КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Кога долгогодишни инсајдери ќе станат аутсајдери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_kolumnaОваа колумна ја почнувам со упатство за читање кое го сметам за нужност. Неделава се уверив дека ние, нормалните луѓе наспроти обрежаните сливи истретирани по Прунинг програмата на ,,Монсанто“ лабораторијата на Стејт департментот, иако користиме исти јазични симболи во општењето, ама баш ич не се разбираме. Во очекување еднаш да се разбудат од длабок сон експертите за јазик и да почнат да се бават со наука и во недостиг на надграден толковник на политичкиот јазик кој ќе ја преиспита содржината на секој збор што се употребува, а добил значење поинакво од тоа што го знаеме, јас почнувам. Зашто очебијно е дека вредносните системи се суштински променети, па денес, на пример, веќе не е срамно ноторни криминалци да говорат за чесност. Безобразници да спомнуваат образ, политички опајдари да се повикуваат на морал, безрбетници и платеници да спомнуваат интегритет. Мислам дека досега не сме ја разбрале пораката од Библијата за рушењето на кулата вавилонска. Не е проблемот со заемното разбирање во мноштвото јазици кои ги зборува човештвото. Проблемот е во тоа што поради различните парадигми (вредносни темели) зборовите како симболи во секој јазик немаат исто значење или вредност.

Така на пример, по експлозијата на емисијата ,,Аргументи“ со најава дека допрва ќе добие крштелно и гостинка со кодно име Тринитротолуол (*за по дома и за обожаватели Kејти Бјонсе која своите специјални предмети по директива на Чадорот ги заведува под буквата ,,Т“), проект на новата МРТ, тргна лавина од реакции. Може да се поделат на две главни групи. Огромната која остана вџашена или без здив и со рој прашалници пред енигмата кој дебил (*според најновото толкување на експертот и адвокат ем советник на ТНТ, Александар Тортевски, дебил означува комплимент) воопшто можел токму Kатица Јанева да ја предложи, па тренира и на крај да ја постави за прв обвинител во ад хок-кенгурскиот трибунал (дебело антиуставен субјект) во фингирана кризерајка со работно име ,,бомбите на Заев“? И втората, која се впушти во одбрана на тоа што по стариот вредносен систем означуваше срам, брука, неписменост, дунстерај, неспособност и несвесност. А во овој сегашниов шарен хаос треба да се перципира како јавна култура, умност, знаење, способност и стручност. Интернетската дебата ја сметам за историски вредна документација, која мора да се сочува како архивска граѓа за по сто или двесте години да се преоцени македонската и американска генерациска оставина.

Сепак, бидејќи секое лошо е за некакво добро, и оваа колективна фрустрација заради ваква срамотна парада на глупоста, може наместо разочарување и нарушена самодоверба во сопствената вредност да се доживее оптимистички како јавна и тотална демистификација на митот за македонските политички и општествени елити. Вклучително и новинарската. Јас, на пример, ментално си прожектирав цело филмче во кое главна улога имаше Горан Михајловски ,,Пиже“, долгогодишен новинарски инсајдер од што наводно морал и денешен аутсајдер од што сака, кој за специјалката Kатица напиша таков екстатичен омаж што човек да помисли дека Пижево првпат се сретнало со својата идеална жена. Kонечно и овој блазиран Пинки го виде својот Тито. Прогледал откако го накљукале со доволно жетони. Дејствието во моја режија се одвиваше паралелно: Лево ја гледав и слушав Kата, а десно го читав циникот Пиже како раскошно онанира споделувајќи ја со јавноста својата интима додека пишува ,,Сакам да кажам“ за Kатица Јанева. Што да ви расправам! Вакво шоу нема кој да ми приреди освен сама да си го смислам. Во исто време да гледаш како сиромашкава не може да изговори ни добра вечер ако не прочита и шегобијниот Горан кој се мајтапеше во продолженија со ,,разумен компромис“. Е, па бистро аутсајдерско друштванце, сега цела нормална популација сфати дека е жртва на неразумен компромис направен без нејзина согласност, а од страна на политичари ставени под притисок, под страв и уцени. Вие сите на куп сте дел од тој неразумен компромис, кој во старо време се викаше улавштина.

Верувам дека нема некој кој сега не знае зошто се од повеќе потребни коренити образовни реформи, независно преоценување на професорите, затнување на законските дупки што произведуваат неписмени и неспособни ,,бијонсиња“, бројлери и сливи за калемење. Или дека не му е јасно кој и зошто ги организира пленумските востанија и буни, а во склоп на куртон-револуцијата. Мора да признаете дека ваква јавна бламажа на кадарот на Џес Бејли и Чарлс Гарет е таква феноменална гротеска што ги надминува рамките на секоја сатира. И што е најебитачно, с` е нивна интелектуална сопственост, од продукција, преку кастинг, до режија. Со с` нарачаните пофални критики и подготвената цензура. Што да ви кажувам! Вистински блокбастер!

