КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Синхронизирано!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

dacic-1Млого синхронизоано ово, “брате“ србине?! Млого!

Види бога ти:

Еди Рама интензивно ги собира неговите соплеменици од Македонија во Тирана!
Коѕијас имал предлози за името, одговор чекал мажот!!!
Дачиќ утврди дека србите биле браќа со афричкото племе од југот на балканот!!!
Како баш сите во исто време?! Како баш сега?

Па нели е провидно Дачичу – соросчичу, Молошевичев ученику?! Нели е провидно?

Пак ли, како и пред балканските војни, како и пред Прва, како и пред Втора светска и се навртевте на Македонија? Онака, СИНХРОНИЗИРАНО!!!

Накратко, да резимирам:

Македонија не е виновна што србите со децении за големи пари си ги продаваа имотите на албанците низ цело Косово. Па сега, чии се овците – негова е планината.
Цело ЕУ го призна Косово, го бутна во УНЕСКО, ама и во ФИФА и УЕФА. Па не видов “храбриот“ Дачиќ да им се наврти на Германија, Британија, Италија, Франција, САД!!!!! Македонија е виновна за приемот на Косово во Унеско?! Брејјјјј, каква сила била Македонија?!

Македонија не е виновна за предавствто на сопартиецот на Дачиќ – Слободан Млошевиќ, кога беше намерно загубена војната (и териториите) од Хрватска.

Македонија не е виновна што од Србија до Токија, бидна само Србија ко Нокија. Што од Големосрпските планови на САНУ остана само Белградскиот пашалук.

Македонија не им е виновна за договорот од Куманово, ниту ониј од Рамбуе, ниту пак од Дејтон.

Но, Македонија е виновна што:

Му простува криминал и антидржавно однесување на Зоран Вранишковски.
Што МПЦ сеуште тајно преговара со СПЦ на платформата од “Нишкиот договор“.

Што дозволува српско славење на победа што значи окупација на Македонија на Зебрњак.

Што го чествува српскиот (окупаторски) претседател на Кајмакчалан, каде за српската круна пред 100 години гинат 100-тици илјади насилно мобилизирани Македонци (летово ќе им опнам споменик во името на сите намачени МАКЕДОНСКИ души).

Што на Македонски национални телевизии дозволува српски шунд.

Што Македонски градоначалници секоја година здушно дебело финасираат остарени, заборавени и пропаднати српски фолкери и рокери. Кои, ако не се градовите од Македонија, нема каде да пеат.

Што спорстките коментатор на Арена и Скај се исклучиво на српско-хрватско-босански јазик.

Што Македонските реклами одат на српски (хрватски, босански…) спортски преноси, а не на Македонски телевизии.

Што Министерствто за култура наместо да го штити Македонскиот јазик и традиција дозволува Фарми и фармосување.

И, така.

Нам во Македонија ни се јасни вашите големосрпски, големоалбански, големобугарски и големојунинистански агенди. Јасни ни се веќе неколку векови. Така да ова не не‘ изненадува. Напротив. Вие си докажувате дека и покрај обландите и навлеченото руво од јагененце, сепак сте шакали со агенда за распарчување на Македонија. Тоа ние си го знамеме.

Затоа на вас од Белградскиот пашалук, на вашите “ браќа“ од Африка што се населени на Пелопонез, на нашите источни соседи Татарите и на племето од Запад не ви одговара 11-те години последователни победи на ВМРО и Никола Груевски. Затоа не ви одговара влада по волјата на народот. Вас ви одговара некој што има состанок со “коресподент“ на италијанската амбасада.

Е ама, “брачо“ срби, НЕЧЕ МОЧИ ОВЕ НОЧИ.

Ние, имено, овдека не сме ги заборавиле Гарванскиот масакр, Тиквешкото востание, Охридско-Дебарското востание, Темпо “најмилиот брат“, војводата Бабунски, Лазо Мојсов, Панта Марина… Не.

А вие, секако, никогаш нема да ги заборавите Владо Черноземски, Мара Бунева, Јордан Мијалков…

https://www.youtube.com/watch?v=FkpGn7WhWSg

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This