April 18, 2024, 11:45 pm

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: ЦИА му испраќа засилување на Бејли!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_kolumnaИма и такво време кога на човек му е јасно дека треба да замолчи. Што и да каже – многу е оти с` беше кажано, с` беше веќе видено и сторено повеќепати. Република Македонија фактички нема повеќе државен поредок заснован на Устав. Нема државни институции што ќе ги спроведуваат законите. Нема вистински политички партии кои носат одговорност за своите постапки. Нема одбрана, нема дипломатија. На наместени избори, во кои учествуваше албанската мафија, Сорос, Стејт департментот, странски амбасади и амбасадори, странски тајни служби, домашни корисни идиоти, квислинзи, а отсуствуваа државата и нејзините функционери, резултатот е овој низ кој минуваме. Паднавме генерациски на овој испит на зрелост. И сега ќе мора да живееме со резултатите. Повторно ја прокоцкавме шансата да имаме своја држава, свој дом. Теарце ќе н` одлучувало! А ВМРО-ДПМНЕ немало да даде. Црпко ќе формирал влада, а црпнатите ќе биле победници. Kако и Мухамед Зекири оти се покажало дека Албанците биле силни и свесни, а Македонците не.

На оваа калакурница ~ недостигаше само елегантниот Срѓан Kерим, кој дури сега се почувствува повикан да испрати свој „остар“ коментар скоцкан во манирот на дипломатскиот новоговор и упатен не знам кому, дека не било коректно некои амбасадори да се мешаат во нашите избори. Е, па, значи браво, браво и браво! Вакво салонарење на онаква дрска пиздарија организирана и изведена од пљачкашко-милитантна евро-атлантска банда која мешетари и гангстерува повеќе од две години баш ја смирува секоја македонска душа. Недостигаше само нашиот угледник во дипломатијата да приреди амбасадорска вечера со свеќи и со сет ножеви и виљушки за елегантни јадења за да им збрчи во очи она што ни го соопшти нам, а тие да се засркнат од шок додека ние колективно умираме од среќа.

Што се однесува до славодобитниот запис на Муки, по одлуката на Управниот суд, вреди да се каже само уште ова: Албанците ниту се победници, ниту храбри мажишта, ниту самосвесни луѓе. Тие напросто се избрана група корисни идиоти, без чест, без образ, кои мислат дека се ексепшанел како што Зајко мисли дека е црпнат за месија оти господарот на кој му служат ги почитува или сака. Да ја немаат поддршката од американскиот естаблишмент, од ЦИА и парите, па и насоките за дејство од Саудиска Арабија, не би можел Муки да се курчи. Мислам сам по себе онаков како што го дал Господ со две рала имплантирани мадиња. Ова важи и за соросоидните бројлери во македонскиот кампус. Kако ќе завршите на крајот на сказнава подобро да ви го цитирам Хенри Kисинџер од неговата книга „Kис д бојс гуд бај“: „Тие што слепо те слушаат и служат се толку глупави што ќе тргнат по кого било и по што било. Тие се глупави животни кои имаат употребна вредност. Затоа, откако ќе ги употребиш, ослободи се од нив“. Сега, оној што разбира разбрал зошто се класифицираат и идентификуваат како корисни идиоти „победниците“ како Муки.

На оваа аморфна маса без сопствена веродостојност, ете, морам јас да ~ кажам, џабе се радувате! Никого не сте победиле и ништо не сте ќариле. Само што нам, на Македонците, ни претстои многу работа во чистењето на сопствената куќа. Знаете веќе на што мислам. Затоа што бевме опуштени и мрзеливи, ни се насобра многу смет, шут, крш, секакво ѓубре и инсекти што ги пикавме по ќошови, во подруми под черги. Мислевме дека волшебната демократија е „мистер Мускуло“ кој ќе ги истреби со ич труд. И бидејќи се уверивме дека така не може, сега ќе се потиме малку повеќе. И право е така да платиме за грешките од комоција. Значи, прво ќе чистиме генерално и со сите средства 24/7, па ќе одиме на референдум за уставотворно собрание за да ги очистиме гангстерските рамковни и пржински пиздарии за да направиме самоодржлива држава со сите нишани, со стопан и со ефикасна одбрана и заштита. Па ќе организираме нормален попис, па ќе формираме нормални партии, па на нормални политички избори ќе избереме победник…

Америка и Британија како ороводци и нивните ЕУ-партнери во сите осум години на специјалниот американски „император“ Барак Обама Миротворецот започнаа и водат точно 35 војни, воени конфликти и шарени револуции на сите континенти. Тоа е факт. Пред да почне асиметрична, хибридна или војна на далечинско со дронови, ботови, радикални исламисти или неофашисти, па НВО-активисти и секаква останата локална дресирана и мобилизирана моронерија, оваа фашистичка групировка подготвува локален терен со субверзии. Субверзивците се цијашки агенти напикани во канцелариите на Стејт департменот, кој Доналд Трамп реши прв да го исчисти темелно. Тоа е одлична вест за човештвото. Го нарече баруштина која треба да се исуши. Бидејќи уште не е, кај нас во Македонија од неодамна како помошнички на Џес Бејли се дојдени две „госпоѓи“.

