КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Две илјади евра за „п…. ти матер“ на Шишков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали прочитавте пред некој ден на некои од провладините портали како беше гордо соопштувано дека Петар Арсовски победил на суд и докажал дека не го кодошел Ристо Шишков? А, дали знаете што всушност му направил и каков е гревот на Арсовски, нешто што ниту тој самиот не го оспорил на сегашното судење, но го потврдил?

Делумна е вистината за тоа дали Петар Арсовски го кодошел или не Ристо Шишков, ако се знае дека тој бил сведок во судскиот процес против големиот Македонец, сведочејќи против него со тврдењето дека Шишков го опцул Тито. Ова како што знаеме резултираше со затворска казна за Беломорецот. Значи, еве и да прифатиме дека не е виновен дека го кодошел, но мораме да прифатиме и дека направил нешто многу пострашно. Наместо да го заштити за време на судскиот процес, тој сведочел против него.

Тој одел дотаму што на сведочењето дури и се колнел во сопствените деца дека Шишков го пцуел Тито. Не можам да замислам каков бил тој порив да го види сопствениот колега, сограѓанин, брат позади решети, само затоа што го опцул диктаторот кој погуби илјадници Македонци на Голи Оток и во Идризово поради искажан збор и поради патриотски чувства. По неговото сведочење Ристо Шишков е осуден на затворска казна. По одлежувањето, кај Шишков е констатиран канцер во длабока фаза, пуштен да си умре дома, за да не умре во затворот и да биде ставен на конто на режимот. По неколку месеци се случува и тоа. Тој, Беломорецот умира. Но живее како легенда која никогаш нема да биде заборавена. Неговиот лик се слави и ќе се слави. По него се именувани театарски фестивали, се доделуваат награди во негово име и чест, за него се пишуваат книги, се прават документарни филмови, вечно ќе остане како светол лик кој имал храброст да го крене гласот против тоталитаризмот, како голем патриот и актер неколку класи над медиокритетите од неговото време.

Во денешно време сите на некој начин ги пцујат или напаѓаат политичарите, без разлика дали се работи за претседатели, премиери, министри, пратеници и никој за тоа не одговара. И, тоа не само во кафана, на улица или на домашна слава. Се пцуе на телевизија, на интернет, радио…Па слушнете ги само утринските програми и јавувањата во живо и ќе се уверите. Во еден таков тоталитарен режим, Петар Арсовски очигледно немал чувство за демократичност, немал чувство дека во нормалниот демократски свет во тоа време неприфатливо е да те судат и осудат на затворска казна ако имаш мислење спротивно на актуелната власт. Но очиглендо втопен во тој 45-годишен тоталитарен режим, Петар Арсовски не го кодошел, но сведочејќи против Шишков свесно работел на тоа да биде затворен и казнет на правдина.
Петар Арсовски и партиското судство денес се обидоа да напраат трик со кој се потценува интелегенцијата на македонскиот народ: не бил кодош туку сведок. Не по врат – по шија. Во суштина последицата е иста, ако не и пострашна.

Петар Арсовски немам намера премногу да го коментирам. Тој е жив срам за самиот себеси, за неговата фела и семејство. Наместо јавно да се извини и покае, тој дури бара и заработка од тужбата. Уште сака да се богати на грбот на Шишков, кого поради него беше затворен, уништен и убиен. А Петар, Петар ќе остане запаметен по сведочењето против неговиот колега, еден од најголемите дисиденти против комунизмот, легенда на македонскиот филм и театар. Кога последицата е таква, дали се нарекувал кодош или сведок, исто е.

Двете илјади евра што ќе ги земе Арсовски од Шамбевски ќе бидат уште повисоко степенување на неговиот срам. Независно дали со нив ќе оди на одмор, ќе се почасти или ќе ги донира, тоа само ќе го амплифицира сопствениот и срамот на неговите деца.

Според мене, Шамбевски е апсолутен и морален победник во овој судски спор. Иако ќе плати две илјади евра, пресудата со која се потврдува дека Петар Арсовски бил сведок во процес против еден голем Маекдонец, а во заштита на тоталитарниот режим. Џабе две илјади евра. Не две илјади, два милиони не се доволни да го избрише срамот и белегот кој ќе го носи до крајот на својот ништожен живот и белегот кој ќе го влечат неговите поколенија.

А, срамот би го немал. Доволна била една реченица – не се сеќавам. И крај. Никој не може да те натера да се сетиш на нешто, ниту да те обвинат за селективна амнезија. Никој не може да одговара за несеќавање. И онака тоа било во кафана, каде се зборува, се пие, се пее. Денес, можеби Петар немаше да биде 2.000 евра побогат користејќи ја смртта на Шишков, но ќе беше чесен човек со чист образ и крената глава. И тој и неговото семејство.

Шамбевски ќе ги одработи парите и никому ништо. Арсовски за навек ќе биде кодош. Или сведок, како сакате.

Сега Перо, ајде уште еднаш искористи ја величината на Шишков и цитирај ја неговата пцовка. Ако не се сеќаваш, да те потсетам. „Пичка ли ти материна“, рече Шишков и беше убиен. Кажи и ти, или оди тужи повторно, можеби ќе ќариш уште некое евро на смртта на за тебе недостижниот Беломорец.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This