КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Smart Ass(es)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако има нешто што може максимално да ме изиритира, тоа се типови што се прават smart ass. По нашки тоа не е така вулгарно и би се превело како “паметњаковичи“.

Особено е иритирачки кога таков (такви) smart ass-овци се во политиката.

Тоа се луѓе што те гледаат во очи и те лажат, се лутат кога ќе им кажеш дека лажат, возвраќаат со навреди кога со аргумент (слика, тон, изјава, напишан текст од нешто што направиле) нагледно им кажуваш дека се глупи. А сакаат да изгледаат дека се паметни.

Инаку работите за кои се гледа дека лажат и излегуваат апла глупи се јасни, видливи и општеприсутни. Па така имаш smart ass кој твдри дека Русите ја отруле Скрипл фамилијата, иако самиот Скотланд Јард тврди дека немаат докази против русите!!! Друг smart ass тврди дека запрашува против комарци, ама тоа ние не може да го видиме оти авионите се бесшумни!!! Други smart ass-овци тврдат дека секој месец платите се покачувале, иако никој тоа не го има видено на платниот список или банковата сметка!!!

И се така по ред. Опозиција, позиција…, ама подоста ги има и оние што не се ни СДС ни ВРО.

Еве, најновото нешто се истражувањата на некоја си компанија која твдри дека довербата во ВМРО ДПМНЕ се покачува а во СДСМ се смалува. И истото истражување покажува дека малите пајтон партии не постојат на мерната скала. Нешто како нечујните авиони на Шилегов.

Веднага реагира поранешниот висок функционер на СДСМ Љупчо Павлевски Палчо со коментар дека некој си таму лик што го правел истражувањето со години работел исто, односно не давал вистински резултати. Имено, Палчо смета дека тој (тие) како политичка опција мора да се со некој процент присатни. Па на Палчо се надодаваат од Оливер Спасовски дебело финасиран лик кој се вика Јанко Бачев, а на него шлаг на тортата “Не чини истражувањето“ е претседателот на малубројната и пропадната Демократска Десница Вилипчо Петровски.

Јас лично не може да тврдам дали истражувањето е во ред или не. Дали СДСМ паѓа а партијата на Мицковски се враќа на сцената. Не можам да кажам и дали Палчо, Јанко и Вилипчо се оштетени или не.

Јас само може да кажам дека она што го тврдат smart ass-овците лесно може да се провери.

Имено, јасно е како успешно, брзо и трајно ќе се сруши оваа окупаторска фашистичка власт на Џес Бејли и неговата кукла Зоран Заев?! Јасно е дека само со СЕОПШТА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ и БОЈКОТИРАЊЕ на секој потег на окупаторот, ќе се сруши и стрпа во затвор оваа клика. Со општо неплаќање струја, даноци, попречување извршители, струјари, полициски интервенции, со блокада на крстосници, автопати, аеродром и гранични премини… Блокада на странските амбасади и резиденции. На тој начин, денес да започне, на први септември ќе имаме држава ослободена од фашистичкиот окупатор.

Тој филм, на сите ни е јасно, нема да го видиме од Христијан Мицковски и ова ВМРО ДПМНЕ. Тие си имаат друга стратегија. По мирна, по кротка… Како авионите на Шилегов, нечујна. Тие си мислат дека таа стратегија им е исправна и дека ќе ги врати во “коцките“ на Вардар. Секако, нивно право е да си го мислат тоа. Исто како што Заев си мисли дека вечно ќе остане во Мерцедесот што требаше да го продаде за да лечи тамари и зад оградата што требаше да ја сече за да прави клупи.

Нивно право.

Но “тројката“ Палчо, Бачев, Вилипчо, спротивно од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кога е на власт, се залагаат за ептен радикален пристап. Со качувањето на полициското возило, Јанко Бачев и со фото имиџ ја најави својата агенда. Колку што имам разбрано на две-три кафе пиења со Палчо, каде го оговараше Вилипчо оти уцвикал на некој си митинг да говори, тие се за радикални мерки. И тоа е нивно право. Да мислат дека со радикални потези ќе го привлечат граѓанството кон себе.

Е, ако математички прецизно собереме 2 и 2, би требало да излезе 4. Или барем 1 и еден да се 2.Ама, кај smart ass типови тоа никогаш не е 4, а Богами ниту е 1.

Значи, тројката од пајтон партиите сака со радикални методи да ја собори оваа власт но и да го ничкоса ВМРО ДПМНЕ. Тоа е број еден. Број два е дека сметаат дека имаат огромно членство и подржувачи и дека некоја си фирми и некој си тип таму не им измериле добро.

Значи 1 и 1 би било 2 кога тројката Палчо, Бачев, Вилипчо би го повикале тоа огромно членство и тие илјадници симпатизери, кои проклетниците од некоја фирма не им ги избориле, и на терен би ја спровеле својата радикална агенда.

Е ама, 1 и 1 не се 2, оти за овие тројца важи бугарскиот виц “ште те еба, ште умреш“. Тие, не повикувајки го своето “огромно“ членство и симпатизери за ефектуирање на политиката и акциите што сакаат да ги спроведат, всушност завршуваат со последниот збор од горенаведениот виц “живеј“ (со акцент на “е“).

Инаку стварно, ако имаат толку многу симпатизери и истомисленици, ако сите нив може да ги повикаат и мотивираат, ЗОШТО ТОА НЕ ГО СТОРАТ?

Стварно бе Палчо, сте се пребројле ли кој колку члена има во вашите партии. Па ти си градски лик, далеку над двајцата провинцијалци. Знаеш Палчо дека за седнување на астал за покер, без разлика дали се игареше “америкен“ или обичен, секогаш се бараше “декларе“. Со гол г‘з риба не се лови, ниту без пари се земаат чипови на покер. Вие бе Палчо, сакате луѓето на “жими мајка“ да ви поверуваат!

Еве, Мицковски против кого вие сте својски тргнатти, како и ти да си платен од Оли Спасовски, вели дека има 24% подршка и дека неговиот му се дигнал за 3-и-нешто посто, а на Заев му паднал за 1-и-кусур посто.

Твојов како? На Бачев и Вилипчо каков?

Дајте бе smart ass-овци, декларирајте се.

Миленко Неделковски

Скопје 10.08.2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This