КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Народот повторно ќе го освои Парламентот, и ќе ги поншти предавничките договори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последнава капитулација што ја доживеавме, оваа од Вулгарите (претпоследната беше 2001-ва од шиптарите), е продолжение на серијалот насилни хируршки интервенции врз историјата, територијата и идентитетот на Македонецот.Ова е стогодишен “Букурешки“ процес на обид да се уништи било какво поменување на библиски народ – еден од 4-те што се споменуваат во Библијата.

Вулгарноста да тоа и во 2001-ва и сега се прави преку племиња дојдени и населени од Средна Азија, е од две причини! Првата е што на тој начин нарачателот на “проектов“ се изживува со нас преку понижување и навреда. Докажува дека може да си прави што сака. Може да измислува истории, да брише настани, да создава народи – со еден збор, да изигрува Господ. И вториот е, што тие две племиња, на исток и запад од нас, секогаш биле послушни, исполнителни и секогаш си барале да си имаат робовладетел. Оти сами не можат да функционираат. Сами се ретардирани и како такви неспособни да опстанат. Постојано им треба тутор, како на тешко хендикепирани лица. Слугувањето на Хитлер и Сталин на источното племе, и на Енвер Хоџа на западното племе, се доволен доказ за ова што го тврдам.

Како што би рекол Кајзер Созе во Usual Suspects, “најголемиот трик на ѓаволот е да те увери дека не постои“. Кај нас “ѓаволот“, односно “Џокер“ (на политичката сцена имаме и Бетмен), покрај ова оди и чекор понатаму. Односно, улогата на разнебитување на државата и влегувањето под мадињата на вулгарите му ја додели на политичкиот субјект што 70-и-кусур години тврди дека е државотворен, а за сите 70 години ги пизми и оцрнува бугарите и Бугарија, и ги етикетира и прогонува оние што наместо просрби, се пробугари. А оние кои цело време беа само и единствено Македонци, ги прогласуваше за пробугарски елементи.

Karma is a bitch како поговорка е голема вистина. Но сега, судбината (кармата) како вистина директно ги погодува србо-комуњарите кои им судеа и ги осудуваа Панко Брашнаров, Ченто, Ристо Шишков оти не беа наколените кон Белград… Тоа е партија наследник на КПМ, односно СКМ, која се колнеше во “Темпо најмилиот брат“, која 10 години некрофилски пееше “да са твога пута не скренемо“, која на референдумот подметна реченица “со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Партија која се преименува во рамките на независна и суверена Македонија, но продолжи со истата анти-бугарска стратегија. Тито Петковски е сеуште жив. Живи се и сеќавањата на таканаречените “бугарски летоци“ што тој се обиде да ги подметне низ Скопје со помош на скопското подземје, а за нив да ја обвини ВМРО ДПМНЕ и Љупчо Георгиевски.

Е на таа партија, на нејзиното раководство и членови и се погоди кармата да гази по се што мислела и се занесувала дека е. И се погоди судбината да ги помоча коските на своите херои и на своите повоени високи функционери. На потомството на црвената комуњарска буржоазија и е доделена задача да се испосере самата себе си.

Јако, по јако – здравје.

Како што прецизно би формулирал еден наш пробугарски великодостојник “оваа работа ВМРО ДПМНЕ никогаш не ќе можеше да ја одработи“.

И, точно така. Колку таа партија и да имала б’лгарски происход во делови од своето раководство, колку и да имала членови, па и раководни фигури, со бугарски пасоши – сепак, никогаш, ако ништо друго заради етикетата дека се про-бугари, заради тој наметнат комплекс, НИКОГАШ немаше да ја побугарчат Македонија, како што тоа го направи СДСШ со црпнат лидер на чело, но и со желно за бирократско-функционерски фотељи членство (Бубо Каров, Пале Богоевски, Коко Бојаровски, Амон Сра, Забрчанец…).