Шенон Мартинез ни ја праќа ОТИ (оддел за субверзии во Стејт департментот, а од ЦИА) и активирана е кај нас вторпат. Првпат беше овде од 2001 до 2003 година. Одлично говори македонски јазик. Тогаш беше во тесна соработка со СДСМ, а дејствуваше во Kочани како тим-лидер на проекти за калемење сливи и обука на „револуционери“ по повик.

Втората е Фелп Филипс и ни доаѓа од УСАИД, во која службува 16 години како специјалист за јазици и дијалекти. Женава е „тешкаш“ меѓу агентите на ЦИА за субверзивни дејства. Го работела теренот во Авганистан, Ирак, Пакистан, а во Македонија ни доаѓа од Либија. Неодамна „случајно“ ме пресретнаа, и тоа пред банкомат, две од нејзините помошнички кои ме израдуваа со податокот дека ќе останеле овде цела 2017 година. Што ви говори тоа? Ништо што не знаеме. Македонскиот терен не го поседуваат. Македонскиот народ не е глупав и не следи никого беспоговорно и слепо. Тој и таков „материјал“ е ризик-фактор во секој интервенционистички потфат. На ЦИА ~ гори под нозете. Четириесет и петтиот претседател на САД тукушто ~ објави војна велејќи дека нивните извештаи нема ни да ги чита ни да ги рецка. Нема време и мора да игра на с` или ништо.

Е, сега, затоа што н` чека голема чистка или како што велат домаќинките, генералка, ред е да ги знаеме процедурите. Kако прво, мора да се ослободиме од некредибилните операции на наметнати избори со сила, кои јас ги сметам некредибилни зашто ги организира и ги спроведе некредибилен амеро-европски фактор со помош на платеничка моронска војска. Време е ние да почнеме да дејствуваме на секој начин, секаде, постојано, а конспиративно ити сме веќе во илегала. Бидејќи изборната и постизборната фингерајка по реални резултати е жива нула, значи теренот останал доминантно патриотски, македонски, дечките ќе ни пуштаат искусни субверзивци за да го препарираат. За ова ЦИА уште од времето на Kисинџер и Никсон ја користи стратегијата на кинескиот воен стратег Сун Цу. Се работи за принципи на субверзивните дејства од пред 2.500 години (кинеско наследство од континуитетот) или 500 години пред Христовото раѓање, а ги гледаме денес во пракса, особено јасно ние во Македонија во последните четири години со почнувањето на кампањата за „Скопје 2014“ и „антиквизацијата“.

Еве што вели: 1. Покриј ги сите вредности и важни традиции на противникот со потсмев и исмевање; 2. Инсинуирај дека лидерите на таа земја се вплеткани во криминал и во право време, претстави го тоа на населението како божемен доказ за населението да се сврти против нив; 3. Попречувај ја работата на владата по секое прашање и на секој начин; 4. Не скратувај им помош на најдолните, најодвратните индивидуи (шљам) во земјата на непријателот; 5. Шири неединство меѓу населението; 6. Сврти ги младите против старите; 6. Биди дарежлив во ветувањата на колаборационистите и контракторите.

И сега опулете се околу вас, видете што с` се случи на планетата последниве десетина години, па ќе ја видите модерната западна верзија на источната мудрост за субверзии по која воено и секако беа кутнати толку многу држави, вклучително и фамозната ЕУ, во која практично речиси и да нема автентичен политички избор. Цијашки ова изгледа вака: 1. Kорумпирај ги водачите; 2. Направи ги отуѓени од народот и вештачки; 3. Подели ги луѓето ширејќи преку медиумската пропаганда контроверзни теми; 4. Уништи им ја верата во институциите и авторитетите; 5. Нека се замајуваат со глупости; 6. Нека не веруваат во ништо, па ни во своите политичари; 7. Зголемувај го незадоволството со секакви приказни. И на крајот, зборувај за демократија, правда и правичност, а зграби ја моќта брзо и безмилосно.

Фантастично, нели? Е, па, нека ни е бериќетна 2017 година и од сега памет во глава и верба само во себе.

Мирка Велиновска
Дневник

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This