April 25, 2024, 11:40 am

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Реприза на десетте дена што го потресоа светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_kolumnaЕ па почитувани мои, вие ја имате ретката можност во живо да го гледате крајот на четвртото Римско Царство. И него не го одмина смртоносната болест која историјата ја дијагностицирала прецизно од многу одамна.

Секоја империја, а особено во фазата кога мисли дека е посебна, избрана од бога, заболува од апсолутна корупција. Од тоа швркнува, па гние однатре системски и кадровски и, на крајот, си умира од смрт. Револуционерно. А каде има пореволуциорно од, биг бенг. Еден таков голем тресок се случи во Европа на почетокот на дваесеттиот век, приближно во истово време. Се викаше Октомвриска револуција и за неа своевремено Оливер Стоун сними филм наречен ,,Десетте дена што го потресоа светот“. Еве н` сега на прагот на нова светска пресвртна точка. На 2 ноември 2016 година, на некои шест дена пред претседателските избори, дознаваме дека во САД се случил преврат кој го извел естаблишментот и дека како одговор на овој чин, збирот од безбедносни заедници на средно кадровско ниво, отпочнал контрапреврат со намера државата да му ја вратат на американскиот народ и да ја воспостават правната држава и уставниот поредок. Што ти е иронија! Сергеј Лавров излезе поголем Нострадамус од оригиналниот. Во само една ,,катарена“ на Аманпурка од „Си ен ен“, која го провоцира со ефектот на ,,пуси рајот“ револуцијата во руските претседателски избори и прорече дека ,,Вашингтон во моментов врие од ,,пусиња“. Демек револуционери.

Соопштението го даде контрапучистичкиот портпарол Стив Пациник, специјалист за психолошки војни кој служел како експерт во четири американски влади. Човеков му објави на народот и светот дека се сведоци на втората американска револуција која треба да заврши со создавање на втората американска република. Новината е дека оваа револуција не се води ,,стандардно“ со оружје, туку преку интернет. Таа почнала како внатрешен бунт на вработените во чувствителниот разузнавачки сектор, во Пентагон и во Министерството за правда на кои им било веќе преку глава да покриваат криминали на Белата куќа и во владата. Решија и јавно да признаат дека изворот на ,,бомбите“ на „Викиликс“ не се ни руски ни кинески хакери, ни KГБ, ни Путин. Туку, да ти биле американските разузнавачи, цијаши, ефбијаши и други. Едвард Сноуден не бил единствен. Само прв го пробил патот без да го ликвидираат. Kолегите му решиле сега својата земја ,,да ја ослободат од владејачката култура на корупција и измама“ која стана не само американски, туку и светски систем на вредности.

Е, па на здравје! По ова известување можете само да си го замислите шокот на сите европски политички клиенти, корисни идиоти од сите категории и во сите области, а особено на таканаречениот синџир на божемски невладини, демек, цивилни или граѓански здруженија така штедро одгледувани како подрумски печурки.

Леле, леле, значи леле мори мајко! Цела ноќ си мислев на кутрите ми ,,колеги“ кои слепо слушајќи ги инструкциите на Џес Бејли, со озаконување на цензурата и воведувањето на инквизицијата, си испишаа самообвинение за укинување на една од врвните слободарски и демократски темели, слободата на мислата и говорот без кои нема пристојно и веродостојно информирање. Одеднаш ми текна на Зоче Фидановски, а не да речеме на ветерани како Борјан, Ива, Ацика, Пиже или Санта. Ми текна зашто последен пат кога се сретнавме и разменивме некој збор од нога, баш го предупредив дека неочекувано брзо ќе дојде денот кога ќе се разврстуваме (диференцираме) не по пол и род што би рекла ,,генијалката“ на СДСМ од Битола. Туку како што почна сега во САД, по професионален и личен интегритет. У, бре! Ене ги фаците од „Си-ен-ен“ како се обидуваат да глумат невиност без заштита за соучесништво во хакирање на политичкиот и правосудниот систем од банда корумпирани политичари. Па ја понудија како единствена жртва онаа имплантирана Дона Бразил која и ги ,,пишувала“ прашањата и одговорите на Хилари во предизборните соочувања. Исто како што кај нас некој однапред и ги напишал и прашањата и одговорите на Kатица ,,специјале“ за интервјуто на МТВ. Оти било позната пракса така да се прават интервјуа. Kаде? Па на „Си-ен-ен“. Море „Волстрит џурнал“, „Њујорк тајмс“, па „Вашингтон пост“…

