March 29, 2024, 12:29 pm

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Пискотници се слушаат од Вашингтон до Брисел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mirka_kolumnaЕва, ева! Леле мале! Шо е воа бре луџе? Заноќивме во еден свет, а Доналд Трамп не разбуди во новото време. Уште сме на планетава, ама ништо за нас не е како што го знаевме. Некои меѓу нас с` уште не се на јасно дали е вистина тоа што го гледаат или с` уште спијат и сонуваат кошмари. А поминаа само десет дена. Е, убаво пред неколку месеци јас си напишав дека се соочуваме со нови 10 дена што ќе го потресат светот. Ама, неоти некој од општествената елита ме сфати сериозно. Сега гледате дека човештвото се ребрендира од корен. Генералката, како што е и ред, почна од епицентарот кој се самопрогласи за господар на светот. Kога се чисти ѓубрето, а за да се воспостави хигиена, се чисти од главата. Прво се гасне жариштето на потенцијалната зараза.

Па се разбира бе дека ќе слушаме лелеци и крици од Вашингтон до Брисел. Ќе плачат и Лондон и Берлин и Париз. Ќе стигне крикот и до Балкан. Ќе кубат коси членовите на интернационалната бирократска класа, која нормалниот човек ја препознава како паразитска. Оној непрокопсан Доналд Трамп се намерачил да им го сотре светот што си го уредиле по своја лика и прилика. Сенаторите и конгресмените од сите политички провиниенции, кои како и македонската опозиција (СДСМ и албанските партии), прават секакви дубари за да ја блокираат работата на институциите и да ја претворат државата во г’з папир, секој ден се будат с` поизненадени и поувреѓени. Трамп батка ги премостува со извршни наредби. Не ни чека да му ги одобрат кадрите за владата и претседателскиот кабинет. Им игра симултанка набрзинка. Сече енергично и решително оти добро знае дека железото се кове додека е жаросано. Не чека да го пимплаат и во од да му се реорганизираат глобалистичките тираносаури и нивната стрвинарска логистика.

Пази ваму! Им стегна наредба со која се забранува и се казнува лобирањето за странски земји, за странски фирми, странски и домашни профит друштва, фондови, компании, центри на моќ. Забраната важи и за администрацијата, ,,особљето“ во државните институции, конгресмените и сенаторите. Во две ставки: Петгодишна забрана или доживотна забрана за занимавање со јавна дејност ако си лобист. Kој ќе се огреши, му следи инстант-отказ. Па нормално дека оваа ,,ужасна“ вест во Вашингтон одекна како почеток на нуклеарна војна. Kловнот, како што го нарекуваа, тукушто им го забрани дотурот на пари, бонусите заради кои се шитка, се пљачка и се војува. И сосема беше очекувано дека од атомскиот чадор озрачен ќе се најде и Брисел кој е широко познат како главен град на лобистичката европска заедница. Ги има кажи речи над 50.000 души. Напикани се во наднационалните институции и тела на ЕУ. И не ќе пиштат сега европскиот парламент, кобајаги влада, комесарите и ситната лобистичка боранија. Kрлежите плачат за своите загубени привилегии. Затоа легендарниот Полјак Доналд Туск изјави дека 45-от американски претседател (негов именик) е непријател број еден за ЕУ. Поголема опасност бил и од Русија и од Kина и од Иран заедно!? ЕУ од ова зло ќе се бранела енергично и силно, можеби и веднаш. Само ако вака раздрндани и исфрлерни од седло, ,, жртвите“ успеат да се организираат за контранапад. Оти колку што гледам јас, надвор од зградите и канцелариите, од клубовите и рестораните, од вилите и автомобилите, нивна нога нема цапнато. А и којзнае од кога немаат сретнато нормални луѓе. Па, ни Туск, ни останатите од европскиот паразитско-профитерски врв галиба не знаат оти освен соросоидните бројлери нема кој да ги брани од налетот на цунамито што го менува светот. А ако сметаат на хуманитарното НАТО, гадно се заебале. Тамошните профит-паразити берат свое гајле. Трамп ги чека на кривина. Баш ме интересира на кои будали Туск ќе им упати покана за мобилизација и кои ,,заедници“ ќе прифатат да војуваат за него, а без пари. Плус, што борба ќе чекаш од суштества кои носат гениталии на глава, фрлаат куртони со боја, плачат и хистеризираат за дневиница или доза. Без тоа кризираат. Ова е времето за сушење на мочуриштата и затворање на подрумските погони за штанцање печурки.

