КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Местенка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiАко нешто може да се заклучи од случајот со Диме Спасов, тоа е дека во наредниот период треба да се чувате од вакви местенки. Не знаете кога некој може да ви исценира инцидент – во продавница, на семафор, на натпревар… Знаете, она во стариот стил – што ме гледаш, бе! Сељачишта, криминалци, бандити, денес лесно се наоѓаат. И потоа медиумската комуњарска банда поддржана од слободарските странски амбасади, сето тоа пропагандно да го филува. До степен што со уши да си го покриваш очите и лицето од срам, бадијала е.

Се разбира, целата шема не би случила да немаме две министерства за внатрешни работи. Kако што имаме две обвинителства, како што имаме трка за создавање двојни судови, оние регуларните и оние што ќе ги исполнуваат желбите на странците преку СЈО и како што, впрочем, имаме две, а можеби и три влади.

Kојзнае, наскоро можеби ќе имаме и референдум: На кое МВР сакате да му пристапите, со право да склучите сојуз и со другото МВР? Со дообјаснување – референдумот треба да ви помогне за да знаете кому да се јавите ако, на пример, ви го ограбат станот? На 192 или на 192 цртичка 1.

Во секој случај, ова двојство кај полицијата сега веќе станува опасно за живот. И тоа треба да си го решат премиерот на Македонија од САД, неговиот заменик од ЕУ и четирите политички партии. Ете им го и Јоханес Хан, нека си го викнат и него, па нека прават што ќе прават, ама две министерства и два припадника на „алфите“, од кои едното министерство и едните „алфи“ трчаат по заменик-министерот заедно со криминалците од Арачиново или од каде се веќе, таа работа не ја бива. Точно е тоа дека на некој обичен граѓанин нема зошто да му се прават местенки, но од друга страна, кога еднаш ќе се тргне по тој пат, тогаш, порано или подоцна, секогаш ќе има некој што некому му смета, макар тоа било за банална граѓанска работа, и ќе може да го искористи системот на местење. Само да е вгнезден во некаква си власт. И тоа секако ги заплашува луѓето. Тие плаќаат данок за држава која очигледно не е способна да им ја пружи законската заштита и за која не треба некои којзнае колку силни очила за да се види дека колабирала. С` е во ред тоа дека нашите политичари имаат потреба да прават с` што треба за да не бидат искарани од странскиот премиер и неговиот странски заменик на оваа држава, но разумната граница веќе одамна е премината.

Е, сега, прашањето е што ако во целата таа трка по Спасов некој погинеше? На пример, не дај боже, некое дете на улица? Што ќе правевме тогаш? Што полза ќе имаше тогаш дури и самиот СДСМ од местенка на, пази сега, заменик-министер за труд и социјална политика во држава како Македонија? Или ве заболе за тоа?

Од друга страна, крајно време е и ВМРО-ДПМНЕ да се спастри. Настрана неговиот медиумски шарлатанизам кој се должи на погрешната стратегија, фразите дека на 11 декември народот ќе ја препознае вистинската политика, сега малку помагаат. На народот му требаат работа, плата и чувство на сигурност. Односно чувство дека зад него стои државата. Не му требаат заебанци, не му требаат министри кариеристи кои пребледуваат кога некој ќе ги спомене странците, како што, од друга страна, не му требаат ни шефови на партии како Али Ахмети, чиј последен дострел е дека смениле еднојазична табла на некојси пат, а следниот ден на тој пат гинат тројца негови сограѓани. По 14 години негово владеење во кое тој за тие сограѓани не донел ниту една банка, фабрика или барем ограда на патот.

Kако доаѓа денот кога ќе се избира претседателот на државата, од чиј кабинет потоа ќе го именуваат и нашиот губернатор, така Барак Обама ги засилува своите напади врз Доналд Трамп. Тој бил ваков, таков, никаков. Добро. Ама сега кај нас некој нешто да каже за поделбата на државата и партијата? Нешто да ни цитира некој од Прибе/Шекеринска-извештајот? Или шутраци, ќе чекате да завршат таму изборите, па после ќе ви ги одврзат јаженцата од вратот.

Инаку, американското Радио АГИТПРОП, на денешен јазик викано Радио Слободна Европа, објави дека ВМРО-ДПМНЕ плаќало на некоја агенција и за средби со Бејли. Амбасадорот демантира, но тоа е башка работа. Не го плаќаме ние радиото, неговите го плаќаат. Но, баш би сакал да знам како тоа, ако е вистина, го нема во снимките и зошто за тоа нема прес-конференција на славните амазонки? Ако не можат во СЈО да ги најдат, да прашаат на Бит-пазар? Ако, пак, не е вистина, што значи името Радио Слободна Европа? Или одговорот веќе го дадовме со АГИТПРОП.

Инаку, се моли Оливер Спасовски друг пат подобро да се координира со своите нови пулени. Не бива тој да вели дека има аудио и видеоснимки дека никој не го гонел Спасов, а тие што го гонеле да велат дека цело време била на линија со 192, што дава нова димензија на службата. Сте чуле некогаш за полиција која не знае со кого има работа на другата страна од слушалка, можеби обични граѓани, но можеби криминалци, терористи, можеби шверцери на дрога, и со кои се координира по телефон во гонењето на некој што наводно ги чукнал со автомобил и избегал?

Дарко ЈАНЕВСКИ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This