Koлyмнa на Mиpka Beлинoвcka: Kako ce виka мнoзинckиoт нapoд и кој им е majчиниoт jaзиk?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирерот во Брисел им нареди на своите инсталирани шкопени измеќари во менгелеевата постмодерна експериментална лабораторија СЕВЕРЏАНИЈА да организираат и изведат ,,попис,, на своето население. И тој да бил со сите европејски нишани. Демек скоцкан по високите цивилизирани стандарди на оваа неофашистичка оска.

Колку што ми е познато мене од историјата пописот бил една од најстарите или основните алатки на човековите заедници за да испланираат и осмислат дејства (политики) со кои тие заедници ќе си обезбедат опстанок и развој. Пописот бил и е статистичка операција која служи за создавање стратегии, за домаќинско планирање, за визионерство и развој на нормални држави со свое население. Од Сумер и Акад, до Египет и Асирија, Вавилон па завршувајќи со Рим пописот бил статистика. Проблемот со СЕВЕРЏАНИЈА е тоа по сложен да не речам има вграден фелер во темелот.Оти се работи за инсталирана политичка операција со задни намери. Во етапи задскриени како политика, се инсталираше на туѓа државна територија што се вика Република Македонија.

Ги окупираше нејзините институции, го узурпираше нејзиниот законодавен дом, го запоседна судскиот систем, си инсталираше и си водеше своја надворешна политика, си организираше свои избори користејќи изборен список на граѓани на РМ кои имаат лични документи (матични, сведителства, државјанства, лични карти, пасоши) од таа држава. И сега имаат ,,проблем са собом,,. Виртуелнава вукојебина нема свој северџански народ што ќе го попише според ЕУ директивите. Таа имено е лабораториски експеримент кој се изведува со неколку илјади стерилни северџански глувци напукани во вулгарската, гркљанската и албанската политичка елита .

Република Македонија, нормално, има свое автохтоно население и во неа мнозинскиот народ бил и е македонскиот. ,,Северџанија,, од друга стрена има ГМО бројлери, има недефинирани безидентитетни суштества, има црпки и лејки, ама полнокрвни и самосвесни луѓе нема. Тој факт за евроатланскиот фашистички комплот е коска во грлото. И тоа не од сега. Ги глочка и мачи повеќе од два века – од Берлинскиот конгрес до денес. И овој ,,корона,, попис што го намислија ќе биде утка. Како впрочем и референдумот на 30 септември на кој македонскиот народ однесе убедлива победа над фашизмот. Фингерајка никогаш не е реалност. И не е статистичка операција која служи за развој на државата и за благосостојба на населението. И овој евентуален попис, како впрочем и двата претходни, но и сите избори во ,,плурална,, Македонија водат кон единствен заклучок. Да се изразам на турски (признат) јазик оти мојот мајчин македонски јазик е оспорен: БУ БОКТАН ЌЕРПИЧ ОЛАМЗ!

Еве зошто:

-По фингерајката изведена во 2001 година во организација на ЕУ-НАТО-ЦИА-УЧК Македонија доби рамковен устав. Со тој Рамковен договор а преку божемниот бадентаров модел (иако човекот до крај тврдеше дека ова е глупост која не смееме да ја прифатиме), државата се претвори во збир од малцинства со секакви суверени права за сметка на кои мнозинскиот народ ги загуби своите, сведувајќи го на безгласна буква. Европски модел на апартхејд држава. Привилегирано малцинство владее со мнозинството!

2.Квотите во секој сегмент на животот станаа врвен принцип. Ширум се отворија вратите за уситнување и дробење на државата. Територијалната поделба, мерит системот кој дегенерираше до таму што веќе општествената елита е дно на сите дна – неписмена, безумна, глупава а наакана заради што служи за мајтап насекаде. Македонците, напросто не можат да се разберат со оние кои ,,управуваат,, со украдената земја. Резултатот од сево ова се гледа. И се знае како ќе заврши. Наспроти сите усилби и тактики, притисоци и закани, експериментов ќе рокне како и секој фашистички обид. Оти нема врска со здравиот разум и реалниот живот. Умоболни напросто не можат да уредуваат живот на нормални луѓе.

-Во северџанската ,,држава,, попис не може да се спроведе ни на сила. Може да се лажира како и се друго што политичарите го произведуваат во Македонија. Се докажа тоа на двата македонски референдуми, а се гледа и на секои избори со пиши бриши изборните списоци и изборните резултати. – Држава која нема мнозинско население а не е Швајцарија (оти ,,Швајцарија на Балканите,, беше фашистичка илузија на врховистите и нивните господари), неможе да има ни нормални избори, а камоли попис, ниту функционални и одговорни институции, пристојни влади, легитимен парламент, уште помалку суверени политики за развој и самоодржливост.

-Каква употребна вредност тогаш може да има попис во кој мнозинскиот македонски народ се идентификува како ГРАЃАНИ, а сите останати малцинства со својот личен, семеен и колелктивен идентитет (етничка припадност, религијска)?

-Како ќе се именува северџанскиот јазик на ваков еден идиотски попис организиран од црпки за попис на лејки? западнобугарски? тутурутмуртински? гркљанско-преспански или просто – лудачки. Како ќе се именува постојниот и кодифициран македонски јазик на кој зборуваат и пишуваат Македонците? Граѓански?