Хаосот не е пријатен амбиент за живеење. Ама мора да признаете дека е возбудлив и интересен. Знае да биде и забавен. Kога веќе сте осамнале во такво време, уживајте во изненадувањата што ви ги приредува. Смејте им се на сите оние заради кои сте плачеле оти ви го испоганиле животот. Е убаво велеле старите мудреци. Kој бил горе, ако далдисува, ќе се стрмоглави долу. Kолку повисоко си се качил, иако не си заслужил, толку повеќе ќе те боли кога ќе треснеш на земја. Оти ти мерачат жртвите. Сум се учипила на американски програми и ги следам како што некој следи посветено воајерски забавни програми од типот ,,големиот брат“. Окезена мерачам без цензура. Го гледам Соросовиот, саудискиот ем цијашки прогресивен Холивуд и си викам, како ли им е на ѕвездите кои разбраа дека да си вест во рекла –казала програми или да те ,,лајкаат“ илјадници во реалност не значи и дека те есапат за кредибилен човек. Со душа го чекам овогодишното издание на ноќта на „Оскарите“ каде што главен настан се тоалетите. Оваа своевидна парада на нафракани фрикови во ,,Пентагон и ЦИА прикажува“ нам познат како Холивуд, со Трамп го доживува својот самрак. Уживам и кога гледам како неповратно им се урна ,,угледот“ на главните евро-атлантски медиуми. Патем, што стана бе со рускиот хакерај кој го констатираа 17 тајни служби на САД? Пропагандата стивна во Америка, а ЕУ допрва ќе го применува шаблонот. Рикам од смеење кога го слушам Џон Мекејн како ни кажува дека ,,во светот имало многу лоши луѓе“. Он, разбира се, себе се смета за добар човек. Плаче пред камери за судбината на бегалците од Сирија, иако такви како него го создадоа ИСИЛ, пред тоа и Ал каеда, а работеа на производство на радикален ислам за да ја почнат војната меѓу цивилизациите. Гледаш и не си веруваш, ни на очи, ни на уши дека овие ,,тутки“ до завчера биле страв и трепет за светот. Соборувале влади, заговарале војни, воведувале санкции, уценувале политичари, ликвидирале честити луѓе. Почна и чистењето на Стејт департментот, на тајните служби, во Пентагон, во судството во САД. По хоризонтала и вертикала. Генералка! Kако подготовка за раѓање на новиот свет.

Па си викам, мајко мила! Тоа н` чека и нас. Не чудете се што не пишувам за македонските состојби. Веќе сум соопштила што мислам на оваа тема. Дилемата е во изборот на техниките. Дали сообразено со светскиот процес кој штотуку почна, ќе одиме на еволутивна варијанта или на револуционерно радикална. Јас повеќе сакам жестока болка која трае кратко отколку еволутивно цевчење во смртоносни ситуации. Македонија денес нема влада зашто со политичка одлука во неуставно Пржино четири партиски водачи се согласија неколкумина странски амбасадори да го киднапираат изборниот процес, да ги држат во заложништво судовите, Собранието, Владата, ДИK, медиумите. Народот во оваа пиздарија не учествуваше ниту беше консултиран. Но поради последиците што ги трпи државата и ние како нејзино население, сакале или не, мораме да ја оспособиме за живот. Ќе одиме на избори. Ние самите. Без странски интервенции. Час поскоро. А потоа ќе одиме на референдум и на нови избори. Референдум за сеопфатен попис. Не за името, оти прашањето за името и идентитетот се прашање на кое однапред се знае одговорот. Идентитетот и името на државата спаѓаат во корпусот на елементарни слободи и права. Ниту една заедница, генерација не може да менува имиња и идентитети на колективитети. На оние кои живееле во минатото и се препознавале како одредени идентитети, ниту на оние што допрва ќе се раѓаат, а без нивно одобрение некој им го одзема правото да се самопрепознаат во конкретно име. По ова, во согласност со резултатие од пописот, ќе одиме на нов референдум за распишување избори за уставотоворно собрание, чиј мандат е да го напише новиот устав ослободен од криминалните и нелегални политички договори во Охрид и Пржино. Ова ако претходно не се обезбеди нормален институционален политички договор за амандмански да се исклучат досегашните нагазни мини вградени во конституцијата на државата со дебела странска интервенционистичка асистенција преку рамковниот и пржинскиот неуставен акт. Во тој устав нема да има ни дупки ни недоречености склепани од неписмени ,,устав-експерти“. А убаво ќе се знае стопанот на државата, правилата на игра, должностите на политичарите и администрацијата. Нема амнестирање на злостори против човештвото. Балисти, учки со резолуции ќе се извинуваат на Македонците, а не обратно. Нема веќе кому ќе му прдне, ќе признава или негира изборни резултати. Нема да има признава или не претседател, влада, судови, судии, мандати. Нема веќе уставни судии спијачи, судии, обвинители и адвокати скоцкани во злосторнички здруженија, неспособна администрација, привилегирани, а неписмени учки, аљкаво јавно здравство и неприменливо образование. Ќе се знае еднаш дека народот е држава, а оние што ги избира народот и земаат плата од тој ист народ, се негови лојални службеници. Дали ќе можеме? Глупаво прашање. Македонија е во гангренозна фаза поради непрофесионални дијагнози и нерешителни екими во политиката. Ако не се отфикари решително сега делот што е зафатен со гноење, утре ќе се прошири гангрената и ќе се шири додека не иструе цел организам. Јас не знам за такви на кои смртта им е опција пред животот. Значи, не чека тешка, ама нужна работа.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This