March 28, 2024, 10:25 am

КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Евтина роба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како да не е важно што во само еден месец „републиката е во пламен“, фактот дека веќе има еден загинат во пожарите, дека се уништени десетици куќи, дека во држава во која за среќа сеуште нема војна имаме бегалци, раселени лица, фактот што неспособната влада на СДС продолжува да ја лаже јавноста со тоа дека сите биле безбедно евакуирани додека граѓаните на социјалните мрежи повикуваа на помош при евакуација на старица која заедно со нејзиниот хендикепиран син биле оставени на милост и немилост во пожарите, денес во едно пропагандно издание на Германската влада, дотична новинарка која во полициските кругови е позната како „тастер“ се дрзнала да ги изостави сите овие факти и да зборува за батериската лампа на Никола Груевски.

Немањето на соодветна реакција во клучните моменти, кога пожарите беа локални и лесно можеше да се елиминираат, ноншалантното однесување на Љупче Николовски и Зоран Заев кои прва задача по превземањето на функциите им беше да го проверат списокот на автомобили за да можат да креваат чалам во селата од каде што се дојдени, буквално ја запали Македонија. Републиката е во пламен.

Незнаејќи како да се координираат и да превземат соодветна акција, сиротите повикаа и на меѓународна помош која од „братската“ Бугарија пристигна во вид на еден расипан хеликоптер, предизвика во држава во која нема прогласено војна да имаме внатрешно раселени лица, бегалци и загинати. Гледајќи ја оваа ситуација, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски вчера решија да излезат на терен и со она што им е на располагање да им се најдат на жителите на Зелениково, кои се под пламена опасада од која во секој момент третина од главниот град би можел да остане без електрична енергија.

Удирањето в гради на неколкумина новинарски влекачи и полициски „тастери“ нема да го промени фактот дека Зоран Заев наместо да ја внесе Македонија во 23-от век, ја врати на почетокот на 20-от кога и батериските лампи беа комодитет. Но, има и такви кои, грижата за сопствениот народ ја сметаат за „почеток на предизборната кампања“. Такви си сѐ, така функционираат па мислат дека и другите се како нив. Греота.

Нејсе. Пропаганднава фабрика финансирана од Германската влада, наместо да одржува некаков степен на објективност и независност се впушта во предизборна кампања и тоа во корист на Зоран Заев, притоа, критикувајќи ја опозицијата која излегла на терен да види како може да им помогне на жителите на кризните подрачја за „изборна кампања“. Каква иронија.
Додуша, можеби и би било иронично ако не знаеме кој ги потпишува пропагандните памфлети на оваа пропагандна фабрика финансирана со парите од даноците на Германските даночни обврзници.

Се работи за полициски „тастер“ кој своевремено од еден министер за внатрешни работи беше дефинирана како жена која „останала трудна од соработката со полициските структури“. Истиот овој тастер пред 11 години, уште пред ВМРО-ДПМНЕ да го започне своето владеење беше на „бедемот“ на одбрана на националното достоинство, идентитет, култура и јазик, жестоко спротивставувајќи се на тогашните планови за започнување на преговори со соседна Бугарија за склучување на договор за добрососедство.
Овој, тастеров, пишуваше дека Бучковски ја продал државата, Илинден, илинденците, и редица други значајни историски моменти од историјата на Македонскиот народ на Бугарите, па го испраќаше да си го слави празникот со Сергеј Станишев дома. Таму каде што можел да прави сарми и гурабии.

Тастерот, тогаш испрати и порака дека следен премиер би требало да биде некој кој би бил подобар препродавач на националните интереси. Очигледно си го најде, штом толку го брани, во ликот на Зоран Заев.

Ама, кој не знае скапо ќе плати. Вистината е дека таа не брани никого, едноставно, така печали. Тогаш и кажале дека треба да плука по Бучковски за да дојде Бранко на власт во партија. Сега и кажале да го величи Заев. И тоа е тоа. Евтина роба.

И на крајот, имајќи ја во предвид менталната хигиена на читателите избегнував да го споменам името на тастерот. Но, за оние кои ги интересира тоа е Катерина Блажевска, евтина роба која редовно се продава и разменува согласно полициската номенклатура во земјата.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This