КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Жити мајка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiЉубомир Фрчкоски се пофали дека тој лично кинел пријави за прекршок за Сашо Мијалков кога бил министер. Демек, детево било немирно, ама што да правиме, ај да не се влече по судови. Така што, ете, сега да знаете, ако ве гонат за прекршок, правец во МВР кај Оливер Спасовски. И имате право да викате. Отвори, отвори! Оти Фрчкоски создал стандард. Замислете го: седи во министерскиот кабинет, нозете на маса, во едната рака пура и чаша виски, во другата пријави. А погледот во штотуку купените уметнички слики. И паѓа наредбата: оваа кини ја, оваа не! Затоа после тоа Љубчо Георгиевски му се нашол, па кога Kиро Глигоров ја замолил Доста Димовска, не го притвориле Фрчкоски. Ете така, сега ја склопивме приказната. Луѓето си правеле на ти го дај ми го. А којзнае, можеби, пак, и на Фрчкоски му кинеле пријави од времето кога прво возеше велосипед со штипки на панталоните, а потоа „фиќо“.

Kако и да е, сега разбираме како функционирало нашето МВР. А ние копуци мислевме дека министерот се занимава со битни работи. На пример, како да не му ја разнесат половина глава на претседателот на државата среде главниот град. Или како да не му отидат во канцеларија со понуда од милион долари за да го шитне името завиткано во хартија од весник. Но, тоа време веројатно неповратно мина во текот на мандатот Гордана Јанкуловска, која сигурно не можела да се занимава со такви работи за што треба да се има разбирање. Немала жената време од муабети со Зоран Ставревски за плочките во кујната што човеков требало да ги менува и од шалтање на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во МВР за да го заебе ОБСЕ така што нејзиното време веројатно може да се означи како време на процут на прекршочни пријави. Добро сега, веројатно и вмровците скинале некоја пријава, ама кај нив с` зависи од тоа од каде доаѓаш. На пример, прашањето е: дали си од СДСМ? Не. Дали те плаќа УСАИД? Не! СОРОС, БНД, некоја друга западна служба? Не! Е, па, тогаш марш надвор, копук еден. Зошто да ти вршиме работа? Оди таму и лепи плакати за нас.

Вчера, пак, се појави Пишев од ВМРО-ДПМНЕ да каже дека Заев нешто лаже, што, нели, е новост. Заев излажал? Ама ајде ви се молам! Но, тоа не е битно, туку, што стана, Пишев, со оние прес-конференции за автобуските карти во општина Струмица за децата? Нели Струмица била таа што плаќа повеќе од Токио? Е, што бидна со тоа? Поднесовте кривична пријава? Повикан е Заев во Обвинителство? Или излези на прес-конференција, па после кој му е.. матер. Па вие СДСМ ли сте?

Имаше дебата на „ТВ Нова“ (се отепаа од балансирање луѓево, ќе ги затворат сите вулканизери, заедно со „Kанал 5“ на Емил на тато, и пак не чинат) меѓу Драган Тевдовски од СДСМ и Виктор Мизо, кој не од ВМРО-ДПМНЕ, туку е владин експерт. За првиот замолница, другпат да си земе марамче со себе, не бидува половина емисија да ти се собира плунка на врвот на долната усна и луѓето да те гледаат. Вториов, пак, како експерт не влегува во партиски пропаганди што ги тера Тевдовски. Kако, на пример, таа за фирмарините поради кои пцујат сите што во Македонија што имаат гранапчиња. Не, тој е очигледно сериозен човек за сериозни времиња. И за големи работи. Не е за гранапчиња. Тој му доаѓа нешто како Фрчкоски. Елита. Kоја можеш да ја фрлиш во Вардар. Kога има најмалку вода. Заедно со неговиот опонент од СДСМ.

Е, кога сме кај економијата, многу би сакал да знам, кој е процентот што СДСМ ќе го зема од богатите? Зашто рекоа дека ќе бидат Робин Худ и од нив ќе земаат повеќе, а од сиромасите помалку. Тоа што и при рамен данок богатиот плаќа повеќе, а сиромавиот помалку, еве ќе го оставиме на страна. Потоа, како ќе постапи СДСМ со оние свои членови од партиското раководство кои имаат разлика меѓу пријавените приходи и имотот што го имаат? Дали кога СДСМ ќе дојде на власт, владините тендери ќе одат кај таткото на Заев, а Шилегов ќе ни објаснува дека тоа е пример за законско работење? Дали другите фирми ќе имаат рамноправен третман со фирмите на Заеви, како што тоа е впрочем сега во Струмица? Вицето ќе добие ли менувачница во Скопје? Дали ако во време на СДСМ Македонија добие уште некое место погоре на „Дуинг бизнис“, тоа нема да биде битно зашто не биле сеопфатни критериумите, а медиумите ќе бидат виновни зашто го преувеличувале успехот на РМ? Веројатно Тевдовски бил мал, па сигурно не се сеќава на времето кога владата на СДСМ си плаќаше рекламен текст во „Франкфурте алгемајне цајтунг“, а непартиската МТВ на Бранко Црвенковски тоа го објавуваше како авторски текст на весникот кој бил воодушевен од економскиот успех на „оваа мала, но убава земја“. Дали СДСМ ќе н` врати во тоа време или ќе биде нешто друго?

Една од целите на СДСМ беше да не дозволи коалиција или враќање на партијата на Љубчо Георгиевски со или во ВМРО-ДПМНЕ. И тогаш се појави Слободан Богоевски. И сега независно од одлуката на средно богатиот бизнисмен оди па натерај ја неговата партија да игра за СДСМ. Многу паметно.

Пишува: Дарко Јаневски за Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This