April 19, 2024, 11:50 am

КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Парелелна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Milenko-so-casa-MilenkoМе интересира како се вика нешто што е “паралелно“, ама не е од две работи (две линии), ами од 5-6 или повеќе. Да појаснам, ако се вика за нешто “2 паралелни лини“, како се вика ако 6 линии идат паралелно. “Шесталелно“?!

За пријател прашувам?!

Имено, во нашава држава, како и во Турција и многу друг светски држави, констатирано е дека имаме ПАРАЛЕЛНА ДРЖАВА. Во Турција, на пример, едната е онаа на Ердоган. Паралелната е онаа на Ѓулен и американците.

Е, ама ние во Македонија, мора да сме поинакви од било кој друг.

Ние немаме две “линии“ да се паралелни. Ами 5-6. Имаме во исто време 5-6 параелни држави.

Па, да ги набројам паралелнвие држави што битисуваат во Македонија:

  1. Првата, секако е онаа која е официјална. Тоа е таканаречена “еден е изборот – НАТО и ЕУ“ држава. Односно официјалната Влада на РМ. Таа има премиер кои ние не сме го гласале за тоа да биде на последните избори. Ние си го гласавме Груевски. Оваа паралелна држава има министер за одбрана што исто така не сме го гласале, ниту пак бил понуден во предизборието. Јолевски е избор на американците, како што Поповские е избор на Брисел.
  2. Втората “паралелна држава“ е онаа на ВМРО. Оваа е единствена функционална, оперативна, присутна, дисциплинирана и посветена. Оваа “паралелна држава“ е единствена во која народот верува. Исто како што и на лидерот на оваа “паралелна“ Груевски, единствено народот му верува. Оваа “паралелна“ ги има сите инструменти за владеење, борба, организираност, мотивираност, патриотизам. Како Пирин планина во времето на Јане Сандански во Отоманскиот период.
  3. Третата “паралелна држава“ е онаа на СДСМ. Тоа е гној опција. Таму се луѓето што живеат во илузија дека “природно им припаѓа правото да владеат“. Таму се наоѓаат очајници од типот на Фрчко кои за да им се претвори сонот во јаве, им е потребно Специјално јавно обвинителство, потоа им е потребен зголемен термин за функционирање на тоа обвинителство, потребен им е и Специјален суд, потребна им е и специјална полиција. На крајот ќе им биде потребен и специјален народ, оти ќе ги имаат сите институции што ги посакуваат, ама главното за да имаат држава ќе го немаат?! Народот.
  4. Четврта паралелна држава е онаа на шарените сороспии. Тоа е опција која се бори против институциите на државата се додека не се вработи во нив (Нора, Огненка, Цаневска Арсовска, Сра…). Тоа е револуционерна опција која мора да има пауза за викенд, празник и годишни одмори. Тоа е сорос-долар опцијата.
  5. Петата паралелна држава е опцијата на племето. Тие, од големата измама на Бранко Црвенковски и САД со “признавање“ на нашето уставно име во предвечерјето на референдумот за територијална поделба, си имаат паралелна држава и институционално со одвоените општини. А не само револуционерно со добиената војна.
  6. И шетста паралелна држава е онаа на МПЦ. МПЦ, институција која би требала да биде последната линија на одбраната, со десетлетија се занимава сама со себе. А не е во служба на народот. Србомани, Гркофили, Бугарофили, богаташи, потписници на Нишки договор, владици со сексуален “Качавенда“ синдром. Испокарани меѓу себе, набутани во најскапи автомобили, одродени од народот, дебели како мене иако би требало постовите да влијаат на ниваната линија… Живеат паралелен и себичен живот. За 25 години МПЦ и владиците ниту еднаш, и во најтешките моменти за народот, не излезе со своја, би ја нарекол, политичка изјава/став, односно прокламација. Ниту за време на криминалната транзиција, ниту кога имаше еднопартиски парламент БЦ, ниту 2001, ниту за територијална поделба, ниту со шарениве сега – никогаш. Но, затоа редовно и ревносно доделуваа највисоки црковни одличја на своите најголеми спонзори Хари Костов, Ристо Гуштеров и Трифун Костовски и слични гниди, луѓе што станаа милијардери на сметка на трудот, потта и крвта на Македонецот.

Паралелните држави станаа мода во светот. Ете, Македонија донесе нови дострели во таа мода. Мултипаралелна држава.

Сите што прават заговор и дестабилизација на државите со создавање паралелни институции, власти и држави – во своите стратегии признаваат дека имаа само една непозната! Народот.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This