April 16, 2024, 11:32 am

КОЛУМНА НА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ: Владата на Зоран Заев за два месеци ја изгоре Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Квазиреформската Влада на Зоран Заев за два месеци ја изгоре Македонија. Гори насекаде. Гори Македонија, горат шумите и полињата, гори душата на македонскиот народ.

Повеќе од 20 дена во невиден очај жителите од Македонски Брод и околните села молат за помош, но Владата на Зоран Заев остана нема и глува и без чувство на одговорност да се справи со пожарите и да им помогне на луѓето оставени на милост и немилост на стихијата, живи да изгорат во нивните домови. Изгореа повеќе стотици илјади хектари борови шуми и се нанесени непроценливи штети на државата. Koj ќе одговара за толку големата негрижа и штетите на националното богатство на Македонија?

Ете колку е способна Владата на Зоран Заев. Ова Влада за кратко време покажа дека е тотално неспособна, дури и да се справи со пожарите кои ја пустошат Македонија. Нема време за тие „тривијални работи“ окупирана од распродажбата на македонските државни и национални интереси.

Место да се преземаат потребни мерки, безмалку целата полиција повеќе денови беше ангажирана и направи буквална окупација на градот Скопје. Се “окупира” голем дел од градот, се создаде широк и досега невиден безбедносен кордон и полициски сили на секој чекор, со чести налети на хеликоптери, како да се работи за некоја вонредна или воена состојба.

Од што се плаши Зоран Заев? Се плаши од народот? Народот никаде не смееше да припари, затоа што беше ставен во безбедносен кафез. Зоран Заев многу го подцени македонскиот гостољубив и мирољубив народ. Зошто го исплашивте народот?. Ќе извлече ли некаква поука Зоран Заев зошто на најголемиот празник Илинден во Пелинце, во Скопје и на Мечкин Камен во Крушево го немаше народот кој традиционално со децении масовно учестувал на овие прослави?

Дочекот на еден странски државник е чест за државата и вообичаено граѓаните каде престојува со почит се однесуваат спрема него. Верувам дека и на Претседателот на Владата на Република Бугарија, како поранешен висок полициски функционер, нималку не му беше пријатна ова состојба, затоа што народот никаде го немаше.

Гори душата на македонскиот народ

Гори и многу боли, а најмногу боли распродажбата на националните и државните интереси. Капитулантскиот и далекусежно штетен договор за добрососедство со Република Бугарија е едностран и штетен за интересите на Република Македонија. Македонскиот јазик и Македонскиот народ, никаде не се споменуваат во договорот, како да не постојат, а македонската историја испишана со крвта на најдобрите синови и ќерќи на Македонија се брише и именува како заедничка и ќе ја уредуваат некакви комисии!?.

Договорот е ураганска буица која руши и носи се пред себе, сè што е македонско и национално. Одтука не е случаен бугарскиот триумфализам од договорот и едногласното прифаќање во Бугарскиот парламент, наспроти спротивставувањето на Владата на Зоран Заев по договорот да расправа Собранието на Република Македионија. Наспротив триумфализмот во Бугарија, во Македонија владее комплетна разочараност и силно чувство на предвство на македонизмот и националните интереси на Македонија и македонскиот народ. Тоа чувсто на мекедонскиот народ неможат да го покриваат никакви лаги и празни фрази на Зоран Заев со кои обилно се служи во недостаток на аргументи.

Нема ниту грижа за македонското национално малцинство во Бугарија кое едноставно со гумичка се брише. Не постои грижа за тоа национално малцинство, кое долги години од петни жили се бори за човековите права и ги добива битките и пред Европскиот суд за човекови права. Но, за Зоран Заев и неговата врхушка тоа не постои во договорот и нема никаква грижа за тоа малцинство.

Владата води комплетна капитулантска политика и безрезрервно прифаќање на штетни политики спротивни на интересите на Република Македонија. Се руши и уништува се што досега е постигнато.

Чиј министер за надоворешни работи е Никола Димитров, кој среде Тирана изјавува дека помеѓу Република Македонија и Република Албанија нема отворени прашања, а “заборава” дека Република Албанија не ја призна Република Македонија под Уставното име, туку по привремената референца. Исто така, од Тирана говори за употребата на албанскиот јазик во Република Македонија и законот кој треба да биде донесен, а не ги ни споменува правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, како да непостојат никакви проблеми и како да нема никаква потреба за подобрување и остварување на правата на македонското национално малцинство во Албанија.

Македонскиот народ никогаш не прифаќал и нема да прифати капитулнтска и предавничка политика. Ќе гради добрососедски односи на конструлктивна основа согласно меѓународните прописи со сите соседи и со почитување на човековите права и националните права и интереси на равноправна основа. Никогаш нема да дозволи да биде доведена во прашање самобитноста и идентитетот на македонскиот народ стекнат со вековната борба за слобода и сопствена држава. Сега кога сето тоа со многу жртви го стекна, нема да дозволи по ниту една цена да биде жртва на предавство и капитулантство.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This