Кога сме кај овие фигури, да поставам неколку прашања:
1. Дедото на Амон Сра бил некој партизан во преспанско и повоен функционер на УДБА и ОЗНА. Во и по војната, главен непријател му бил бугаринот?! Сега како е?
2. Натаму, еден од најголемите Македонски јунаци е Страшо Пинџур од Ваташа. Како тоа Бубо Каров сега е дел од потпишување на договорот со неговите џелати?! Или, “Цацко“ е веќе отрпнат откако го имаат набркано од неговото село заради инцест откако се оженил за прва братучетка.
3. Или Коко Бојаровски од “црквата“ на Вранишковски! Како оди против својата црква, духовен татко и про-срспката ориентација. Сигурно знае дека многу скоро ќеима сослужување помеѓу МПЦ и БПЦ односно нивните владици. Веројатно во Бигорски. Е мој Коко… Путенце…

Овие примери само покажуваат дека сите шарени револуционери, рушачи на “режимот“ на Груевски, биле само подлизурковци гладни за фотеља, службено ауто и телефон, корпоративна кредитна карта, бодигард, шофер… Тие едноставно не се ниту про-срби, ниту про-бугари, најмалку од се македонци! Тоа не се луѓе. Тие се багра која се продава како најдолна камењарка од зад МРТВ. Проститутки за “две червени“. Дудлачи.

Нема меѓу нив маж што ќе праша “Која песна ќе ја пееме? Вашата или нашата?“ Нема мажкој ќе ги каже думите на Делчев: “Додека моето рамо држи пушка, Бугарин во Македонија нема да владее“. Нема друг маж, со исклучок на авторот на текстов, што недвосмислено и ефектно се спротистави на нелегалната бугарска окупација и дејствија на Кајмакчалан од страна на војници на бугарската армија.

За текстот на потпишаниот договор за која на долго и широко се дебатира во досадни дебатни емиси, не вреди да се троши ниту секунда, ниту буква.

Зошто?! Едноставно затоа што договор потпишан зад три реда челилни огради, вклучително и онаа од која ќе се правеа клупи, договор потпишан со воведен полициски час во Скопје, договор потпишан со испразнети улици, илјадници полицајци и специјалци, тешко наоружување, воедни топови – е јасна слика колку е тој договор добар. И уште појасно е колку тој договор ќе биде прифатен.

Тоа е вчера. Плус денеска, на ден Илинден, патот Скопје – Градско кој го поминав утрово, беше блокиран од силни полициски сили. На секоја кривина имаше џандар со автоматско наоружување и панцири. Толку, и вчера и денес, оваа власт, оваа партија на власт СДС, има страв од овој народ. Ако нема страв, ако договорот со бодигардот Бојко е добар, ако обраќањето на шипо на Мечкин Камен е во ред – не би имало потреба да има распоредено такви силни безбедносни сили. Зошто толку страв? Од кого? Од што?

И најважно, заради што? Сигурно не е заради тоа што сеуште не го шитнаа Мерцедесот и што финансискиот министер не им знае разлика помеѓу бруто и нето.

Од што се плашите, бе?! Мирка Велиновска во повеќе наврати ви објасни дека народот нема да удри по вас кога вие мислите дека ќе удри! Нема да ви најави. Нема да биде кога очекувате. Народот ја нема силата на огромните боеви возила за разбивање на демонстраци (што ВМРО ДПМНЕ ниту еднаш не ги искористи, а ги купи.). Народот нема софистицирано наоружување, агенти во цивил, специјални единици. Народот има само една предност против вас уништувачи на државава – фактор изненадување. И со таа предност, со тоа “наоружување“ ве остава без сон. Без мир и спокој за вас и вашите семејства.

Затоа, заради тоа “оружје“ што го има народот вие мора да го блокирате цело Скопје, цел автопат! Но, залудно! Тоа што ќе ви се случи, нема да се случи тогаш кога вие сакате. Ами народот кога ќе сака.

Јас пред неколку недели објавив еден проглас. Да го повторам накратко: Договорот меѓу Бојко и Црпко за Македонија и Македонскиот народ е невалиден, незаконски, неуставен – значи криминален. За потписниците и составувачите, за сите од 1999 до денес, ќе има кривична одговорност и тешки затворски казни за велепредавство.

“Договорот“ при следното освојување на Парламентот од страна на Македонскиот народ и нивни парламентарни претставници ќе биде поништен. Исто како и Охридскиот рамковен договор од 2001-ва и територијалната организација од 2004-та.

Доколку тоа не се случи, Македонија и Македонскиот народ нема да постојат.

Јас не сум спремен на такво нешто.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Миленко Неделковски

02.08.2017
с. Војница – родно место на Коле Неделковски, отепан од бугарите 1941-ва.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This