КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Има ли надеж?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако од први јули сум на одмор на подалечна дестинација, па сакам овој 7-ми месец да ми е порелаксиран, сепак по некој пост поставувам на ФБ.

На последниот “Ако се овие надеж – нема надеж“ имаше прашање од Марјан Манаилов (не знам дали е фејк или вистински лик), каде вели: Можеш ли да образложиш. А бидејки и кога го пишав постот мислев да е со објаснување, но сепак се решив на скратена варијанта, еве го сега објаснувањето, односно образложувањето.

Групата од 7-мина во Домот во Битола, би сакал да верувам дека се искрени во своите намери, но и летимична анализа ќе покаже дека не се.

Веднаш да одговорам на прашањата од типот “А кој друг освен овие е храбар, кој друг го вее знаемето од Кутлеш“ и слично. Одговорт е народот. Јас, ти, тие, оние – ние сите.

За да е некој НАДЕЖ, треба да му веруваш. Да му верувам, да му веруваме.

Јас, не знам за други, ама јас не можам да му верувам на Филип Петровски кој промени толку многу партии, фракции и партнери, да ја шие За За Габор у број на бракови и разводи. Не можам да верувам на дипломиран филлзоф кој беше Генерален директор на Лотарија, а кој поседува дузина лажни профили од кои ги напаѓа и блати дури и своите најблиски и долгогодишни пријатели.

Не можам да му верувам на Тодор Петров кој постојано бара да дошле “нови деца“ во политиката. Бара промени на изветвени лидери, политичари, партиски функционери. А во исто време е НАЈДОЛГОВЕЧНИОТ Претседател на една инстутуција во Македонија. Значи, никој како Тодор Петров, не е Претседател на нешто (во неговиот случај Светскиот Македонски Конгрес) три десетлетија!!! За таму нема ли потреба од свежина, од нови деца, од промени? Како да му верувам на човек кој е десничар а нема фамилија и поколение. А и нема ниту една слика со жена во неговата близина?! Дури и Пимен и Наум си се рашшетуваат со путенца, овој не!

Не е за верување ниту на Јанко Бачев, бидејки во џандар и куче (со исклучок на шарпланинец) верба нема. Колку до вчера на листата за парламентарни избори имаше ментална наказа и ретард во ликот на Шамарлитико! Како да му верувам на Бачев кој пролетоска му ветуваше на Стефан Влахов Мицов, популарниот “Нокте“, дека ќе биде негов претседателски кандидат, а сега таа кандидатура му ја дава на Петров? Како да му се верува на човек дека ќе донесе надеж кога досега влегуваше и излегуваше во секоја коалиција која ќе се појавеше на политичката сцена, и лево и десно?!

Дечкото во средина на сликава и оној на крај десно не ги познавам и не знам кои се, па со самото тоа не можат да ми се надеж. Кога по отворено ќе се претстават на Македонската јавност, тогаш ќе цениме дали се или не се надеж.

Крајно, двата лика на Солза и Палчо, извесно се најсимпатичните во ова друштво. Некако донкихотвски и санчопансовски симпатични. Ама, не се надеж. Палчо е урбан тип со урбани решенија на политички проблеми. Фарбањето на шарениот Герис е епски настан. Но и тој како и таа активни политички толку години, не можат да генерираат народ. Па сакале нејкеле им треба друштвото со Вилипчо, Тошо ергенот, Бачев џандарот и ним слични.

Затоа сметам дека они не се надеж.

Ова е текст за овие 7-мина. Одговор на прашањата од типот дали е ВМРО ДПМНЕ надеж може да најдете во моите и колумните на луѓе што пишувале на Дудинка. Само треба да се потрудите да скролате надолу и да шитате. Инаку, се е веќе напишано. И тоа одамна.

Миленко Неделковски

Некаде на Јужниот Пацифик

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This