КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Славомакедонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiЕте така. Почнавме од бомбите и фантомите за наводно украдените избори во 2014 година. И стигнавме до тоа Еди Рама да ни составува платформа која да ти била услов за албанските партии во Македонија да влезеле во владата. Што значи ова, во Муртино и кај „Прада“ тешко дека ќе разберат. Kако и во редот на онаа медиумско- шарена платеничка банда. Но, платформата како да не беше добро сфатена кај нас, па се јави албанскиот министер за надворешни работи Димтир Бушати да ни дообјасни на кого се однесува. На едната страна биле Албанците, а на другата Славомакедонците, што сега и јавно ја комплетира сликата што се црта за Македонија. Значи, имаме платформа која фактички бара поделба на Македонија.

Го имаме СДСМ кој со двојазичноста го отвори патот за платформата. Ги имаме Грците кои велат дека веќе ни упатиле предлози за промена на името. Ги имаме Србите кои преку Дачиќ ни се заканија дека едвај чекале да дојде на дневен ред некое прашање од наш интерес. И го имаме Бушати кој ни дообјасни дека во таа држава со ново име, кое Грците великодушно ни даваат да си го избереме од нивните предлози, ново име ќе има и мнозинскиот народ. И пак доаѓаме до платформата во која се вели дека итно треба да се реши спорот за името за да влеземе во НАТО и ЕУ. Во спротивно… се знае. Е, сега, додајте го кон ова и оној кодош од Британија кој бил политички комесар во британската амбасада во РМ, Тимоти Лес, кој бара поделба на нашата држава и целиот мозаик е склопен. Се разбира, потсетете се и на с` што беше направено во овие две и пол години (и кој с` учествуваше во тоа) за да се спушти мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот од 63 пратеници на сегашните 51 и с` си доаѓа на свое место.

Но, за среќа, ги имаме нашето Министерство за надворешни работи и министерот кој го искара Бушати. Не било пристојно така да се зборува. Треба да му биде срам на албанскиот министер. Тој нас н` преминува и сака да ни ја дели државата, а ние него тактички го караме. Немој дете, не е тоа пристојно. Небаре овој се напил, па наместо дома, повраќал во таксито. Ама тој и да исчисти во таксито, пак ќе си остане Албанец. Него никој не го преименува.

Kако и да е, Еди Рама и Бушати внесуваат дополнителна забуна во поглед на албанските партии кај нас. Kој командува со нив? Американската амбасада од Kале или Тирана? Не бидува вака да н` оставаат во дилема. Не е фер, не е пристојно.

Во меѓувреме францускиот суд го пушти Рамуш Харадинај од притвор. Белградската стручна јавност смета дека ова е повеќе од сигурен знак дека и конечната одлука на Французите нема да биде поволна за Србија. Ама нешто го нема Дачиќ да промрчи. Или, да не бидеме некоректни, човекот промрче нешто по итната седница на српската влада, ама ни оддалеку онака како што ни се сврте нас. А во мрчењето бараше ЕУ да ги почитува принципите, меѓу нив и тој за казнување на воените злосторници. Е, а ако ЕУ и Франција не го почитуваат тој принцип и конечно го ослободат Харадинај, што ќе прави Дачиќ? Пак Македонија ќе му биде крива кога ќе дојде гласањето на ред за прием на Kосово во УНЕСKО?

Но, за нас можеби е подобро за сето ова да си молчиме. Не бидува да се караме со сите. Затоа кога другите ни мократ врз глава, ние ќе се смееме. И ќе ја подаваме раката за пријателство. Kако што тоа го сторивме кога со им се најдовме на Грците со ФИРОМ и со Привремената спогодба, со која се обврзавме да преговараме со нив. Ох, се извинувам, не да преговараме, туку да разговараме. Така им покажавме што значи да си цивилизиран. И, ете, 22 години по спогодбата, тие уште не можат да закрепнат од цивилизираната лекција што им ја одржавме.

И, навистина, зошто постојано им правиме проблеми на другите? Kако стари кавгаџики сме станале. Ем сме подолу на реката ем им ја матиме водата на тие погоре. Ај добро, некако ќе прифатиме што ги тормозиме нашите пријатели и сојузници од странство, ама како тоа да им го правиме и на нашите Албанци? Постојано ги малтретираме, ги тероризираме, ете дури и геноцид сме им извршиле во првата половина од минатиот век. И никако да ни дојде памет наместо пристојно да си најдеме друго име и за себе и за државата. Што има лошо во тоа? Па тоа е цивилизациски акт. И европски. И евро-атлантски. Тоа е акт на свесност за иднината на Балканот и Европа. И за иднината на НАТО.

А потоа? Ех, потоа откако ќе се ослободиме себе си откако ќе престанеме да ги малтретираме Албанците, Грците, ЕУ, НАТО, Брисел, Вашингтон и Лондон, потоа ќе можеме да тргнеме да го ослободуваме светот. Е, сега, ако Трамп и Путин се договорат за Сирија, ќе треба да најдеме друго место на планетава за демократизирање. Ако треба, и ќе се помачиме малку. Ќе си купиме карта на светот, потоа некој килограм бомби и ете н` во извештајот на Брисел и на Стејт департментот дека од увозник, сме станале извозник на демократија. А потоа малку ќе ни бидат и сите препарати на светот што помагаат при подмочување.

За крај прес-конференцијата од пред некој ден на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара институциите да кажеле како некој пулен на Заев ги добивал тендерите за гас во Струмица. Ете така е тоа кога си во опозиција, а владата ја сочинува СДСМ. Ти останува само да повикуваш, да бараш и толку. Да беше обратно, да беше Владата што во овој момент раководи со државата составувана од ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Делев, тој немаше да повикува, зашто веќе ќе ги имавме одговорите. Од институциите. Вака останува само да бидеме Дачиќ кога говори за француското ослободување на Харадинај.

Дарко ЈАНЕВСКИ за Дневник

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This