КОЛУМНА НА АЦО СТАНКОВСКИ: Магиски осврт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aco-StankovskiЗа разлика од размрсулавените и хистерични шарени псевдореволуционери, кои својата вера одамнаја продадоа за вечера, па единствената визија што ја имаат за утрешнината е нивната полна чинија, секако, во метафорички контекст, постојат и поинакви „уметници“, што навистина знаат со боите и нивните шаренила не се никакви шлапаници, што прилично верно ги одразуваат внатрешните пориви на шарените деликвенти, преполни со манијакални интенции, со пориви да се силува, да се мачи другиот, да се доминира преку болката и насилството, да се зграпчи моќта на шашма, со блеф, со трик, а, потоа, да се краде и лудува и да се казнува со сите средства, неподносливо да се наметнува сопствената слепа и безидејна волја, да се уништува и да се ужива во таа способност, во сопствената бесчувствителност, во својата опака душевна болест, значи, постојат и други луѓе, на кои сето ова им е одвратно и неприфатливо, луѓе, на кои ова поведение на Шарениве ги констернира и кои ќе ги искористат сите морални и легални средства за да го запрат одот кон власта на овие општествени штетници.

Токму магиската сила на постоењето е верата на визионерите и на оние, кои не отстапуваат од етичките кодекси на сопствениот народ и култура. Уверен сум, дека правдата и вистината се универзални и дека без нив ниедна усилба не би можела да биде оправдана, а уште помалку овенчана со убавината на стварноста. Со идеалитетот на битието.

Секој добар херметист знае да ги претовори зборовите на другиот во психоанализа, во суптилно референто четиво, што ќе го легитимира неговиот идентитет на најтемелно ниво. Ваквата дарба произлегува од добрие стратегии, секогаш сообразени со вистината и со доблестите, од сочувствителноста и, најмногу, од верата во совршеното, во Духот.

Но, сето тоа денес делува тривијално и непотребно. Можеби недостаток од чувство за актуелност, за современоста, за нивните помодарски шеми, го создава ова потценување и негација од страна на залудените шарени материјалисти?!?

Ете, така, шаманот добива статус на клошар и талка наоколу, изгубен помеѓу гигантските бетонски гулабарници, што со својата сурова материјалност пенетрираат во суптилните и разлеани облаци на небото на слободата.

Но, не за долго, првиот лик што ќе излезе на сцената ќе го евоцира страшното дивјаштво низ кое сме еволуирале со мака и болка, водени од Духот Божји.

Сите тие искуства, стари колку и постоењето, се складирани во секое живо суштество, вклучувајќи ги и минералите.

Кога сонуваме, стануваме свесни за сето ова богатство од искуства. Патувањето низ реалноста е наша судбина. Да гледаме и мислиме, да создаваме визии, кои најдобро се преточуваат во уметничкото творештво. Тоа е благословот на нашето постоење.

Во поширок општествен контекст, овие енергии ја губат својата автентичност, уметноста станува политика, а политиката, уметност на возможното.

„Да бидеме реални и да го бараме невозможното“. Но сето тоа лудило и ентузијазам мора да се преточат низ цедилката на моралот. Инаку, сето тоа би било ушто едно залудно трошење енергија и време.

Како шаренкиве јадници, кои како канаринци во своите кибер-кафези чвркорат со безброј сурови препораки, но и напади врз секого, кој не ги споделува нивните вулгарни идеи, всушност, само порив бестијален, но нашминкан и униформиран во манирот на пропагандниот општествен активизам од минатото, од времињата, кога нивните комесари во младоста играле игри на амкање, подгреана болшевистичка сарма, кога целата какофонија на шеесетосмашките револуционери влезе во академските лавиринти и таму зацари, а потоа истите тие бунтовници против конформизмот и тоталитаризмот, се препорачаа себеси на повисоки нивоа („Козарачко“ со Тито), па почнаа да еволураат во милионери, во мали смешни маалски Сталини, во грозни и ненаситни чудовишта, во гротески на парадоксалната судбина, исткаена од мноштвото нивни лаги, собрани на куп во една гигантска лага на револуцијата.

Наместо да лаат преку своите кретенски социјални мрежи, нека фатат лопата и нека чистат кал. Но, тие не биле тука, во Скопје, тие биле во Грција, на Халкидики. Ете, Шарените одморале, иако, како што велат самите, никогаш не одморале.

Се извинувам, но нешто слично гледавме и во 2001-та, кога требаше да се брани татковината од инвазијата на соседната ни држава, во чиј епицентар се наоѓа американската воена база „Бондстил“.

Глупо е да им се држи лекција на овие нискоинтелигенти инкарнации. Олеснителна околност им е, што целиот свет е инфициран од стравотно зло. Како во овој крајно неизбалансиран свет на контрасти и неправди да дојдете до некоја возвишена состојба на свест, која би била ослободена од сите тие ѕверски пориви и агресивни влијанија?

Треба да се изолирате, да побегнете од квартовите на Шарените, од нивната хистерија, од нивните крвожедни напади, осиромашени од било каква интелигенција и доблести, а преполна со варварска бессловесност. Треба што побзо да исчезнете од нивниот хоризонт, посебно ако сте веќе стигматизирани од нив како непријател на нивната лигава револуција.

Нивната примитивна ритуалност, преполна со клевети и клетви, со кобење и злоба, повикува лоша среќа. Во целата нивна креативна немоќ, тие влегуваат во агресивен транс и емитираат лошотилак.

Но, ако мислат, дека сите овие зли енергии нема да им се вратат, грдно се лажат. Тие ќе дојдат нечујно и неочекувано, како крадец во ноќта.

Пишува: Ацо Станковски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This