КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Очи в очи со иднината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_kolumnaНормалното човештво или она што се дефинира како обичен човек, а означува единка без влијание и моќ зависна од сконцентрираната моќ и влијание, од искуство знае дека политиката е курва, власта и моќта себични и алчни, дека смрдеата и гниежот секогаш доаѓаат од главата, ама таа секогаш последна и доцна се чисти и тоа само кога е принудена. Праксата покажала, а народниот мудрец, колективниот гениј, запишал или меморирал, дека кога општеството или заедницата сака темелни промени, мисли на радикална смена на збирот на вредности за заедницата да продолжи да постои како просперитетна и самоодржлива. Оние, пак, групирани околу моќта, подразбираат козметичка операција или оптичка илузија на промена на чаршафите во јавната куќа и евентуално смена на управителката и неколку поизвикани давателки на услуги. И тогаш имаме проблем. Реален.

Отворена е сезоната на избори. Оние што завршија во Америка создадоа сериозни главоболки ширум планетава. Kако што е ред кога силен земјотрес на секои две-три илјади години ќе дрмне во епицентарот на светската политика. Не е толку до магнитудата, туку до длабочината на која неочекувано се ослободила непредвидливо голема и сконцентрирана енергија, која разни ,,сеизмолози“ не ја виделе навреме и не јавувале за опасноста. Можеби затоа што Америка не спаѓа во традиционално трусните политички подрачја, тамошните елити си мислат дека над нив е распнат заштитен божји чадор и дека тие што ја држат дршката, се црпнати. Но проблемот не ќе беше толку голем доколку ова мислење не стана официјална религија на горе–долу сите светски елити, а особено европските. Kако фанатизирани или индоктринирани верници, поверуваа дека се под божјиот заштитен чадор на вечноста. И така, кога мавна во Вашингтон, длабински се здрма Европа. Сега друга е главоболката, оти на површина исплива целосната неспремност за справување со последиците од ударот. Нема центар за рано предупредување, нема лопати и крампови за расчистување на шутот, нема резерви од неопходни продукти, покривки и лекови, ни пожарни или мобилни тимови за извлекување на затрупаните. А камоли генерален план за евакуација на загрозените елити. Она што има како суфицит се неупотребливи експерти-папагали, пропаганден џган и насукани политичари – кобајаги државници. Одеднаш никој од нив не се чувствува безбедно. Нели сме станале глобализирани, а планетава глобално село. Ах бре, забегани, ем штрапани во умот! На сè мислевте, ама себе во глобализацијава не се видовте од другата, неосветлената страна на месечината. Го нема Хомер да ве опее, а ене онолкав епски срам го снајде и таканареченото евро-атлантско новинарство и некредибилна експертиза, кои бесрамно го славеа новиот тоталитарен светски поредок во кој на човештвото му беше наменета улога на робови. Сега хорски плачат или се закануваат. Kому? На Авганистанците, Ирачаните, Сиријците, Јеменците, Турците, Суданците, Нигеријците, Персијците, Венецуелците, Хаиќаните, Бразилците? Или на Македонците, Србите, Турците, Унгарците или Чесите?

Еден од креаторите на оваа глобална свињарија, Џорџ Сорос, неодамна се самоопиша како социопат и психопат. Вели, како тркач во спринтот за пари, тој е крвожеден предатор, кого го боли уво за последиците од неговите финансиски малверзации. Таа негова половина личност не размислувала социјално и не му е гајле за страдањата, судбините на милиони. Демек како суров капиталист нема совест, ниту чувство за одговорност. Психолозите би рекле престанал да биде човек. Е, ама откога ќе опљачка или растури држави и ќе натепа многу пари, предаторот се маскира во човекољубец и дел од капиталот им го дава на од него основани човекољубни организации за човекољубни проекти во кои основа е сочувството, грижата и човечноста. Kои тој ги третира како монтажни делови насадени на предаторски организам. Нема што, Сорос е чистокрвен шизик и тежок суруш. Kакви што му се и следбениците или воспитаниците. Ги гледате од Африка преку Балканот до Вашингтон – секаде се видливи симптомите на заразените со овој вирус. Наапаност, вулгарност, снобизам, елитизам, агресивност, инфантилност гарнирана со хистерија и паника. И целосна бесчувственост, отчовеченост кон жртвите на вакви предаторски умоболници. Тие наводно биле новата светска, па и македонска левица!? Молам! Ако се препознаваат во Соросовата филозофија, тие се воедно и новите фашисти. Сега само малку ѓоа збунети околу боите и симболите.

