April 25, 2024, 12:05 pm

КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ: Чибу бе, љангар еден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако мислевте дека ќе ја искористите ситуаицјата за сопствена промоција, ви се извинувам, ама сте се зезнале. Јас знам дека функционерите на СДСМ се навикнати на новинари кои поставуваат прашања во стилот „Како се справувате со вашата популарност?“, ама јас не сум тој. Еве, гледам дека имате и кутриња кои сте ги пуштиле да џавкаат. Ги држите на краток ланец. Ако…ама треба да знаете, тие кутриња се тоа – кутриња. Така се научени, фрлаш коска, добиваш гомце.

Знаете, почитувани функционери на СДСМ. Не постои можност, ситуација, состојба, криза или апокалиптично сценарио во кое би ве оставил на раат. Ниту едно. Особено не во сценарио во кое само новинарите ви се контролен механизам. Се разбира, зборувам за вистинските новинари, не за „новинарите“ кои се самопрогласуваат за „опинион-мејкери“. Со кој кредибилитет бе „друже“ објаснуваш и кажуваш сказни за тоа кој требало, а кој не да поставува прашања?

Абе од сокриј се, самоизолирај се на неодредено време. Барем додека трае процесов за „Рекет“. Процес во кој првообвинет е твојот последен газда. Па, на твое место, јас да сум добивал плата од рекетирани пари, во најмала рака би се самоизолирал на неодредено време. Оди скриј се човече, не џавкај. Срамота.

Побогу, не може човек кој до пред некоја година немаше високо образование – а и оваа диплома која ја добил на ФОН, веројатно како компензација за реклама – не може да се смета за официјално образование, вие да формирате јавно мислење. Ако мислевте дека таква интелектуална минијатура ќе ме демотивира во мојата работа, сте се излажале. Не, таков човек кој во најмала рака би требало самиот себеси да се полие со кофа лепешки – кофата може да си ја купи со парите од рекетот кои му ги давал неговиот шеф – не може да ме демотивира. Напротив, дополнително ми го храни егото и ме инспирира да бидам уште подобар во она што го правам.

Е сега, кога расчистивме со оваа интелектуална минијатура која ниту на сон не можел да претпостави дека некогаш ќе има можност да прочита моја колумна посветена на него, но поради вонреднава ситуација еве ја има таа среќа, да ви кажам драги мои министри, премиери, директори и градоначалници – за се ќе треба да одговорите по завршувањето на кризава.

И за респираторите, и за пченицата, и брашното, и за извозот на средства за дезинфекција во услови кога има недостиг во земјава, и за извозот на маски и ракавици, и за незаконски потпишаните бонуси. За се.

А овие, кутрињава врзете си ги, ставете си ги во карантин. Не само што никогаш не и биле од корист на оваа држава, туку злоупотребувајќи го новинарството ви овозможија да се збогатите врз грбот на народот додека тие ги криеја вашите криминали со „прифатливи прашања“ погодни за вакви состојби. Е, од тие 30 години не можеме да прогледаме, затоа што наместо да ни ги отворат очите со сила ни ги затвраат.

Не повеќе.

Изолирајте ги во некој карантин како оној во Пепелиште, и никогаш повеќе не ги споменувајте. Ако не сакате вие, тогаш некој ќе мора. Ќе мора да го откорнеме тој плевел. Како куче кое се чисти од болви.

П.С. Ова е прв и последен пат да се занимавам со овој природен феномен. Не поради друго, од хигиенски причини…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This