КОЛУМНА НА ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС: Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

latas-640x426Значи, спротивно на очекувањата на домашната соросоидна јавност, победи Доналд Трамп. Југословенски зет, љубител на српска сарма, гарант за македонскиот национален идентитет, сопственик на три брака и два разводи, татко на пет деца и милијардер кој смета дека еден од најпрљавите ликови во американската политика последниве децении е – нивниот Џорџ Сорос.

Сето горе наброено од Трамп прави ноќна мора за нашата подземна, соросоидна и удбашка политика. Значи, има ли причина да се радуваме на овој американски избор. Да, има многу причини.
Прва и најважна е што зад сите балкански војни и бомбардирања од поновиов период стојат американските Демократи, предводени од Клинтонови. Особено зад бомбардирањето на Србија и Црна Гора во 1999, и косовската агресија врз Македонија во 2001 година, и сите последици од тоа.

Тоа не се заборава.

Јастербите на Клинтон, како НАТО генералот генералот Вестли Кларк или Клинтоновата министерка (секретар) за надворешни работи Медлин Олбрајт Косово ги награди со сопственост во капитални рударски и телекомуникациски компании.

Демократите од Вашингтон на чело со Бил Клинтон, и домашните соросоиди на чело со СДСМ, се автори и на откажувањето од името и знамето на Македонија во 1995 година, а во тие одлуки учествуваа и доследно ги следеа нивните грчки партнери од ПАСОК и Андреас Папандреу, кој во тој период (1993-96) ја имаше власта во Грција.

Македонија беше најблиску до НАТО на самитот во Букурешт, во 2008, кога американски претседател беше Републиканецот Џорџ Буш. И одлуката од ноември 2004, со која САД ја признава Македонија под уставното име, е дело на Републиканците и Буш.

Тоа, исто така, не се заборава.

Македонија сега е во состојба која тешко може да биде полоша. Полошо е само во војна. Блокирани сме меѓународно од Грција. Под удар сме на албанските територијални и етнички ширења кои во 2001 со сила и оружје го сменија уставот на Македонија, а во 2004 Црвенковски и СДСМ им создадоа нова територијална поделба по што Кичево и Куманово станаа федерални, двојазични, исто како и градот Скопје на кого му се уфрлија неколку албански општини од периферијата, по што македонската престолнина нема единствен, македонски службен јазик. Сега ни најавуваат двојазичност и федерализација на целата територија. Истите тие: СДСМ со Заев, соросоидите и клинтоновци.

Плус и обидот за државен преврат, како и кризата предизвикана од нив последниве две-три години, се во време кога на власт во САД се Демократите, и Обама. Шеф на операцијата е Викторија Нуланд, еден од најблиските соработници на Хилари Клинтон уште кога таа во Вашингтон го водеше секторот за надворешни работи.

Сите овие процеси беа поддржани од демократите во САД, пред се заради моќта и парите на нивниот финансиер и соработник Џорџ Сорос, и неговите соросоиди тука. Сорос нема клучно влијание за односот на Вашингтон кон крупните теми како Блискиот Исток, Германија, релации со Кина или Русија но, кога темите се мали источноевропски држави кои не се предизвик за големите играчи, Сорос е човек со големо влијание.

Во сите тие околности, дејствувањето на соросоидите однатре, на разбивање на институциите во државата Македонија, употребата на прислушувањето како легален политички инструмент, а уличните насилства и уништување институции, објекти и медиуми како демократија, бркањето странски инвеститори за да се доведе владата и високиот меѓународен рејтинг на Македонија на што пониско ниво… ја заокружува сликата, заклучокот дека сме во состојба која само со војна може да биде полоша.

А и војната не е далеку ако помине нивниот план за двојазичност и федерализација на Македонија. Секако дека создавањето трета албанска држава на Балканот не е опасност само за Македонците, туку и за сите околни држави, па и за Русија.

Затоа, смената на власт во САД за нас има големо значење. И добра надеж.

Советникот на Доналд Трамп, пасторот Марк Барнс, изјави: гарантирам дека за време на мандатот на Доналд Трамп САД нема да дозволат никој да ги загрози уставното име и идентитетот на Македонија и Македонците кој е нивно право, и нивна суштина.

Тоа се некои нови ветрови од Вашингтон. Поддршка каква што чекаме десет години. Тоа е сериозен удар за соросоидите и нивната политика. Како што им е кошмар неколку пати кажаната изјава на Доналд Трамп дека Џорџ Сорос е еден од најмрачните ликови во американската политика, кој создава проблем за сите а профит само за себе.