Kако и да е, во луд светски амбиент и ние ќе истрчаме на изборните места на 11 декември. Традиционално вонредно, ни стана вообичаено наместо на избори да избираме, набрзинка да вадиме од онакво трње, а по претходно инплантирани кризни фингерајки, со насилничка странска интервенција порачана од внатре, па воспоставен агресивен странски мониторинг, а, всушност, окупација, логистички помогната со цензурирани медиуми и воведена идејно-политичка инквизиција. Тркачите овој пат ни се исплакнати од секаква суштина. Партиите не го препознаа трендот и моментот и пред нашите пенкала и изборни ливчиња решија да истрчаат како сменети чаршафи и разместени кревети. Јас и порано сум рекла или напишала дека пак сме доведени во ситуација на еден избор или да немаме избор. И самиот Груевски, кој до вчера беше крајно резервиран за државните теми, во кампањата рече дека на овие избори ќе гласаме ПРОТИВ оние што ја растураат државата и ЗА оние што решаваат комунални и социјални прашања. Секој Македонец, секој избирач има што да каже или да замери некому од политиката. Има што да праша и сака чисти, јасни и веродостојни одговори. Арно ама, и овој пат нуждата диктира ,,агенда“. Приоритет ни е да го отстраниме гангренозното ткиво, кое веќе ја затру крвта на колективниот организам. Еден по еден ни откажуваат виталните органи. Ги презема и ги саботира грабежливиот соросов вирус. Ова би требало да ни е последен пат на изборен ден да се справуваме со заговорници на странска интервенција, на пучисти финансирани и политички спонзорирани од странски центри на моќ, на петта колона, на квислинзи и непријатели на Македонија. Мора да е последен пат да ги спасуваме партиските поглавици што кризите ги сметаат за бонбона-бизнис, а изборите за ,,берза“ за стоковна размена на фотелји и бизниси. За да не ги најде на спање некој задоцнет силен афтершок (нели сме светска периферија), па избезумено и по гаќи да трчаат удолу по небезбедни скали, упатно би било да следат што и како се случува околу нив. Зашто доаѓаат редовни локални избори.

Сè ми се чини дека времето до нив ќе биде исполнето со задоцнетите одговори на мистериозните и гласно одмолчени прашања за потеклото на прислушуваните разговори што Зоран Заев како спакувани бомби ги пушташе во етерот. За улогата на Зоран Верушевски и неговото семејство во брљотината. За улогата и персоналниот избор на СЈО, за судската власт, законадавниот дом, корупцијата во политиката, бизнисот и етиката. За одговорноста околу аферата фантомско гласачко тело, фалсификуваните избори како основа за кризата и растурањето на уставниот поредок преку пржинската фарса. А најмногу од сè ќе мора отворено и суштински да се расчистат позициите околу македонската државна, а тоа значи и надворешна политика сврзана со нашето државно име, име на народ, јазикот на кој зборува мнозинското население во својата држава, статусот на тој народ во сопствената држава наспроти соросоидните сексуални „малцинства“ зависнички друштва, психотични пленуми, антиобразовни лудистички гета и и квазифилозофски андерграунд дувла. Но најмногу од сè ќе инсистираме на веродостојноста на сите што мислат дека ги бива за државници. Тие ќе мора многу брзо да сознаат што е тоа политика на самоодржлива држава во сложен конфликтен и нестабилен свет на радикални промени.

Така што во новото време и нас во него, нема веќе да нè интересира или фрустрира што мисли и како нè оценува Брисел за да ни пише петка на рачето за членство, пардон, за дата за преговори за членство во ЕУ. Ваквите уцени заминаа во историјата како за’рѓана алатка во мачилиштата на моќта. Гледате нели, ни Турција по четврт век пимплање и отворени преговори не стигна до европските порти. Наместо да губи време и енергија со неискрена политика, реши да си се доградува како самоодржлива политика што понезависна од надворешни фактори. Македонија не е ни голема ни моќна. Но пред себе има исти предизвици. Нема да може повеќе да чека милост од Брисел. Ич нека не верува во трајни или реални политички пријателства, оти тоа е свет на интереси. Мора сама да се грижи за себе. Kакви и да ~ се предизвиците, кои и да се пречките внатре или увезени од надвор, мора да има сили и одлучност да се брани и гради самостојно.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This