КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Ај ќе тресеме зелени за да не помислат дека сме со Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniВеќе навистина е клише да се зборува за квази-аналитичари, квази-експерти, квази-новинари, квази-луѓе и што ли уште не квази, имајќи во предвид дека во последните три години живееме во квази-реалност, презентирана преку се подобро организираните и со странски финансии финансирани квази-проекти чија цел е нечие збогатување во процесот на ширењето на пропаганда која ја создава таа квази-реалност.

Дегутантно е да зборуваме за „професори“ кои својата кариера ја изградиле како вратари и телохранители, а никогаш како експерти чии анализи биле инкорпорирани во некоја државна политика. Не, тие експерти во моментот се ставени на маргините.

Уште поодвратно е кога зборуваме за луѓе кои својата новинарска „кариера“ ја изградиле затоа што некогаш имале некој познат во МВР, па тој ги поврзал со оние кои имале потреба од личности со сомнителен морал, кои можат да ги врбуваат, користат за ширење на нивната агенда, а за возврат да ги „кренат“ во професионализмот.

Но она што е навистина проблем е кога овие луѓе, денес збруваат за морал, објаснуваат идеологија, го оценуваат однесувањето на нацијата, бистрат геополитика и дешифрираат безбедносни проблеми. Демек, многу големите специјалисти кои со својата „специјалност“ наместо да го амнестираат народот од импутираните дефиниции за фашизоидност, дополнително му отежнуваат, не знаејќи како да го одбранат од инфилтрираните провокатори на мирните протести кои шизофрено извикуваат пароли како „Клети Шиптари“ кои потоа Чом, Геро, Блажевска, Јовановски и слични на нив можат да ги користат за да ја создадат таа квази-реалност, од која „експертиве“ не можат да се одбранат.

И толку страв од Русија. Демек, загрижениве експерти, па сега Русија била проблем. Со што? Која е заканата на Русија? Каде се меша Русија? Во чии внатрешни работи?

И бидејќи никој нема одговор на ова прашање, објаснувањето на „експертите“ е дека Русија имала интерес во Западен Балкан, а особено по Тиранската платформа. Жити се?

Русија никогаш не престанала да има интерес во Западен Балкан, исто како што ниту Западот не престанал да се интересира во истото стратешко парче во светската геополитика. За жал или за среќа, Маекдонија ја има таа судбина да биде центар на Западниот Балкан.

Русија, никогаш не престанала да ужива поддршка и симпатии од народите на Балканот, вклучително и во Македонија. И да не навлегуваме во тоа кои се причините поради кои Русија ги заслужила симпатиите на овие народи тука, на Македоницте, доволно е да кажеме дека само Русија, единствено војската на СССР никогаш во историјата немаат кренато рака против Македонец. Никогаш. Сите други, денешни членки на НАТО, некои и предводници застанале против Македонскиот народ. Почнете од најблиските. Бугарите како фашистичка сила на Балканот, се обиде да си ја присвои Македонија притоа пеплосувајќи се она што застана против. Балистите и Бали Комбтар исто. За Грците сите знаеме што правеа. Британците и САД фрлаа напалм во Егејска Македонија, Тито по планот на Метаксас ги протеруваа, а СССР ги прифати како бегалци. Ама тоа за „експертиве“ е некако заборавено, не?

Зошто стравот од соопштенијата на МНР на Русија? Оние соопштенија кои речиси во целост се идентични со ставовите на народот кој секојдневно во стотици илјади е на улиците. Што е спорно во тоа што Лавров повикува на смиреност на политичките тензии со цел зачувување на територијалниот интегритет во државата? Или тоа што Захарова констатира дека одредени странски земји се вмешуваат во Македонија со цел да се урне изборната волја на народот и да се донесе власт без легитимитет. Нели е тоа истото она кое овие „експерти“ го зборуваат во изминатите неколку години?

Но, не е проблем тоа што Русија природно реагира на ситуацијата во Македонија, исто како што реагира за било која ситуација во светот која се заканува по мирот и безбедноста. Проблемот е во стравот. Немој овие „стратешките партнери“ случајно да помислат дека Македонската политика се согласува со ставовите на Лавров, ќе се налутат. Иако сите интимно знаат дека Лавров е во право.

За овие истите, пак, нема никаков проблем тогаш кога Брисел, Вашингтон, Берлин, Виена, Тирана, Приштина, Софија, Атина или било кој друг ќе реши дека има потреба да ја коментира состојбата во Македонија и да му соли памет на народот за тоа како треба да се однесува. Не, тогаш нема проблем. Тие може да се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Имаат бланко дозвола за тоа. Ама Русија, не. Иако сите се радуваа на реакцијата на МНР од Москва кога пред две години јасно порачаа дека било каква агресија врз Македонија по терористичкиот напад во Диво Насеље ќе ја активира и одбраната на Русија во заштита на своите стратешки интереси.