Трамп победи, и имаме причина за радост. Особено затоа што е победена Хилари Клинтон. Да, со Трамп за нас ќе биде подобро, без оглед колку подобро тоа ќе биде. За разлика од него, со Хилари ни беше гарантирано влошувањето на секој чекор. Самиот факт дека нејзин клучен советник и извршител на работите за овој дел на Балканот е Џорџ Сорос, доволно кажува што можеше да се очекува по нејзината победа на изборите.

Трамп го напаѓаат дека е националист и расист, што наводно било потврдено со фактот дека за него гласале околу 70% од американските белци, и само 25 проценти од Хиспаноамерикаците, што легално што илегално доселени од Мексико и Јужна Америка.

Ајде да ги видиме фактите. Трамп е женет три пати. Две од тие жени се емигранти, доселенички во САД, по што од петте негови деца четири се со емигрантски мајки. Последната, Словенката Меланија Трамп, на Си-ен-ен изјави дека е горда што нејзиниот син перфектно зборува словенечки.
Двата сина на Доналд Трамп, Доналд Јуниор и Ерик, осум години ги чувала и негувала Србинката Милка. Патем, ги учела по нешто и од српскиот јазик, а Трамп го навлекла на српска сарма.
Неговиот зет Џаред Кушнер, една од клучните фигури во политиката на Трамп, е Евреин, а еврејската вера по свадбата ја примила и ќерката Иванка Трамп.

Тоа ли е однесување и избор на националист и расист.

Од друга страна, откако беше јасно дека ги загубиле изборите, Демократите на Клинтон и нејзиниот финансисер Џорџ Сорос, според нам добро познатото балканско сценарио, организираа насилни протести против Трамп со порака дека не го признаваат за претседател. Тоа е школа на Сорос со децении вежбана на Балканот, источна Европа и Блискиот Исток. Тоа е нешто што САД не го видел досега, и јавноста таму е шокирана.

Протестите имаат и човечки жртви. Американските телевизии објавуваат снимки каде што приврзаници на Клинтон и Сорос претепуваат гласачи на Доналд Трамп.

Она што комотно го гледаа во Србија, Македонија, Украина, Либија, Грција… сега Америте го гледаат во својот двор. Допрва ќе видат какво ѓубре е нивниот Џорџ Сорос.

Тоа не е наивно. Освен што е исклучок и шокантно за САД, тоа е вовед во некои идни демонстрации и насилства против Доналд Трамп откако ќе стане претседател, и ако некои негови одлуки не им се допаднат на играчите од подземната политика.

Сосема е сигурно дека владеењето на Трамп нема да помине мирно во САД. Ќе има константни, чести демонстрации и насилства за да се слабее и деградира неговата власт и авторитет, ако не и нешто полошо. Подземната политика нема граници.

Трамп има намера да биде поинаков претседател. Времињата се променија, и заради лошата подземна политика на Демократите на Америка не и се пишува добро.

Тој не доби власт од лоби групи и матни бизнисмени. Отиде лично меѓу граѓаните и тие во тој принцип препознаа свој човек. За почеток, Трамп се откажа од својата претседателска плата која изнесува 400.000 долари годишно, и најави дека нема долг кон никого, и ќе создава тим ослободен од шеми, од корупција и подземна политика.

Бидејќи нема соодветна поддршка во својата Републиканска партија, во неговиот прв тим ќе ги вклучи двата сина и едниот зет, како луѓе од од доверба кои веќе имаат сериозни добри резултати во бизнисот, комуникациите и тимската работа.

Американската моќ и превласт, особено воената и економска доминација, се темели на постојан низ нови војни и наметнување поредок од интерес за САД. Сега, со лошото наследство од Демократите кое создаде силна Русија и Кина, и Блиски Исток надвор од контрола на Вашингтон, Трамп има намера да го смени тежиштето на американскиот притисок.

Од Источна Европа да се пресели кон Кина и Далечниот Исток, а за возврат од Русија да добие компромис на Блискиот Исток и зацврстување на американската контрола врз тој дел од светот. Враќањето подразбира и цврст сојуз на САД со Турција.

Фокусот на Трамп од Русија се сели врз Кина, сила во експанзија која, патем, урива милиони работни места на Американците кои од Трамп очекуваат нови вработувања.

Математиката подразбира и отстапки на Вашингтон, враќање на Русија на овој дел од Балканот, стоп за албанската експанзија и исламизацијата, запирање на тензиите.

Ова е сосема можно, иако постапката е исклучително сложена и ризична за Трамп.

Хилари конечно замина. Некои се разочарани, но Бил Клинтон е очаен.

Според еден виц што кружи деновиве, Бил Клинтон нема никогаш да му ја прости победата на Доналд Трамп. Сега, неговата Хилари ќе му биде постојано дома. Ужас.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This