како што кажуваат критичките медиуми?

Или на пример, проверивте дали шлепери со жито се изнесуваат од државните резерви и се продаваат на Косово во услови кога со владина одлука е забранет извоз на овие добра?

Лажни вести, другари од Европа се приказните дека Гоце Делчев е Бугарин, или дека Крсте Петков Мисирков ги пишувал „Македонските работи“ како бугарски филозоф. Тоа се дезинформациите кои вие, лажговци од Брисел се обидувате да ги протнете кај Македонскиот народ, притоа, обвинувајќи го за „национализам“ и „шовинизам“. Демек, ние ги мразиме Бугарите и Албанците и затоа не признаваме дека Гоце е Бугар. Не лажговци, ние сме жртвата во овој случај, нам ни ги одземаат нашите државотворни икони.

Вака да ви предочам, како би изгледала оваа ситуација но аплицирана врз историјата на ЕУ.

На пример, ајде да ја прифатиме историската теорија дека Европската Унија е креација на Адлоф Хитлер. Да, токму тој, Хитлер. Човекот кој масакрираше милиони Евреи, Роми, Руси, Македонци, Срби….Може да прифатиме дека ЕУ е всушност Четвртиот Рајх во кој Ангела Меркел е новиот фирер?

Или на пример, да се лажеме дека Бугарите не биле фашисти? Или пак дека вие ги браните Бугарите во спорот со Македонија бидејќи тие заедно со оската биле дел од вашата историска нацифашистичка афилијација?

Затоа, кога вие ќе прифатите дека сте Четвриот Рајх, односно, дека сте наследници на фирерот Адолф Хитлер и дека сте под контрола на новиот фирер во ликот на неговата внука Ангела Меркел, тогаш и ние ќе прифатиме дека Гоце е Бугарин. До тогаш, „Бела Чао“ фашисти.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This