Но, кога „експертите“ кои никогаш не биле вклучени во кризна ситуација, тогаш кога отворена војна е сигурна закана и не знаат како нашите „стратешки партнери“ се однесувале по однос на Македонската одбрана, тогаш ја добиваме квази-реалноста.

Не, тие не знаат како Пердју со нога влегуваше во МВР, во ГШ и во кабинетот на Претседателот во 2001-та. Како се закануваше дека полицијата не смее да влезе во Љубанци пред тие „стратешките партнери“ (КФОР, ОБСЕ, НАТО) да ни дадат дозвола, инаку ќе имало жртва затоа што тие им ја даделе потребната помош на терористите од УЧК да се одбранат. Исто како и денес, не смеевме да имаме избори пред тие да ни кажат инаку ќе имаше жртви.

Не знаат ниту како беа минирани сите акции на МВР за кои „стратешките“ партнери инсистира да бидат информирани пред да се случат. Само оние кои беа договарани во исклучива тајност беа успешни акции, ама по цена уште следниот ден да имаме координирани терористички напади.

Ама, тоа според квази-експертиве не е проблем. Истите тие ќе констатираат и ќе се согласат дека тоа е вмешување во внатрешните работи, ама дека не е проблем. Проблем било соопштението на МНР за Македонија, кажано на 10.000 километри од Македонија. Ама ова вмешување, направено од канцелариите кои ги окупираат во МВР и МО не е проблем.

И, за што зборуваме тука, кога оние „експерти“ кои застануваат на страната на народот, или барем така декларираат, своите ставови по однос на „стратешките партнери“ им се идентично исти, иако се презентирани на различни начини.

Земете го примерот на дериватот на Гебелсовата пропаганда „Дојче Веле“ која во Македонија е главен генератор на дезинформации, манипулации и контролирање на политичката волја на граѓаните. Тој ист фашистички дериват, во чија македонска испостава работат луѓе кои својата кариера како што погоре кажав ја изградиле благодарение на доушништвото со полицијата.

Тоа не е ли „мешање“? За нив нема проблем тоа што шират фашистичка пропаганда во Македонија, нарекувајќи ги Македонците кои се на улиците „неинтелегентни пијаници“ кои се „продале за пластичен седнвич“ и кои „ја бранат Македонија потпрени на споменикот на АСНОМ во алхохолизирана состојба“. Тоа ли се Западните вредности кои треба да ги браниме, а да ги напаѓаме Источните на Русија?

Оние Западните про-фашистички деривати како Дојче Веле, се подобри од анти-фашистичкиот Исток?

И сега кога фашистичката левица во Македонија бидна разоткриена за тоа од каде се финансира, кои се инспиратори и поттикнувачи, сега за да се дефокусира јавноста од реалниот проблем ќе се занимаваме со „вмешувањето“ на Русија? Ај што овие гебелсовиве деривати во Македонија наметнуваат таква дебата, оние кои треба да си тераат со разоткривањето на вистинските причини за кризата се вовлечени во докажување на тоа дека тие биле про-Западни, па заедно во хор со овие анти-Русиве пеат песна во која и самите не веруваат.

Всушност, тие и не знаат во што веруваат имајќи во предвид дека најголемо достигнување во „геополитиката“ било да им отвараат врата на дипломатските терористи секогаш кога имало конфликт во Македонија.

Надвор од квази-реалноста која им одговара само на неколку луѓе, реалноста во Македонија е поразлична.

Анти-НАТО и анти-ЕУ расположението кај народот во Македонија е на историски максимум. На, Македонците повеќе им се гади од декларативните заложби за членство во НАТО и ЕУ, повторени илјадници пати од сите политички актери во главна улога. И причината за тоа не е некаква анти-НАТО реторика или про-Руска пропаганда.

Причината е едноставна, народот знае дека секоја криза во Македонија од Втората светска војна, до ден денес е предизвикана токму од оние кои денес се на чело на двете алијанси, и што побрзо политичарите застанат во иста линија со народот толку побрзо ќе си го вратат кредибилитетот.

А, за фашистичките деривати и полициските соработници во новинарството финансирани од Берлин, не му ја мислете, ќе завршат како презервативите на „шарената револуција“ залепени на некоја фасада.

 

29 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This