April 16, 2024, 10:55 am

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Наслов ОКУПАЦИЈА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_milenko3Остана ли нешто што не е речено, а треба да се каже? А и кому воопшто би му било упатено? Македонскиот народ виде с`, насетува и знае с`. Затоа сега ни преостанува само да ги осветлиме фактите. Ова е вистинско време за тоа оти доаѓа 9 мај. За некој ден оној дел од светот што се самопроизнесува како антифашистички ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот. Фашизмот е чедо на Европа. Цивилизирана и западна. Македонците се еден од ретките народи во Европа кои активно и масовно се бореа против тогашниот најсилен господар или тогашната ЕУ, која се викаше Трет Рајх (во поднаслов обновување на Западното Римско Царство со рок на траење од илјада години). Има такви кај нас во Македонија кои остареа и ќе умрат, а нема да дознаат што е тоа фашизам и диктатура. Борбата со него човештвото еднаш го плати со над 50 милиони жртви. Меѓу нив и со македонски животи. Но, тогашната победа платена со крв се гледа денес дека не била трајна. Евроамериканците го оживеаја, а ние го доживуваме. Членките на ЕУ, како и во 1941 година, се сите од ред квислиншки творби со кои управуваат фромално избрани, а всушност само именувани службеници на Рајхот. Kако и во 1941, само народите на Балканот (западниот) уште даваат отпор и бараат самите да се управуваат преку избори и демократија.

И еве н` во историска реприза. Република Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот. Џабе се лажеме дека фашизам се победува со разговор, преговори, посредници и со гандизам. Нема начин фашисти да го сменат својот светоглед. Тие се антихуманисти по дифолт. Фашизам исто така не се победува на избори и со изборни резултати. Единствено со негово целосно уништување. Од корен и со редовно и систематско дератизирање, што значи со трајна мобилност на нормалното општество, што подразбира рана детекција, ефикасен систем за рано предупредување и снажна одбрана.

Република Македонија е окупирана. Во 1941 година Хитлер за свои локални контрактори ги имаше Бугарите и Албанците. Тие раководеа со институциите во окупираната земја и тие го воспоставија законот и поредокот. Што би рекол Заев, ги наполнија „институциите“ со свои лојални луѓе без фаци – од кафекуварки до министри. Окупаторската полиција со помош на домашни кодоши ги ловеше, апсеше и стрелаше патриотите. Во 2017 година окупатор е балистичкото друштво на СДС, УЧK модерна варијанта на ханџар-дивизијата и соросоидите произведени со парите на САД и на фашистот Сорос и „државотворната“. Од минатата недела окупаторската полиција ги лови, апси и суди македонските патриоти. Пак со помош на домашни кодоши. Република Македонија веќе не е држава со функционални институции. Таа повеќе нема Устав и закони. Нема шеф на држава, врховен командант, нема влада, нема собрание. Нема Уставен суд, нема полиција и армија. Нема Сојуз на борците ниту, пак, некакви си ветерани. Нема државно знаме и химна. Има некакви си згради и фасади кои се самоидентификуваат како државни и национални, политички и културни субјекти, ама во нив седат човеци кои се помалку од луѓе оти се без достоинство, без идентитет, немаат кредибилитет и интегритет. Џабе ги товиме. Има и еден црвено-жолт партал кој кутрите Македонци го веат мислејќи дека симболизира државност и националност, ама да потсетам дека тоа е само втиснато сеќавање кое не одговара на новата реалност во која сме втурнати насилно. Симболот сега е без суштина. Kако кога старите скопјани за локацијата на МПЦ викаат дека е „Радиобран“, за „Холидеј ин“ дека е „Гранд хотел“, за „Аминта Трети“ дека е „Ленинова“… Во Македонија во 1941 година Хитлер не можеше да кандиса некого со ум да биде квислинг. Во 2017 фашистите на конкурс си најдоа муртински квислинг без ум за да ја заврши највалканата работа.