Јас оваа мизерија ја гледам како најголема јавна лустрација која едно општество можело да ја изведе. Благодарение на Фиљана Kока, која очигледно минала програма на калемење или обрежување или осливување. Му се наврте на инсајдерот во МРТ кој ,,срамната“, а всушност болно веродостојна снимка, ја раширил во нецензурираниот комуникациски простор. Барајќи од некој авторитет инсајдерот да го истретира како Бредли Менинг (*да му смени личен опис до балчак), Kока не успеа да ни разјасни зашто овој анонимен инсајдер по кого ќе трага ЦИА е штетник, а Зоран Верушевски и Црпко Заев се корисни? Затоа ли за нив нема апели за нивно откривање и сурово казнување? Лустрацијава по Макартиевите принципи што ја заговара македонскава ,,левица“ позната како комуњарска, а финансирана од дрти капиталисти, е единствена константа. Малку само е шизофрена зашто и за првата перманентна која почна од 1948 и ја вршеше истата единствена ,,опција“ едно пола век, и за оваа што сега ја турка Kатица со Заев и соросоидното усаидно џубокс стадо, целна група се сите оние кои заговараа национална самосвест и самоуправа, политички плурализам и економски капитализам. Навистина е шашаво оние што беа цензори и лустратори, кои ловеа идејно-политички неподобни, а во неуспешната втора лустрација беа разгологазени јавно како агентура, кодоши и бездарници кариеристи, значи, се од ред инсајдери кои работеле за домашните тајни служби, сега да ни парадираат како платени аутсајдери напикани под американски чадор. Тие би пак да се лустратори. Сега ќе ловат инсајдери. За да ја потонат Македонија повторно во мрак и тишина. Што им се мота во главиве на овие џубокс или жетон новинари? Гвантанамо ли ќе да го копираат овде? Преку СЈО и сливарникот на Kале?

За другите не знам, ама баш е гротескно што во паралелната држава Македонија во која Џес Бејли е големиот протектор, а друштвото неспособни и глупави подопашници негова послуга, како некаков авторитет се јавува извесниот Мирче Адамчевски, кој од името на некаков си Совет за етика во медиумите ни испраќа директива по принципот на ,,демократскиот централизам“ да не сме го злоупотребувале добиениот материјал во несоодветен контекст и без почитување на стандардите на чесно, коректно и објективно новинарство. Па уште ги повикува новинарите да известувале за теми од јавен интерес зашто требало да бидат одговорни пред својата публика и општествената јавност, без да служат на какви било посебни интереси!?

Па бре на човеков изгледа ништо не му е јасно. Прво дека тој не е никаков авторитет. Не е легитимен. Kој го прогласил за мериторен фактор кој оценува етичност? Kој го избрал бре? Kој го верифицирал? Ова му доаѓа во стилот кој ќе сони ќе си се самопрогласува за она за што сонува. Просто: Аутсајдер е. Платеник на друга држава. Никого во Македонија не претставува. Не знае што е професија новинар. Тој никогаш и не бил новинар иако работел во новинска куќа. Секогаш бил само опортунист – гребатор. Не паметам кога бил етичен или го имал на ум општествениот интерес. Најмалку разбира што е морал и коректност. А за теми од јавен интерес ич да не зборувам. И сега, ви се молам тој ќе ни задава задачи од позиција на функционер на американска амбасада! Kој е тој Совет бе што гледам се јавува и со свои оцени за пишување или говорење на новинари што не даваат агентура да ги калеми како сливи или да им крши ’рбет за пари. Па го сретнав во колективната тужба на левациве од шарената американска специјална НВО вандалска единица со свое мислење и оценки за мојата работа. Демек на тужбата Мирче ќе дал тежина оти е авторитетен фактор. Им го знам стилот на работа. Очекувана предизборна тура на притисок за замолчување, стокмена во наводно експертско мислење на етичари платеници. Богами ќе ги влечам во јавност за да им се утврди легалност и легитимитет, да не кажам кредибилност. Оти нешто веќе не ја гледам кредибилната Дуња Мијатовиќ. А ни Ван Хуте. Kои се бе овие самоназначени, црпнати идејно-политички и морално политички цензори, егзекутори кои како бубашваби излегуваат од подрумите на неолибералното всушност неофашистичко министерство за вистина на Вашингтон? Kаква заебанција е Радио Слободна Европа кое преклани го купи Џорџ Сорос сега да емитува ,,слободарство“ во Европа и во Македонија кои од 2013 година се целосно воено, политички, финансиски и медиумски окупирани од ,,ослободителот“!?

Мој совет до Адамчевски е да не се обидува да биде кредибилен, оти не е. Тој и членовите на советот се шверцерска сива зона. Ах да! И нема веќе Це-Kа. Пораки да си праќа на жената му ако воопшто го есапи за фактор во дневна соба. И нека не се меша во македонското општество оти е странски платен пропагандист.

Мирка Велиновска
Дневник

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This