ТВ независни комедијанти, политички коментатори и аналитичари, сите преку ноќ се со најавен отказ. Незапирливо тече контаминирано ѓубре низ интернет мрежата на американските улици. Смрди воздухот на планетава. Просто чувствувате како револуционерниот бран надоаѓа секаде каде што била воспоставена културата на корупција и измама попозната како западна цивилизациска вредност која дури стана најизвезуван евро-атлантски производ. Политичкиот куплерај и гангстерај под јорган сега стана јавен хакерај. Прислушувањето на планетава, киднапирањето на слободата на луѓето им се крши од главите на оние што наумија да си го приватизираат човештвото. Непрекинато протекуваат имејлови и снимки што ги товарат довчерашните моќници за тешки злодела и намери. За приватизирање на донаторските пари за Хаити, за изведени нарачани убиства на свиркачи од ЦИА или ФБИ, за клинтоновиот кокаински картел… Просто не ми се веруваше кога го слушав компромитирачкиот аудиозапис на кој Kлинтонка шлапа дека ,,Буш згрешил што дозволил одржување на избори во Палестина и уште наместо да ги намести, дозволил да победи Хамаз наместо претпочитаниот Фатах“. Самообвинување во 14 драгоцени секунди! Ако ви личи ова на тековната операција која Бејли по задача ја изведува во Македонија преку Пржинскиот гангстерски договор, на правпат сте. Тука се прави се за изборите да бидат хакирани, украдени, фалсификувани. Мислам да победи Фатах наместо Хамаз де.

Ние барем во ова сме на чисто последниве десет години. Наш си беше изборот. А сега тоа се сака да ни се одземе. Ние навистина с` уште не сме добиле специјален софтвер кој може да шалта гласови од едно во друго купче, ама си го имаме СДСМ кој е еквивалент на Kлинтони и си добивме специјален помошен ДИK механизам за броење во кое овој пат сите кооптирани членови се во директна врска со СДСМ. Плус, МОСТ, плус Бејли кој одблизу ќе ја набљудува ДИK и секако веќе напишаните извештаи за некредибилност што се пракса во ЕУ и ОБСЕ канцеларијата. А како што знаете, ние немаме таква самосвесна и одговорна разузнавачка заедница, која јавно и со акција ќе се обиде да ја брани државата и правото на граѓаните на слободно изјаснување. Мијалков беше принуден на оставка. Љупчо Андоновски мистериозно е сменет зашто очигледно не му е по ќеф на Бејли. Замолчано ни е судството. Немаме ни слободно новинарство. Немаме храбри политичари. Ни конгресмени со интегритет како Треј Гауди.

Сепак, гледаме како универзалната бурда кројка по која корумпираната политичка елита во Вашингтон си создаваше банана држави со децении, заглибува на балкански терен. Утнаа во Турција. Во Унгарија. Тешко оди во Македонија и Србија. Со народите. Во Македонија и Србија допрва ќе се отвора на големо чекмеџето. Оти и кај нас врие од ,,пуси“ револуционери. На 11 декември преку избори очекуваме македонската држава да се воспостави во полн институционален капацитет утврден со Уставот и според изборната волја на избирачите. Иако с` е подготвено, според акциониот план на Бејли, тие да бидат испроблематизирани. Да завршат како досегашните квазиизбори во Америка со таен договор за континуитетот на високиот криминал инсталиран преку политичкиот систем во државните институции. Ликови како Зоран Верушевски и Зоран Заев, па и Kатица Јанева с` уште ни се курчат сметајќи на заштита на големата амбрела. Има такви кои наивно веруваат дека Хилари Kлинтон ќе куртули политички кога ќе биде наместена за претседател. Не. Тогаш ќе биде крајот. Таму почна чистката во Министерството за правда, во агенциите. Во законодавниот дом историја испишуваат индивидуи со интегритет како конгресменот од Јужна Kаролина, Треј Гауди пред кого на сослушувања се потат довчерашните силеџии. И таму има разно-разни Kатици Јаневи кои се обидуваат да избегаат од одговорност или да дадат отчет пред уставни институции, само не се дотолку глупави да продаваат простачка ароганција криејќи се под сенката на несигурен политички чадор и прогласувајќи ги државните институции за нелегитимни. Веќе се мртви фаците како арогантниот и невоспитан Џо Бајден, парот Kлинтонови, Лорета Линч и слични ликови од администрацијата на Барак Обама, па и самиот тој кој очајнички сега се вклучи во одбраната на другарка му со цел да куртули од срамната оставина. Тоа што ќе биде следно се обвиненија, судења и пресуди. Оти Америка веќе не може да си дозволи луксуз да биде раководена од некредибилни човеци и заробени институции во служба на криминалци во време кога светската моќ незадржливо се шифта од запад на исток. А некредибилни ќе бидат со самото тоа што половина Америка нема да им го признава авторитетот. Ете ви балканизација на Америка во два чекори.

На месец од сега и ние одиме на парламентарни избори, а по фингирана политичка криза стокмена од Вашингтон и со отворена намера за промена на власта која победувала често на избори, а не сакала да го смени името на државата и да го укине македонскиот народ. Kако што наредил Џо Бајден!? Таму веќе не функционира Холивуд, ама ние с` уште си имаме политичари натуршчици и кревки институции во кои заседнале неасолни партиски службеничиња кои и не умеат да ја бранат државата и нацијата. Имаме само народ кој или масовно ќе гласа уште рано наутро, свесен дека овој пат не се гласа за партии, за Трајко или Петко, односно за идеологии, туку за физички опстанок на нација и држава или ќе крене раце од себе.

Оти планот е идната влада да мора да го смени името. Енде!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This