Од мигот на прогласената независност одвај дали пројде четврт век, а неофашистите на Западот, со здушна помош и ентузијазам на домашните приврзаници, организираа константни напади и многу офанзиви за нејзино разорување. Ако веќе говориме за неселективна и неизбалансирана сила употребена во оваа современа Македонија, неа можеме да ја споредиме со напалм-бомбите употребени од Америка и Велика Британија во уништувањето на отпорот на Македонците во монархофашистичка Грција и изведбата на македонскиот оркестриран егзодус. Единствено што е поинаку од 1941 е што во овој монструозен вампирски втор налет нема македонска политичка сила која ќе го организира и поведе македонскиот народ во борба за опстанок. Народот овој пат е оставен сам на себе и е на почетокот на самоорганизација за отпор. Но, оваа неповолност е и предност. Овој пат, имено, однапред и до последен се знаат сите негови непријатели. Од шарените елитни куртони, преку политичките транџендери или превртачи, хипхоп-џускачи до славенички мавтачи со големоалбански, американски, бриселски и други антимакедонски знаменца со кои ја поздравуваат оваа окупација.

За четврт век Македонија имаше два атентата, десетици ликвидации на непријатни сведоци на настаните, десет политички и институционални кризи, една фингирана војна, една фингирана шарена револуција, три обиди за инсталирање балистичка иредента, трипати менуван националниот состав на населението со увоз на Албанци, мигранти од Kосово и криминално давање државјанства на Албанци од соседството. Два лажни пописа и еден прекинат. Четири изведени преврати, две капитулации. Трипати е менуван Уставот и разорувано државното ткиво. Двапати (ќе) се менува преамбулата на Уставот, односно ќе се менува стопанот на државата. Тапијата с` побрзо преоѓа во рацете на натрапниците и антимакедонците. Македонскиот народ не е веќе носител на суверенитетот оти е сведен на една од многуте етнички заедници. Ова е втора фаза на сегрегацијата и инсталација на јансмитовска диктатура на малцинството европски белци над домицилното мнозинско афтиканско население. Јужноафриканскиот расистички модел беше подржан од цивилизирана западна Европа. Kако и овој сегашниот што се инсталира. Според сценариото, истиот тој етницитет од сопственик на домот свој станува првин кираџија, па бездомник или мигрант, односно емигрант, односно бегалец. Со оваа последна окупација е урнат и последниот носечки столб на државноста. Шефот на државата од минатата недела е помалку и од англиска кралица. Тој веќе не е врховен командант. Сега е само фикус. Историјата ќе запише дека и двете капитулации се случуваат во време кога номинално или формално на власт е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од основните цели на евро-американскиот цијашки проект. На Македонецот да не му остане ниту едно нешто на кое ќе го крепи сопствениот идентитет. Со тоа без суштина стана и симболот ВМРО, со кој се идентификуваа сите Македонци оти ВМРО беше вградено во државниот темел и беше идеја, национален идеал, организација и борба.

Од минатиот четврток Македонците целосно ги изедначија во вината Зоран Заев и Никола Груевски. Kако што претходно истото го сторија со Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. СДС – балистичка и ВМРО-ДПМНЕ. Во обете окупации активно учествува контракторот СДСМ, кој, иако узурпатор и криминалец, се беше самопрогласил како единствен наследник на асномска Македонија. СДС е друштво на квислинзи и соработници на окупаторот. И е историски непобитно збир од човечки шљам, нормално, без достоинство.

За денешново дереџе најдиректно според моќта и командната одговорност, според дејствата се виновни: Бранко Црвенковски, Владимир Милчин, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Тито Петковски, Љупчо Георгиевски, Доста Димовска, Никола Груевски, Никола Поповски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков. Институционално, колаборационисти во квислиншката држава се УKИМ, МАНУ, МПЦ, Историскиот институт, Институтот за македонски јазик, УKИМ, МВР, МО, МНР, Министерството за правда, медиумите и нивните сопственици.

Ѓорге Иванов, иако целосно изолиран и непризнат за авторитет од домашните партиски главатари, а игнориран од медиумите, иако политички со најмалку уставни овластувања, како последна државна институција која ја симболизира државноста на Република Македонија е на пат со своето недејствување и запрепастувачка „неутралност“ во услови на преврат и странска окупација да добие историско признание и титула на врховен соучесник, ако не и капитулант.

Она што овој пат ќе биде првпат изведено е што црпнатиот и штрапан Заев прави с` да биде запишан како човек што сака антифашистичка Македонија да биде запишана како предизвикувач на регионална војна и за казна Советот за безбедност при ООН експресно да биде осуден и линчуван.

Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.

Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок!

Мирка Велиновска

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This