– Организаториве амбициозно најавуваат дека нас, Македонците ќе не апсат и ќе не бутаат во конц логори ако одбиваме да не попишуваат окупатори и узурпатори? Демек, ќе бидеме постмодерните Евреи на тлото на Европа кои ,цивилизираните вандали,,го гледаат ама не го виѓаваат. Уште! А опозицијата декларира дека не била за бојкот, ама ќе организира референдум со собирање потписи од жртвите на новиот холокауст илити погром на Македонците. А што да речам освен: Оние отаде атлантикот цивилизирани асли фашисти, а овие од кај нас што не бранат оградувајќи се од нас – дамбетер!

-Зошто ЕУ фашистичка не ги обврзува Бугарија, Грција и Албанија на нивните пописи да стои и можност за Македонците да го изразат својот идентитет целосно? Зошто таму не го вградат ,,бадентер,, во уставите и законодавството. Зошто таму нема ,,пржински полноќни разговори со посредници,, и не се применува праксата од рамковниот за креирање на влади и за воведување квоти и позитивни дискриминации?

-Ова, да ви кажам право, нема да заврши добро и за нарачателиве во Брисел и за пудлиците што седат во секоја од државите членки, а најповеќе за северџанските испрдоци. На куп цела ЕУ ќе стане непоправливо бербат! Што не е воопшто лошо зашто се работи за фашизам. И како што бидува, кога тоне бродот, прво бегаат глувци и стаорци кои во обид да си го спасат задникот се маскираат во луѓе и нудат жртвени јарци на олтарот на ,,слободата. Еве на пример, преумната и цивилизирана ЕУ веднаш го пушти низ клозетска вода ,,легитимниот,, црпко од Венецуела Гваидо ,,забравих му името,,. Ја заборавија и онаа кокона од Белорусија што кидна уште пред да се избројат изборните ливчиња. Кај и да е се ближи времето за црпкиве од северџанскава мивка и килавава македонска опозиција на која општењето со македонскиот народ им го смислуваат американско-британски ПР агенции.

– Турција е земја која има традиција на најсеопфатно и најквалитетно изведување на пописи. После Рим само уште Отоманската импарија не направи бучкуруш од оваа сериозна и нужна статистичка операција. Пописот за ,,цивилизирана Европа,, беше мислена именка до 1844 година. Пописи и потоа не беа изведувани редовно или стандардизирано во најголем број тогашни држави. Во турската воена архива во Анкара, уредно се чуваат податоците од сите изведени пописи на тлото на отоманското царство. Благодарение на добрата волја на тамошните чувари на историјата, Р. Македонија доби копија од пописите кои се однесуваат на територијата на Македонија во целина. МАНУ, по барање на Киро Глигоров ги преведе и ги пушти во оптек документиве на својот штанд на саемот на книгата. Секој заинтересиран можеше да си купи примерок за 50 денари. Јас си купив. И за чудо, на пописот извршен во 17 век (еден од пописите) си го најдов моето семејство од страна на мајка ми со нивните семејни презимиња Орлу (Орлови) и Стојку (Стојкови) што ги носат до ден денес нивните потомци, со сиот земјишен и сточен имот, бројност (машки и женски членови) религијска припадност.Фактот дека во тие пописи од тоа време во Македонија има идентификувано Евреи, Власи и Турци ама нема ни за лек да најдете Грци мора да е гаден удар во глава за кој не сакаат никој да знае.

-Знаејќи го сево ова во една прилика разговарав со Глигоров кој ми кажа дека претставници од Брисел го притискале да организира попис во Македонија, нормално, со низа условувања. Тој излегол со барање до ЕЕЗ (ЕУ) уште пред Лондонската конференција за СФРЈ во 1993 година да се организира попис во исто време и со иста содржина во сите балкански држави или во скратена верзија во оние држави кои имаат историски спор со Република Македонија наведувајќи ги Бугарија, Грција и Албанија а се со цел Балканот да не биде и во иднина буре со барут кое сенекој ќе го користи како изговор за војни. Нормално, европската страна го одбила ова зашто ваква операција на Балканот ќе им биде проблем на држави како Германија и Франција кои исто така на пописите не признаваат национални малцинства, туку само државјани. Уште повеќе што е добро познато дека ниптењето на Македонија и Македонците се случува за да се избрише историјата на дотичните Германија, Франција и Велика Британија кои ја распарчија Македонија по падот на Отоманот. И така ние Македонците до денешен ден сме ставени во позиција да бидеме единствен народ во светот без идентитетни права кои им се загарантирани во основачките документи на повоената божем антифашистичка ООН на сите останати народи. Интересно е дека ниту еден друг македонски политичар ова барање и оваа аргументација не ја има искористено како политичка позиција во разоговрите и преговорите со Брисел или билатералните средби со своите колеги од ЕУ. Зошто? Па затоа што или не знаат или не смеат или не сакаат да работат за интересите на мнозинското македонско население кое редовно очекуваат да ги гласа за тие да го замајуваат со глупости.

-До сега никој во Република Македонија не иницира и подготвува судски случај за злостори против човештвото, за геноцидни дејства врз македонците кои ги опфаќа ЕУ, НАТО,САД, Грција, Бугарија и Албанија. Време е и за ова драги мои.

Пишува: М.Велиновска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This